Број 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Централата во Скопје ќе ги помирува раскараните штипски сдсмовци

Во Општинската организација на СДСМ постои голема нетрпеливост и нетолеранција

Иван Бојаџиски

ШТИП - Врвните кадри на штипските социјалдемократи се испокарани, а централата на партијата во Скопје презема обврска да ги помири до крајот на август. На една страна е Здравко Коцев, претседател на Општинската организација на СДСМ со околу триесетина претседатели на месни организации и актуелната пратеничка Маринела Тушева. На другата страна се градоначалникот Панде Сарев, раководството на ЈП „Исар“, бившата пратеничка Верица Филипова, директорот на гимназијата Ристе Петковски, кој неодамна беше исклучен од партијата, како и други поранешни високи раководители на Општинската организација, меѓу нив долгогодишниот кадровик Миланчо Успрцов и поранешниот секретар Трајче Димов.

Повеќе месеци штипска јавна тајна е дека во Општинската организација на СДСМ постои голема нетрпеливост и нетолеранција меѓу двете спротивставени групации. Врвот на нетрпеливоста бил достигнат минатата недела кога претседателот Коцев го поканил градоначалникот Панде Сарев на итен состанок со група од седумнаесет претседатели на месни организации на кој требало да се разговара за вработувањата партиски активисти во јавни претпријатија и установи кои се во надлежност на локалната власт. Сарев го игнорирал повикот по што челникот на СДСМ Здравко Коцев, со сите претседатели на месните организации, тргнале кон кабинетот на градоначалникот, но обезбедувањето им го спре��ило влезот.

Вчера се обидовме да поразговараме со претставници на двете инволвирани страни во спорот, но освен Здравко Коцев, никој друг не сакаше да говори со име и презиме. Коцев изјави дека за актуелното партиско раководство е неприфатливо луѓето, кои благодарение на тоа што се членови на СДСМ добија високи позиции во општината, сега да заборават на партијата и да водат некоја своја, приватна политика, надвор од партиската и општинската. Тоа посебно се однесувало на политиката на вработувањето сдсмовски кадри.

Претставници на другата страна, барајќи да не им се споменуваат имиња, велат дека Коцев откако дошол на челната позиција, наметнал апсолутистичко владеење, дека не почитувал никакво друго мислење, се опкружил само со млади, „пресни“ социјалдемократи со кои можел лесно да манипулира...

Тоа дека работата не е наивна се докажува со решеноста на централното раководство на СДСМ на рапорт да ги викне сите инволвирани страни во „штипскиот случај“ со намера тој да се затвори пред најавениот есенски конгрес на партијата. Во Штип се пронесоа гласишта дека струмичкиот градоначалник и кандидат за нов претседател на СДСМ Зоран Заев добил задача да ги „среди работите“ во штипската Општинска организација.

„Оваа информација не е точна. Точно е само тоа дека највисокото партиско тело има информации за судирот во штипската Општинска организација поради што зазеде став до крајот на идниот месец работите во овој град да се доведат во нормала“, изјави Зоран Заев. Тој додаде дека генералниот секретар Горан Минчев добил задача да организира средби и разговори со сите инволвирани во случајот, по што ќе се донесе заклучок како и на кој начин ќе се смируваат страстите и како состојбата да се доведе в ред.

Заев е убеден сум дека разликите меѓу скараните можат да се решат на разумен начин и со дијалог. „Се надеваме дека ќе ги смириме страстите во штипската Општинска организација на таков начин како што му прилега на СДСМ. Таков проблем имаме само во уште една општинска организација“, потенцира Зоран Заев.


Статијата е прочитана 765 пати.

Испрати коментар

Од: Afrika
Датум: 15.07.2008 01:58:35
Vo afrika, nekoi zivotinski zaednici, vo dobr lovna sezona, visokot od ulovot go zakopuvaat. Podocna koga ke namali sezonata, ke mu se durdisaat na zakopanaoto, pri sto cestopati se borat kako najgolemi neprijateli okolu zagrabuvanjeto od dupkata. Sekakva slicnost na ova pojava so "partijskite" mesta (vrabotuvanja) e nenamerana. Pa nie sme Makedonija, neli, a ne Afrika...
Од: JAS
Датум: 15.07.2008 03:06:35
SDSM propagja-toa mi se dopagja!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: london
Датум: 15.07.2008 10:19:50
Dali sega pretsedatelot na drzavata ke se javi so kritika za populistickoto vladeenje na Zdravko Kocev i SDS vo Stip?!?SIGURNO NE!!! Licemeri i luge sto sakaat samo da se dokopaat do funkcija i fotelja. Narodot dobro gi znae i zatoa izgubija na izbori. Kocev baral vrabotuvanje na SDS -ovci vo opstinata,nema potreba od strucnost, nema potreba od kvalifikacii, nema potreba od javen oglas, samo ti treba SDS partiska kniska i amin od Zdravko Kocev!?! Sarev misli poinaku. Koj e vo pravo centralata ke odlucela,a B.C. e PROTIV POPULIZAM ama samo koga ne stanuva zbor za SDS !!!
Од: Член на СДСМ Штип
Датум: 15.07.2008 11:02:25
Ова што се случува и го применува г-дин Здравко Коцев ни наликува на она што го правеше покојни г-дин Пане Велев со неговите комунистичко - милициски техники и методи, ама за да биде се поавтентично и да има влијание и резултат се правеше во некоја друга временска капсула, издвоена од реалниот свет. Сега после толку време се присетуваме на тоа време преку г-дин Здравко Коцев. Епа дали тоа имаше резултат на страната на ВМРО ДПМНЕ и дали сега има резултат за СДСМ покажаа последните избори, каде граѓаните на Штип јасно дадоа сигнал дека тоа време не го посакуваат и дека не сакаат да се врати, само сега преку еден друг актер т.н Здравче . За тоа упатувам апел до актуелното раководство на ЦО на СДСМ дека „ средувањето “ на работите и пеглањето на разликите се правеше пред ИЗБОРИТЕ, не сега. Така размислувајќи дека централното раководство не му ја мисли многу нема да го гледаат ниту изборниот резултат ниту харањето на Здравче и физички малтертирајќи видни членови на СДСМ ќе го заштитат AGAIN
Од: od stariot bate
Датум: 15.07.2008 11:46:28
здравко е закон
Од: Carot na Hunzite
Датум: 15.07.2008 12:38:33
Zdrave kako sto go vikaat negovite pocituvaci na likot i deloto negovo, bese i za zal uste e udarna tupanica i reprezent na reformiraniot Sdsm predvoden od Rada I Mincev.Tie dvajca mu davaa bezrezervna podrska na Zdrave za da toj so negovata sminkersko svakanje za vodenje politika i upravuvanje so OO Stip uspea da gi donese do stadium da bide glaven favorit za kandidat za gradonacalnik na sdsm.No Djipot na Zdrave pocna bez kontrola da vozi! Djipot dozivea havarija na parlamentarnite izbori -12000 glasa.Samo da ne zaboravam edna rabota dodeka fati zalet vo negovoto cirkuzantsko svakanje za poimot politika vo toa nesebicno mu pomagase i eks pratenikot od stip,taka da sega toa sto e protiv nego e pomalku vazno,stetata e napravena.Zdrave se zaleta i stipskata organizacija ja napravi boza,za sega da ja onadat koj koga ke posaka vo bilo koe kafule ili kafana.Vo svetot za sebe koj sto go napravi zdrave bilet imaa samo tie sto bezrezervno mu klimaa so glavata i mu velea ti si jak majstore!
Од: devicanecot
Датум: 15.07.2008 13:06:29
Bane, Javi se so konkretno

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Ладен политички „француски сендвич“ за Македонија