Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Во 2012 година Скопје ќе ги има новите урбанистички граници

ГУП-от ќе го исцртаат од Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање за два милиона евра

Новите урбанистички граници на Скопје ќе бидат исцртани до крајот на 2012 година од страна на Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање што ќе ги чини градските власти два милиона евра. Градоначалникот Коце Трајановски информира дека Градот неодамна ја официјализирал соработката со Агенцијата, според кој договор, новиот ГУП треба да биде изработен за две години. Се очекува неговата нацрт-верзија да биде исцртана до јуни 2012, а најмногу шест месеци подоцна во финална предлог-верзија да се најде на разгледување пред градските советници.

„Договорот е потпишан и од Агенцијата веќе почнаа со изработката. Изработката на ГУП-от како практично устав во урбанистичкото планирање ќе овозможи развој на градот од сите аспекти“, изјави Трајановски по последната координација со колегите - градоначалници од скопските општини. Освен што ги информирал за ГУП-от, им укажал дека очекува општинските инспектори да излезат на терен и да ги санкционираат сите несовесни кафеанџии што не го почитуваат предметниот закон и правилникот за поставување урбана опрема. Имено, строго е забрането јавните површини, односно терасите да ги оградуваат со најлони. Трајановски порача дека сите недисциплинирани сопственици на кафулиња ќе можат да се соочат со забрана од шест месеци работа во случај доколку и по санкциите од општинарите, ќе продолжат да поставуваат најлон-шема во кафулињата. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 972 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Ќе има ли крави и во Скопје 2014
Јакимовски и Фуере чистеа на Водно
Велосипеди ќе се изнајмуваат напролет






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU