Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Делата на Алемдар во Лондон

Во лондонската галерија за модерна уметност отворена е изложба на сликарот од Македонија, Армандо Алемдар-Ара, кој веќе две децении живее во Велика Британија, а десет години дејствува како уметник.

Неколку десетина слики во масло, под заеднички наслов „Сирово и рафинирано“, во кои се препознаваат боите на македонското поднебје, како и цртежи што првпат се прикажуваат, се дел од најновата колекција на неговото апстрактно сликарство, што им се нудат на љубителите на современата уметност во британскиот главен град.

Изложбата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Обединетото Кралство, Марија Ефремова.

Во рецензијата за најновата колекција на Алемдар се вели дека светот што тој го отсликува е уверлив, како што е и мистериозен, сликајќи врз основа на своето исламско, суфистичко потекло. „Алемдар во своите дела ги отелотворува древните мистички верувања во внатрешната духовност“, пишува во рецензијата за изложбата на Алемдар.

Армандо Алемдар е сликар и историчар на уметност, а се смета и за еден од основачите на лондонскиот неомодернизам. Неговите слики се дел од јавната колекција во Културниот центар во Скопје, а се наоѓаат и во повеќе приватни збирки во Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија, САД и Швајцарија, како и во Македонија и во Турција. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 203 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Отворање со Чајковски и Рахмањинов
„Охридско лето“, сепак, почнува со скандал
Шпанскиот „Мрежа за комарци“ освои „Кристален глобус“
Музичари од Македонија, Грција и од Турција