Број 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонија не треба да очекува ништо од Саркози

Франција ќе треба да ја игра европската игра, без ароганција, предупреди Баросо

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

СТРАЗБУР – Проширувањето на ЕУ се губи од агендата на француското претседателствување, односно тоа не беше воопшто спомнато во говорот на премиерот Франсоа Фијон пред Националното собрание. Претседателот Саркози по последниот самит во Брисел нагласи дека нема проширување на ЕУ. „Знаете, јас бев меѓу оние кои ја оспоруваа идејата за проширување без претходна реформа на институциите. Европа тоа го плати прескапо. Да биде јасно, јас сум за проширување. Но, потребно е Европа претходно да ги реформира своите институции пред да се проширува. Правно тоа не можеме да го направиме, сега е потребно тоа и политички да го потврдиме“, рече францускиот претседател.

Според Саркози, сите балкански земји се добредојдени во Европската унија, во моментот кога ќе биде разрешена институционалната криза создадена од ирското „не“. Тој се надева дека тоа ќе биде направено пред идните европски избори. Ова не стои во заклучоците на Советот, но тоа, според него, е присутно во сите глави. Притоа, францускиот претседател нагласи дека отстранувањето на уставната обврска за организирање задолжителен референдум при секое ново проширување на ЕУ го направил за да им помогне на земјите од Балканот.

Останува само случајот со Македонија. Претседателот на Франција, Никола Саркози, е еден од главните поддржувачи на грчката позиција во спорот со името и тој што најотворено врши притисок врз Македонија, давајќи провокативни изјави.

Наместо да каже што планира да направи француското претседавање со Европската унија за да им помогне на Македонија и на Грција да најдат решение, со што ќе и' се дозволи на Македонија да започне преговори, Саркози на саркастичен начин, својствен за него советува: „Сакајте ја Грција и советувајте ја ПЈРМ. Не ви велам вам лично да ја сакате Грција. Добро знаете каква е блискоста меѓу Франција и Грција. А, не ја знаете? Па, тогаш требаше да ве земам со мене во Атина. Но, нашата позицијата е таа. Скопје мора да покаже компромисност“.

Одговор кој е далеку од очекувањата од еден државник што сака и што понекогаш умее, како што го направи тоа деновиве во Израел и Палестина да им зборува на две спротивставени страни. Напротив, тој во нашиот, македонскиот случај, заборави на основните универзални принципи за кои се залага Франција од времето на Револуцијата.

„Франција ќе треба да ја игра европската игра, без ароганција, без хегемонија, па и кога се работи за нејзиниот национален интерес !“, беше предупредувањето упатено на адреса на Елисејската палата, лично од претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, само еден месец пред Париз да застане на кормилото на ЕУ.

Во предвечерјето на француското претседавање со Европската унија, на сите им е јасно дека пред Париз претстои тежок предизвик. Уште во моментот кога Словенија пред шест месеци застана на челото на ЕУ, Франција гестикиулираше во кулисите, најавувајќи едно грандиозно претседателство, меѓутоа според една омилена француска поговорка ирското „не“ ги „намести стрелките на часовникот“. Уште не започнати, амбициите на Париз беа закочени. Претседателот Никола Саркози се надеваше дека под неговата дирегентска палка ќе се именува првиот претседател на Европската унија, ќе биде склучена Медитеранската унија. Но, нестабилноста на финансиските пазари, рекордната цена на нафтата која, според сите предвидувања, ќе продолжи да расте, влошената економска конјунктура, климатските промени, чии ризици се секој ден повидливи, ќе го наметнат ритамот на француското претседавање со Унијата, призна пред францускиот парламент премиерот Франсоа Фијон.

Една од главните цели ќе биде да се одговори на очекувањата на Европејците. Но, во француските приоритети нема ништо ново и спектакуларно. Климатските промени беа приоритет на германското претседавање, Медитеранската унија уште не родена се соочува со проблеми и двоумења на некои од арапските земји да влезат во неа. На прво место Либија, а потоа и Алжир.

Франција понатаму посакува европска стратегија за енергијата, но и тука сигурно дека ќе дојде до судир на интересите, ако се знае приврзаноста на претседателот Саркози за нуклеарната енергија, чија технологија ја продава насекаде во светот, па дури и во земји чија искреност за користењето на оваа енергија само за цивилна намена е ставена во прашање.

Франција се зафаќа и со предизвикот со производството на храна и реформата на Заедничката европска аграрна политика, во период кога цените на прехранбените производи непрекинато растат. На сите им е позната француската резервираност околу реформите на оваа политика, од која најголема корист влечат француските земјоделци.

Миграционите процеси се следниот предизвик на француското претседавање, Париз ќе направи се' за да биде склучен Европскиот пакт за имиграција и азил. Одбранбената и безбедносната политика се, исто така, приоритетни, при што Франција најавува дека ќе предложи нови прагматични решенија за да се подобрат европските воени капацитети.


#
Статијата е прочитана 4118 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 30.06.2008 00:15:41
od klovn moze da se ocekuva cirkus!
Од: makedonec
Датум: 30.06.2008 01:11:01
Sarkozi gleda kako zaostanuva francija zad drugite, i sega se krsti vo sorabotka so drzavi kako grcija od koi francija bi imala povekje kjar otkolku od drzavi mali kako Makedonija. Ama toa propaganje nema da prestane
Од: Од еден
Датум: 30.06.2008 01:23:22
Дали сега конечно некој ќе си го постави прашањето ; „А, што мајка бараме ние во такво друштво кое не не‘ сака? „ Ајде ние сами да си го одиграме „Тешкото„, тури му пепел на се‘! А тој „Француз„ ( поим под кој се подразбираат големите револуциоерени идеји за Единство, Братство, Еднаквост) треба да биде игнориран, а чинам, треба да се повлече и апликацијата за членство од ЕУ.
Од: ljupco
Датум: 30.06.2008 05:23:03
abe ne znam so najde ta manakenkata vo tebe ?ti si celiot za nigde uslo eden!
Од: niko
Датум: 30.06.2008 07:35:02
Ke mi kaze li nekoj sto bara ovoj decko vo politika i vodenje drzava? Neka si ja zeme so nego onaa gospogata sto ja ima doma mislam na onaa oros..., lesno ke go vklopi vo nejzinite krugovi i da si gleda rabota.
Од: pogled
Датум: 30.06.2008 07:45:38
1. Francija (otovreno) i nekoi drugi zemji od EU, a priori zatanaa vo podrska na nasiot juzen sosed (NJS) vo odnos na problemot so imeto. I sega treba da se najde zaemno prifatlivo resenie vo koe sto Makedonija povtorno ce napravi kompromis?! Mozno li e taka??? 2. Bez licni navredi za Sarkozi.
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 30.06.2008 07:55:35
Vo poslednata anketa na FRANCUZITE od juni 2008 sto mislat za nivniot Pretsedatel na Republika ,78% od gragjanite na Francija se izjasnile DEKA SE KAAT STO GO IZBRALE ZA PRETSEDATEL !
Од: Жарко
Датум: 30.06.2008 09:58:50
А зошто нашите многубројни NGO не организираат протести пред француските конзулати и амбасада? Доста беа ваквите изјави на тој кловн кои молчаливо ги примаме, па дури и организираме франкофонски вечери и ревии!
Од: Dolno Vodno
Датум: 30.06.2008 11:47:52
Da ne preteruvame so vulgarnosti i navredi. Jasno e deka nie sme staveni vo edna ponizna situacija, navredeni sme i mu se lutime na Sarkozei. No, vo izjavite ne ni treba preteruvanja;na protiv, so mnogu takti,oti Francija ni trebe, a Sarkozi prestavuva nesto vo Evropa. Ne e loso,a veke se obidov da go predlozam ovoa( bezuspesno)!: dobro e da se organiziraat mirni protesti,barem ednas -dvapati sedmicno pred francuskata ambasada, sekogas vo isto vreme,so samo edna ili dve "umni " napisani paroli i so po eden cvet vo racete. Tie trebe da bidat kratki,a na karajot,da se ostavi cvetot pred ambasadata i..mirno sekoj doma. Toa e najdobrata poraka- "cestitka "sto moze da mu se dade na Sarkozi. A toa stro negoviot rajting pagja,toa ne e nasa rabota,oti i kaj nasite politicari padna,pa nim ne gi boli uvoto,bokata nie ja trpime!!
Од: aleks
Датум: 30.06.2008 11:56:21
tesko nas narednite 6 meseci so ovoj debil od pretsedatel
Од: devicanec
Датум: 30.06.2008 12:35:54
A sto ima pak od nego da ocekuva Makedonija. Toj e pretsedatel na site francuzi. A nie ne sme toa. Ili pak samo se pravime francuzi??Nie treba samite da si ja odrabotime nasata rabota kako gragjani, a i nasite funkcioneri. A ne da ocekuvame te od ovoj te od onoj, a najmalku od kontroverzniot Sarkozi.
Од: eleni
Датум: 30.06.2008 15:02:51
Ne ja znam bliskosta megju nego i zena mu !!. Aj neka me zeme so nego.!!!!????

Најди! во Утрински
Насловна
Владата повторно згреши со Клиничкиот центар
Косовските Срби формираа свој парламент
Претходен број
Зденко
Неофицијална официјалност
Егејците бараат имоти вредни 10 милијарди евра
Влада за мајскиот или за мартовскиот договор?
Демократија без ароганција, паушалност и тврдоглавост
Драмата на Егејците 1
Карикатура
Успешно евро-деби на Ренова
Verbatim

"""