Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Музичари од Македонија, Грција и од Турција

Во рамки на летната културна манифестација „Битфест“ вечерва во Битола со почеток во 22 часот во салонот „Магаза“ заеднички концерт ќе одржат музичари од Македонија, од Грција и од Турција.

„Ова е ретка прилика битолчани да го проследат концертот World Music - Improvised Music со Изет Кизл, Костас Теодору, Наталија Ман и Тони Китановски. Програмата што ја нудат овие врвни музичари, најмалку е академски џез, а многу повеќе слободна неограничена форма на изразување, истакна Тодор Ивановски, менаџер на музичката програма на „Битфест“.

Тони Китановски е редок музичар во светот на џезот, кој образованието го стекнал на Беркли, во САД. Гитарист, автор, аранжер. Од „Битфест“ најавуваат дека тој пронашол музичари кои трагаат по една светла послободна димензија во џезот. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 348 пати.

Испрати коментар

Од: odbitola
Датум: 12.07.2010 01:11:43
Која е таа Наталија Ман? Таква не се појави! И концертот почна дури во 11 поради фудбалите и го проследивме со припратни звуци од навивања, телевизиски преноси и сирени!

Најди! во Утрински
Култура
Отворање со Чајковски и Рахмањинов
„Охридско лето“, сепак, почнува со скандал
Шпанскиот „Мрежа за комарци“ освои „Кристален глобус“
Делата на Алемдар во Лондон