Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Велосипеди ќе се изнајмуваат напролет

Градот ја затвора првата сезона од изнајмувањето велосипеди. Скопјани повторно ќе можат да изнајмуваат и да возат напролет кога и временските услови ќе бидат поповолни. Трите пункта што беа отворени на јавното паркиралиште „Треска“, плоштадот „Македонија“ и во населбата Аеродром зад ТЦ „Бисер“ зимава ќе бидат затворени, информираат градските власти. Во сезонава што измина велосипеди изнајмиле 7.698 граѓани, и тоа најмногу од пунктот на плоштадот „Македонија“ - 5.031. По него следуваат ТЦ „Бисер“ со 1.742 и од паркиралиштето кај Треска 925 велосипеди. За оваа услуга скопјани плаќаа само 10 денари за еден час.

Проектот за изнајмување велосипеди е на Град Скопје, а се реализираше во соработка со Јавното претпријатие „Градски паркинг“.

За во иднина од Градот најавуваат зголемен број пунктови, а проширувањето, велат, ќе зависи од интересот на граѓаните. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 420 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Во 2012 година Скопје ќе ги има новите урбанистички граници
Ќе има ли крави и во Скопје 2014
Јакимовски и Фуере чистеа на Водно






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU