Број 3469  среда, 29 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Словенци ги побиваат рејтинзите на нашите анкетари?!

Анкета на ИФИМЕС од Љубљана покажа тесна разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Кога утре би се одржале парламентарни избори, би се водела мртва трка меѓу ��вете највлијателни партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и би било неизвесно кој ќе ја формира идната влада... Така би било, според анкетата на Институтот за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана. Истражувањето, што е дел од проектот за анализа на демократските капацитети на постранзиционите општества, покажало многу помала разлика во рејтинзите меѓу стожерните партии од власта и од опозицијата, наспроти последните анкети на македонските агенции, според кои соодносот ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ главно е од 1,7, до „максимум“ 1,5 спрема 1.

Најголема поддршка и во оваа анкета има ВМРО-ДПМНЕ -22,1 процент, но веднаш зад неа е СДСМ, со рејтинг од 19,2 проценти. За ДУИ, пак, би гласале 8,2 проценти, за ДПА - 3,1, а за Нова демократија -1,9. Обединети за Македонија имаат доверба од 1,3 проценти, додека за НСДП би гласале 0,8, а за ЛДП -0,5 проценти. Оваа анкета укажува и на помал процент неопределени гласачи, во споредба со последните сондажи на домашните агенции. Така, 25, 8 проценти од испитаниците не се определиле за која партија би гласале, а 13,5 рекле дека нема да гласаат. Од друга страна, дури 51,2 проценти од анкетираните рекле д��ка не веруваат во ниту еден политичар, додека 17 ,3 го поддржале премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, пак, најмногу му веруваат 10,5 проценти од испитаниците. Во Али Ахмети од ДУИ доверба имаат 5,7 проценти, во Имер Селмани -2,7, а во Мендух Тачи 1,3. Гостиварскиот градоначалник Руфи Османи има рејтинг од 0,9 проценти, слично како и претседателот Иванов, кому му веруваат 0,8 проценти.

Анкетата е спроведена по телефон од 20 до 25 декември, во повеќе градови во државава, при што биле опфатени 1.204 испитаници.

Со анкета вчера се јави и десничарскиот институт „Димитрие Чуповски“. Според испитувањето на јавноста од 23 до 26 декември, ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 23,4 проценти, СДСМ - 11, ДУИ - 6,2, ДПА -2,2, а НД - 1,2 проценти.

Пред предвремените избори во 2008, ИФИМЕС прогнозираше многу изборни инциденти, но и победа на тогашните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, при што Груевски и Тачи беа посочени како најпопуларни политичари. Пред неодамнешните избори на Косово, пак, ИФИМЕС предвиде победа на владејачката Демократска партија и премиерот Хашим Тачи.

Директори на ИФИМЕС, според веб-страницата на Институтот, се Бактјар Аљаф - новинар, инаку ирачки Курд, кој живее во Словенија, и Зијад Беќировиќ, дипломиран економист и магистер по комуникологија. Како почесен претседател е наведен поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, а Будимир Лончар е претседател на Советодавниот одбор. Од ИФИМЕС наведуваат дека Глобалната мрежа за развој од Вашингтон ги оценила нивните истражувања како 93 проценти релевантни. (А.М.М)

Без малку 100 проценти за НАТО и зa ЕУ

Според словенечкиот Институт, Дури 95,3 проценти испитаници изразиле поддршка за напорите за влез на земјава во НАТО и во ЕУ, иако 63,7 проценти сметаат дека во последните четири години земјава се оддалечила од евроатлантските интеграции. Поддршка за Рамковниот договор дале 75,4 проценти од испитаниците, додека 69,3 биле против проектот „Скопје 2014“. Испитаниците во најголем процент 42,2 рекле дека би поддржале промена на името, ако тоа значи зачувување на националниот идентитет. Исто така 44,3 проценти кажале дека би поддржале решавање на спорот со Грција, ако тоа не значи промена на Уставот.


#
Статијата е прочитана 1958 пати.

Испрати коментар

Од: Тето
Датум: 29.12.2010 12:40:08
Познато дека и Дневник и Рејтинг и Димитрија Чуповски и Институтот за политички истражувања и ИРИ кој патем е и најпознат и најреспектибилен анкетите ги прават според научни статистички методи кои и во најголем дел се поклопуваат. Сега излегува оваа анкета на која само опзицијата ќе и верува што е демикратски и легитимно. Сепак мене ова некако повторно ми мириса на словенечка „надежна“ врска.
Од: забеган.
Датум: 29.12.2010 12:46:01
Алал нека вие сте откриле топла-вода.Па на најобичниот ГРАЃАНИН на Македонија муе јасно.Дека дечиштава ќе си одат,Толку зло им нанесоа на своите ГРАЃАНИ.Тие што си нарачува и се уште нарачуват анкети се тешат со тоа.И Сами знат кај им е местото.
Од: bt
Датум: 29.12.2010 13:11:15
Ова изгледа се истите словенци што ја изготвија „Надежта“ на државникот :-))
Од: ВМЛО Полтокалски
Датум: 29.12.2010 13:20:31
Зар крај,зар вистина е крај!?
Од: Професорка
Датум: 29.12.2010 13:26:13
Не знам зошто повеќе им верувам на Словенците? Веројатно дека овие 6 години се изнаслушав лаги и пропаганди. Напред за опозицијата. Каква-таква.
Од: BK
Датум: 29.12.2010 13:30:32
Најмеродавна анкета се изборите. Затоа: Ајде да одиме на избори! Тоа е еднистевена метода со која државните институции ќе си го вртатат легитимитот кој што сега е изгубен.
Од: do bt
Датум: 29.12.2010 13:31:43
na takvi kako tebe i trebaat anketi od vmrovskite instituti, ne za istrazuvawe tuku za perenje na mozoci.Ne sakate da ja prifatite vistinata,sakate da ziveete vo sonot deka ova vlada ,, e najubava,najpametna,najstrucna,prva vo svetot itn.Eden den koga ke se razbudite od sonot ke bide prekasno.
Од: марсовец
Датум: 29.12.2010 13:31:52
Аман од анкети. Статистички научни методи?! Какви сме ние неопределени и без самодоверба, околу 30% од гласачите на денот на изборите одлучуваат за кого ќе гласаат. До изборите ќе си играме топло-ладно. Не верувам нитуа на едните, ниту на другите. Единствено сигурни гласачи им се партиските војници. Едно е јасно, ако Груевски е сигурен дека ќе го повтори резултатот од последните избори, ќе има предвремин избори, ама не е и затоа ќе си чекаме редовен термин.
Од: Кире
Датум: 29.12.2010 13:35:32
А да направат анкета колку од народот би сакал Велија да заврши зад решетки?
Од: Itar Peyo
Датум: 29.12.2010 14:15:30
Ova anketa e nepatriotski izvedena. Timot na anketari ne bil rakovoden od patriotski kadri na DPMNE.
Од: PAVLE ALIMASKA
Датум: 29.12.2010 14:17:21
Конечно се појави една реална и објективна анкета,која ги отсликува реалните состојби во државава,па зарем освен заслепените ВМРО - овци уште некој му верува на пастирот и неговите бугарски лавови,на небулозите и инфантилните изуми кои му ги пласира на народот.Ако е и од него доста е и премногу е.
Од: Теткин
Датум: 29.12.2010 14:32:11
Тетино,мило ми е што си најде утеха!
Од: Marija
Датум: 29.12.2010 14:51:48
Ova tolku mnogu mirisa na muzicki zelbi i cestitki ,da na covek mu e duri i smesno. No razbirlivo za nekoj koj tone, pa se obiduva na sekoj nacin da ispliva . No sekoj pat spasuvanjeto ne e vozmozno. Pozz
Од: lovec
Датум: 29.12.2010 15:01:09
Pa neznam kolku ovaa anketa e realna zasto od 1204 ispitanici 37.6% odbile da ucestvuvaat...vtoro ako gi poglednete brojkita ke vidite deka golem broj se za Ohridskiot Dogovor i deka bezrezervno se podrzuva NATO I EU.....Isto taka bi rekol deka ovaa e prva anketa na ovoj Institut a i koj veli deka ovaa e korektno vo odnos na nasite anketi....Kako i da e SDSM so vakva struktura ne moze da dojde na vlast vo narednite 15 godini.....Zalosno e sto ovaa anketa od ovoj Institut e verojatno naracana od SDSM isto kako i NADEZ
Од: dragan
Датум: 29.12.2010 15:26:20
do onie luge koi ne i veruvaat na ovaa anketa, koi mu veruvaat samo na latas i na vmrovskite instituti , dimitrija cupovski, pavel sate v neka im veruvaat samo na niv i taka se nivni partiski namesteni anketi.
Од: simbol
Датум: 29.12.2010 16:15:19
Po se izgleda kako sto e opsto poznato "nadezta" posledna umira, izborite od 2006, 2008, sdsm bea pregazeni i zasto voopsto postoi terminot redovni izbori pa zarem toj vazi samo koga sdsm e na vlast. Ovde nesto mi e simptomaticno!
Од: pirgan
Датум: 30.12.2010 07:52:16
pak afera Nadez!

Најди! во Утрински
На прво место
„Скопје 2014“ изборен адут на Груевски
Љубе со нови документи за Мијалков
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks