Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп


Овен

Деновиве ќе уживате во кратките патувања и физичките активности. Во елемент сте, искристете ги своите можности и енергија за да се докажете на работното место. За чудо, ќе избегнувате пречки и ќе бидете смирени.



Бик

Се' е во знакот на парите и негово стекнување. Тие се наоѓаат насекаде околу вас. Понекогаш знаете да претерате со работата, но мора да внимавате, заморот може лошо да влијае на вашето здравје. Партнерот бара внимание, не вртете му го грбот.



Близнаци

Не повторувајте ги грешките од минатото, особено не љубовните. Бидете внимателни со се' што ќе започнете да работите. Мора да почнете да учите од сопствените грешки ако сакате да бидете помудри и поуспешни. Ви годи осаменоста.



Рак

Наредните денови ќе бидете вистински заводници. Наклонети сте на флерт, особено денеска. Зрачите со шарм и убавина. Избегнувајте љубовни афери. Бидете доволно мудри и не седете на повеќе столови истовремено.



Лав

Спуштете се на земја и почнете да функционирате како сиот свет. Ја идеализирате секоја ситуација, па постојано сте во состојба на разочараност. Тоа посебно се однесува на пријателството. Задоцнетите финансии, конечно, ќе пристигнат.



Девица

Никако не се откажувате. Амбициозни сте, во се' сакате да најдете статусен симбол, бидејќи за она што го работите сакате да добиете адекватно признание. Потрудете се да се занимавате со она што го сакате и препуштете им се на животните радости.



Терезија

Конечно, најдовте склад со околината, што значи дека по долго време најдовте сопствен мир. Многу припадници на знакот очекуваат патување во странство или пак размислуваат за стручно усовршување. Бидете динамични и ќе успеете.



Скорпија

Исклучително поволен период за пишување и стекнување материјални добра. Од партнерот очекувате поддршка. Тој почна да ве стимулира да се промените во позитивна смисла, бидејќи ги увидувате сопствените грешки.



Стрелец

Благодарение на големиот број добри особини, навистина сте омилени во друштвото. Никој не може да одолее на вашата природа и настојувањата на сите да им излезете во пресрет. Бидејќи партнерот го ставивте на последно место, конечно се јавува желба нешто да промените.



Јарец

Уживате во уметноста. Деновите што се пред вас одлични се за лица кои се занимаваат со оваа област, како и за оние кои се во здравството. Можни се здравствени проблеми врзани за консумирање шеќер. Јадете повеќе овошје.



Водолија

Овој месец актуелна ќе биде нова љубов. Доколку тврдоглаво се трудите да го остварите невозможното, соочувањето со пречки нема лесно да го прифатите, а тоа ќе се одрази на вашето здравје. Затоа, задоволете се со реална понуда.



Риби

Настапи бран на оптимизам. Ви се нудат можности да бидете во природа, да шетате и да медитирате. Покрај тоа, насочете се кон семејството и домот. Идеите за адаптација на домот и освежување на ентериерот со детали ќе ве направи среќни.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.