Славистите воодушевени од најстариот запис на македонски јазик
Кониковското евангелие потекнува од период кога првпат во писмена форма се појавува она што денес е стандарден македонски јазик
Невена Поповска
Охрид - Кониковското евангелие кое вчера беше претставено пред славистите на 14. Меѓународен славистички конгрес е најстариот запис на македонски јазик, постар и од Лексикон тетраглосон на Данаил од Москополе, кој датира од 1802 година. Текстот е напишан на егејски дијалект, поточно на воденско-ениџевардарскиот народен говор, со грчко писмо и е прв обид за популаризација на македонскиот народен јазик и отфрлање на црковнословенскиот јазик.
„Изданието го објави Финската академија на науки и уметности во Хелсинки со помош на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ под мое водство“, вели професор Људмил Спасов, кој притоа додаде дека македонското министерство не пројавило интерес за финансирање на ова капитално дело. „Евангелието го пронајде истражувачки тим од Финска во Александриската библиотека и тоа претставува најстарото евангелие на народен македонски јазик печатено во 1852 година во Солун“, продолжи Спасов. Славистите велат дека Кониковското евангелие е напишано на народен македонски јазик и е најстар запис на долновардарскиот или егејскиот дијалект на Македонците кои живееле и живеат во Грција.
Според Виктор Фридман, кој го претстави делото „Знаењето за развојот на македонскиот јазик и идентитет во доцниот 18 и раниот 19 век“, Кониковското евангелие потекнува од период кога прв пат се појавува во писмена форма она што денеска е стандарден македонски јазик. „Дијалектот на Кониковското евангелие е од извонредно значење зашто доаѓа од регион кој по балканските војни и' припаднал на Грција и каде што потоа се населуваат бегалци кои зборуваат грчки или турски јазик. Истовремено, во овој регион се воделе најжестоките војни што резултираа со заминување на илјадници Македонци по 1948 година, така што на овој дијалект денеска зборуваат многу мал број луѓе“, вели професор Фридман.
Значењето на ова дело е огромно, бидејќи евангелието напишано на македонски јазик претставува очигледен отпор спрема грчката политика. „Кониковското евангелие е најраниот текст во кој се употребува колоквијалниот македонски јазик како пишан јазик. И додека авторот прв пат пишува на македонски јазик, Павел Бозигропски ��о своите исправки се обидува да го нормира тој јазик. Грчкото противење на Македонците во Грција продолжува од тоа време до денеска и покрај печатењето на Абецедарот во 1925 година во Солун, наменет како буквар за Македонците од Северна Грција“, продолжува Фридман.
Во рамките на конгресната програма, вчера се одржаа неколку секции за лингвистика, за литература, за култура, за фолклор, а беа одржани и тркалезни маси на тема: „Словенскиот свет и Европа“, „Местото на словенските јазици и состојбата на славистиката во светот“ и „Универзитетите и иднината на славистиката“. Покрај промоцијата на Кониковското евангелие, беа претставени и „Зборникот на Третиот меѓународен конгрес на славистите“, „Тајните на гробот на св. Методиј“ и „Црковнословенски превод на беседите на Гргур Велики“.
Tri raboti nemozes da skries : Mesecinata , Sonceto i Vistinata !
Ova go kazuvam od pricina sto ako tekstot e od 1800 g. kako zboruvaa Makedoncite 1799, ako tekstot e od 1700 ,kako zboruvaa Makedoncite 1699 ,znacit se otvorat edna nova vizija na Makedonskiot jazik,..
Slovenite dobivaat poleka no sigurno preku Makedonskiot jazik i kultura "Makedonska- Civilizacija"koja Svetot ke mora da ja priznae i pokraj site negiranja,..prema Slovenite,.kako faktor vo kreiranje na Antickata i Srednovekovnata Civilizacija ,vo koja bile edinstven mnogubroen i pismen narod vo Evropa,pokraj site drugi necivilizirani mali grupi na naselenie,.
Na prethodniot komentar deka bilo pisuvanje na Bugarski,..ne sum siguren deka i samiot veruvat vo toa ,..no pravit obid,..