Кризата на социјалдемократијата во Европа укажува на потребата од обединување на левите сили и излегување со нова политичка понуда
За два месеца Француската социјалистичка партија (ФСП) на конгрес треба да избере нов лидер. Сегашниот Франсоа Оланд по десет години се повлекува. СДСМ одлучи да му даде нова шанса на Бранко Црвенковски во услови по изборниот дебакл да ја обнови партијата и да побара „нова формула“ пред претстојните локални и претседателски избори.
ФСП одамна не е тоа што беше од времето на Франсоа Митеран. Последните години настана „дефект во лидерството“. Се појави криза која ја минираше партијата. Настана „балканизација на раководството“, како што коментира еден од политичките аналитичари на весникот „Ле монд“. Започна „бал на егото“, како што вели еден од претендентите за шеф на партијата. Карактеристика е што француските социјалисти досега не ги напуштил никој од раководството со формирање нова партија. Од друга страна, во самата партија, благодарение на воспоставената внатрешна демократија, имаше можност да се формираат фракции или „токови“, како што тоа го викаат Французите. А зад секој „ток“ стои позната политичка личност, некој од тешкашите во партијата. ФСП е најсилната опозициона партија на левицата во Франција, слично како и СДСМ во Македонија. Таа не се соочува само со избор на нов шеф. Има и други проблеми слично како и во СДСМ. Имено, таа треба да утврди нова доктрина, а мора да побрза и со давањето нови идеи. Засега како да се наоѓа затечена речиси со сите актуелни теми. Сличен е случајот и со левицата во Македонија.
Многу политички аналитичари во Европа се согласуваат дека социјалдемократијата на нашиот континент оди назад. Практично, сите столбови на социјалдемократијата од деведесеттите години се разнишани. Само пред седум години тринаесет од петнаесет влади на тогашните земји- членки на ЕУ беа раководени од социјалисти. Денес тоа е случај само во Шпанија, Португалија и, најверојатно, уште кусо во Велика Британија. И покрај спецификите на секоја од европските земји, сепак, може да се каже дека постои тенденција за владеење на десницата.
Што се однесува до СДСМ и Македонија, во последните десет години, имаше поинаков распоред на политичките настани. Социјалдемократите заедно со Либералната партија владееја четири години без опозиција. Во 1998 година СДСМ ги изгуби парламентарните избори и веднаш почна да се подготвува за нови избори. Следната година, иако знаеме на каков начин, на изборите за претседател на државата беше избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2000 година, СДСМ се обиде со ��А на Тупурковски да направи ново владино мнозинство, но во тоа не успеа. Во 2001 беше формирана Владата на националниот спас, потоа беше потпишан Рамковниот договор и во ноември истата година СДСМ, по своја волја, повторно се најде во опозиција, подготвувајќи се за одново враќање на власт. На 15 септември 2002 година коалицијата, предводена од СДСМ, триумфираше. Од 2002 до 2006 година СДСМ, заедно со своите коалициони партнери, повеќе владееше како десноцентристичка опција отколку како левица. Есента 2005 година Тито Петковски се отцепи од СДСМ и ја формира НСДП.
Зошто се случи назадување на левицата на европскиот континент? Одговорот е едноставен. Десницата успеа во меѓувреме да го обнови начинот за настап пред избирачите и на свое претставување, доведе нови лидери, нова стратегија за комуницирање и за создавање коалиции. Нови лидери-државници станаа: Фредерик Реинфелд во Шведска, Никола Саркози во Франција, Ангела Меркел во Германија, а свое место се' повеќе добива и Дејвид Камерон во Велика Британија. Причините за односот на силите левица-десница во Европа се многу подлабоки. Тие, пред се', се наоѓаат во исцрпувањето на „социјалдемократскиот компромис“ од деведесеттите години на минатиот век. Европските социјалдемократи се најдоа во судир со новите историски предизвици (глобализацијата, појавата на нови земји - економски џинови, стареењето на населението, бирократизацијата, осиромашување на државата која е заштитник на ниските слоеви и слично).
Анализите околу кризата на социјалдемократијата во Европа укажуваат на потребата од обединување на левите сили кои би обезбедиле силен и постојан економски раст, заштита на работниците од сите општествени ризици, борба против климатското затоплување, успешно регулирање на проблемот на емиграцијата и ставање под контрола на глобализираниот капитализам. Европската социјалдемократија мора да излезе со нова политичка понуда.
Слично е и во Македонија. Без нова понуда левицата нема перспектива за долга низа години. Десната опција со ВМРО-ДПМНЕ успешно „ловеше“ на теренот на левицата. Зголемувањето на платите и пензиите, решавањето на прашањето на стечајните работници како и севкупното популистичко однесување, проследено со медиумско агитирање за Владата, се докази за следење на примери од однесувањето на десницата во други европски земји.
И во Франција се случува нешто слично. Претседателот Саркози, веднаш по неговиот избор, прогласи т.н. „отворање“ и повика повеќе социјалистички првенци да му се придружат во реализирањето на неговите проекти за реорганизирање на државата. Тоа го прифатија Бернар Кушнер, Жак Атали, Доминик Штрос Кан, Џак Ланг и други. И не само тоа. Саркози се зафати и со некои теми на кои француската левица немаше храброст да се ангажира: реформа на пензискиот систем, намалување на буџетскиот дефицит во здравството, намалување на автономијата на универзитетите, преструктурирање на државата. Со тоа тој ги пречекори идеолишките граници правејќи екскурзии на теренот на левицата. Тој дури и ја поддржа идејата за воведување на т.н. „активна социјална поддршка“ намената за сиромашните работници која, изненадувачки, ќе се финансира со воведување нов данок на капиталот. Се разбира дека и во тоа има некоја сметка. Популарноста на Саркози значително се намали кај сиромашните слоеви, што се виде на годинашните локални избори. Затоа Саркози, со усвојување на оваа мерка, очекува да ја дестабилизира левицата и да добие поени кај синдикатите. Значи, Саркози, од една страна, се појавува како обновувач на десницата, а, од друга страна, како дестабилизатор на левицата.
Gospodine Zasov, potpolno se slozuvam so vasata konstatacija deka socijaldemokratijata vo Evropa , a posebno vo Makedonija e vo teska kriza. I sam pisuvate deka " bez nova ponuda levicata vo Makedonija nema perspektiva za dolga niza godini." Zarem mislite deka politicari kako Tito Petkovski i Branko Crvenkovski se novi i svezi resenija koi ke ja razbudat levata opcija vo Makedonija, koja za zal e zapadnata vo povekegodisna komatozna sostojba, pritoa potpomognati od tipovi kako Makraduli, Andov, Orovcanec i Topuzova Kareska? So ovie kadrovski resenija makedonskata levica seuste strmoglavo ke propagja se podlaboko vo ambisot vo koj e zapadnata, bez nikakvi izgledi vo dogledno vreme ozbilno da se sprotivstavi na VMRO-DPMNE i gospodinot Nikola Gruevski. Brem ne vo slednite tri izborni ciklusi.
Од: Никола
Датум: 06.09.2008 00:58:05
СДСМ уште долго ќе биде опозиција, се додека не им понуди нешто на луѓето, повеќе од тоа што го направи ВМРО-ДПМНЕ, додека не се покажи дека се подобри од ВМРО-ДПМНЕ. Тука не важат приговорите за медиумската кампања на власта, која наводно била штетна за опозицијата. За својот неуспех секој си е исклучиво самиот виновен. АКо СДСМ направи корисни работи, народот ќе ги види. За сега прави само глупости.
Од: поранешен член на НСДП
Датум: 06.09.2008 01:14:47
Прво овој не е сегашен амбасадор, овој е промашен пратеник кој си одседе две години во удобната фотелја. Се гледа дека му кажал тој со белата коса што да напише , човекот што заради една жена ја растури партијата и преку ова се гледа кај оди сега!
Од: clen na NSDP
Датум: 06.09.2008 01:22:16
Ova e najpromaseniot pratenik, drugo nema potreba da se kaze. Celata partija zaedno so drugar mu Tito ja unistija so eden poteg. Toa treba se da kaze i zosto bara sega obedinuvanje, oti nemaat nitu eden clen poveke, vidoa so kakvi luge si imaat rabota.
Од: janko
Датум: 06.09.2008 01:29:52
da n ete povlecat od ambasador kako n aL.Jordanovski i G,Soasov
Од: macor
Датум: 06.09.2008 06:34:07
dobra analiza na avtorot, napisana na stil koj prilega na eden diplomat, vozdrzan i nepristrasen, analiticki obraboten, prilog koj bi mozel da im se pretstavi na evropjanite kako stil osloboden od predrasudi i sekako zasluzuva vnimanie. samo sto na nasive kopuci od vlasta i opozicijata, (za mene se isti, i ednite i drugite), im nedostasuva po edna mozocna hemisfera,nezavisno koja, i soodvetno ne mozat da se orientiraat kade e levo,kade desno,kutrite. ama na nas,narodot, izgleda ni nedostasuvaat i dvete koga gi glasame..i ubavo bi bilo nekoj da ni kaze kade e evropa,levo,desno ili gore nakaj melmak pri alf..
Од: igor
Датум: 06.09.2008 13:01:32
Ubav obid da se sporeduvaat francuskata levica, so SDSM. Koga Jon IVANOVSKI toa neznae da go napravi. So toa mu lickate na SDSM, partija na modificirani banditi i kradci, koj sto nemoze vo nikoj slucaj da se sporeduva so francuskata levica. Sporeduvate babi i zabi !!!
Од: od citatel
Датум: 07.09.2008 12:15:29
Samo prazni nabrojuvanja. Bez tek i bez cel. Mnogu nekreativno. Ako vaka ja pretstavuvate i drzavata tamu kade sto ste ambasador, neka ni e cestito!!!
Од: igor 2
Датум: 08.09.2008 13:30:03
I da dodadam, od postoenjeto na V - tata francuska republika od 1953 pa navamu, levite bile na vlast samo 14 godini. Seto drugo vreme se desnite na vlast. Taka da za kakva kriza zboruvate Zashov? A nashite levi-lopovi od 17 godini nezavisnost, 11 godini Branko e na vlast so nivna podrshka. Tie ne se levi, tuku leva raka-desen dzeb.