Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Љубе со нови документи за Мијалков

Обединети за Македонија достави до Антикорупциска комисија нови документи за кои тврди дека се докази за активните фирми во Чешка на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Од партијата на Љубе Бошкоски велат дека од документацијата постојат сомневања дека Мијалков има активни фирми што не се пријавени во анкетниот лист. До антикорупционерите се доставени и податоци што треба да се проверат за тоа дали мајката на премиерот Никола Груевски е сопственик на стан во елитен кварт во Прага.

„Од Антикорупциска бараме да се провери сето она што нашиот лидер Љубе Бошкоски го изнесе на прес-конференција, односно нашите сомневања за одредени постојни фирми на господата Саша и Влатко Мијалков, за можноста Надежда Груевска да е сопственик на стан во елитен кварт во странство и друго“, изјави Билјана Јовановска од ОМ. Таа изрази надеж дека Антикорупциска нема да рече дека тие нема да можат да работат по тие документи, бидејќи не се преведени.

Според Јовановска, содржината на документите јасно ја покажувала целата трансакција на финансиски средства на постојните фирми.

„Би и' препорачала на Антикорупциска да вработи професионални преведувачи од чешки јазик, бидејќи ќе следуваат многу документи и ќе имаат многу работа и многу превод“, истакна Јовановска.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираа тврдењата од партијата на Бошкоски, кого го нарекоа „кодош што одработува за Црвенковски“. „Ваквите глупости на Љубе се одраз на слабост, нервоза и сериозен страв“, рече Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1537 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 29.12.2010 23:08:06
Не е далечно времето кога веруваа и се колнеа во Љубчо.Истото ке се случи и со овие само касно ке биде.Си избират лидери и функционери кои си разбират во бизнисот и доброто на сопствениот народ.

Најди! во Утрински
На прво место
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Словенци ги побиваат рејтинзите на нашите анкетари?!
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks