Сакате многу идеи и планови да спроведете на дело, а не сте свесни за своите можности. Тоа доведува до максимално исцрпување на нервите и наклонетост кон повреди. Бидете внимателни во сообраќајот, имате премногу обврски кои ви ја одземаат концентрацијата.
Бик
Благодарение на креативната енергија, тргате во нови потфати. Тие се однесуваат на уметноста, љубовта и другиите убави работи. Се трудите да си создадете подобри животни услови. Бидејќи расчистивте многу работи со себе, на нов начин им пристапувате на проблемите.
Близнаци
Исклучително креативен и пријатен ден. Во елемент сте. Се занимавате со работи кои ги сакате и воопшто не се замарате со другите. Потрудете се самодовербата подолго да ви трае, само така успехот нема да ви избега. Имате повеќе причини за добро расположение, уживајте.
Рак
Здрави сте и силни, барем моментално. Тоа ви помага да вложувате дополнителни напори за да пребродите извесен проблем. Мора да се приспособите на туѓите правила на игра. Нервниот систем е на удар, смирете се.
Лав
Потрудете се да се дистанцирате од околината колку што можете повеќе. Сите луѓе имаат проблеми, не паничете, смирено насочете се кон нивно решавање. Не возбудувајте се на работи на кои не можете да влијаете, особено не на туѓи проблеми.
Девица
Прашањата поврзани за домаќинството и однесувањето на блиските ќе бара поголема концентрација. Време е да се фатите во костец со неплатените сметки и трошоци. Искористете ги моментите на самотија. Избегнувајте стресни ситуации.
Терезија
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите. На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се' што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.
Скорпија
Совршени прилики ќе ги следат вљубените и оние што се на пат да се вљубат. Денот е погоден за финансиски трансакции, соработка со пријателите и работа со децата. Ќе бидете набиени со позитивна енергија. Забавувајте се во друштво.
Стрелец
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите.
Јарец
Почнете да размислувате за штедење особено сега додека изворите се' уште не се пресушени. Пари имате доволно, но ги трошите во поголема мера од она што ви е дозволено. Со партнерот страстите се смирија, уживајте во мирната атмосфера.
Водолија
Не ви е тешко да работите, ниту пак тоа што не сте наградени за својот труд. Околината ве доведува до лудило која седи со скрстени раце и држи предавања. Луѓето околу вас едвај чекаат да направите грешка за да ги потценат вашите квалитети.
Риби
Ви се случуваат многу убави работи. Тоа се однесува на љубовта, креативноста, работата и заработувачката. Единствено можете да направите грешка ако во нешто претерате. Потрудете се да бидете умерени во се' и да заста��ете кога ви е најслатко.