Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Мислења

Мислења

Зошто Евреите успеваат?

Џери З. Малер

Евреите беа ориентирани кон образованието и подготвени да ги одложат моментните задоволства и приходи за потоа да добијат повеќе од нив

Последниве децении економистите се обидуваа да го искористат концептот човечки капитал, честопати дефиниран како способности, вештини, знаење и наклонетост што упатуваат на економски успех. Сепак, оние што го користат терминот често сметаат дека концептуализирањето на некој феномен значи прв чекор кон негово манипулирање. Всушност, „политиката на човечки капитал“ сега е во мода. Но, што ако многу од способностите и наклонетостите се продукт на историјата, со можност да бидат сфатени и објаснети, но не и лесно реплицирани?

Сајмон Кузнец, еден од големите економисти на 20 век, беше пионер на теоријата за човечки капитал. Кратко време пред да почине Кузнец му препорачал на еден млад колега дека треба да се проучи улогата на Евреите во економскиот живот. Во целина, економистите и другите социјални експерти ги занемаруваа историјата на Евреите и капитализмот, од разбирливи иако неубедливи причини. За повеќето економисти, степенот до кој модерниот капитализам е обликуван од претходните културни предиспозиции, е извор на збунетост во најдобар случај, ако не и фактор што треба да се отфрли.

Такви културни размислувања едноставно не се вклопуваат во категориите во кои економистите се предиспонирани да размислуваат. Кога економистите испитуваат „човечки капитал“, тие преферираат мерливи критериуми, како што се годините на образование. Се' додека човечкиот капитал инволвира карактери и разновидно знаење, што се пренесуваат во доменот на семејството и заедницата, место од формалното образование, тој е и методолошки неостварлив и тежок за манипулирање од политиката.

Доколку се погледне историското искуство на Евреите се забележува дека иако повеќето Евреи биле заглавени во сиромаштија на почетокот на 20 век, со текот на времето тие настојувале да поминат диспропорционално добро во општествата, што им овозможило да конкурираат на еднаква основа. Тоа беше забележано прво во Централна и во Западна Европа, а потоа во САД. Тие поминуваа особено добро во трговијата. Во потрага по економски средини што не се заземени од други, Евреите често создаваа пазари за нови производи и услуги. Тие први развија нови малопродажни институции, од стоковни куќи до мали продавници. Секторите на економијата со најбрз развој од крајот на 19 век, се оние, слободно класифицирани како „сервисни индустрии“, што често опфаќаат ширење информации и забава - активности во кои Евреите се посебно истакнати - од издавачка дејност до естрада, од филмови до комерцијални спортови. Тие беа наклонети и да поминат диспропорционално добро во изучените професии, како што се медицина, право и сметководство - што имаат централно значење за современото капиталистичко општество.

Фактот дека Евреите долго време беа малцинство изложено на дискриминација, понекогаш се наведува како причина за нивната тенденција да им се посветат на трговијата, финансиите и професиите. Сепак, не сите малцинства што долго време се изложени на дискриминација успеваат во пазарна конкуренција. Има неколку начини да се објасни диспропорционалното достигнување на Евреите. Пред се', Евреите имаат повеќе искуство со трговија отколку повеќето други групи, а премолченото знаење за купување, продавање и предноста од пресметувањето, што се пренесувало во семејствата поврзани со бизнисот, објаснува зошто Евреите настојувале да бидат подобри. Покрај тоа, во поголем дел од Европа, Евреите долго време беа исклучени од утврдената економија на земјопоседништвото и други полиња резервирани за христијаните. Затоа, тие научија внимателно да следат нови можности во недоволно опслужените пазари, работејќи, на пример, како препродавачи или создавајќи нови производи или нови форми на маркетинг. И социјалните мрежи имаа важна улога. Евреите беа раширени во многу земји, но донекаде користеа заеднички јазик и имаа чувство за заедничка судбина. Тие беа посвесни за далечните можности, имаа повеќе меѓународни контакти и беа диспропорционално активни во меѓународната трговија.

Покрај тоа, Евреите имаат религиска култура што промовира универзална писменост на возрасните, барем за мажите, и култура што го почитува учењето од книги. Тие ставови и склоности беа пренесувани од верските текстови до секуларните форми на образование. Како резултат на тоа, Евреите беа многу ориентирани кон образованието и подготвени да ги одложат моментните задоволства и приходи за да добијат повеќе од нив. Тие фактори даваат чувство зошто освртот на историјата на Евреите под капитализмот ни помага да го разбереме капитализмот погенерално. Тоа не потсетува дека голем дел од успехот во едно капиталистичко општество се базира на културни и на историски фактори што даваат квалитети, како што се иновативност, подготвеност да се толерира ризик и да се одложи задоволството преку заштеди и образование. Тие културни карактеристики тешко се мерат, затоа економистите се чувствуваат збунети кога работат со нив. Честопати тие се пренесуваат во семејствата, така што ја избегнуваат социјалната политика што се базира на идејата дека еднаквоста на можностите може да се создаде со дејствување на владата.

Истражувањето на економската историја на Евреите не' потсетува дека групите што се диспропорционално успешни наидуваат на различни политички реакции. Општествата што долго време се ориентирани кон економска динамика настојуваат да ги поздрават економски успешните луѓе, гледајќи ги како извор на заемна добивка. Но, културите што настојуваат да ги навредуваат економски успешните луѓе - или како одбивање на еднаквоста или со имплицитната претпоставка дека економската добивка на некои луѓе мора да биде на штета на другите - имаат тенденција да бидат повеќе непријателски расположени кон Евреите и оддадени на конспиративни теории за да се објасни нивниот економски успех. Повеќето општества се некаде во спектарот меѓу тие два пола.

Некои социјални експерти се претпазливи кога свртуваат внимание кон реалноста на диспропорционалниот економски успех на Евреите поради страв од поттикнување антисемитизам или придонес кон конспиративните теории за еврејската економска доминација. Несомнено, конспиративните размислувања секогаш ќе најдат материјал за нивните опсесии. Фактот дека историјата на Евреите и на капитализмот ја доведува во прашање сегашната социјално-научна мудрост и метода е причина повеќе да се испита темата.

(Авторот е професор по историја на Католичкиот универзитет на Америка во Вашингтон и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 1789 пати.

Испрати коментар

Од: nick hill
Датум: 17.04.2010 01:12:48
evreite se drzat eden za drug i ne se napagaat i si pomagaat ne se kako nas da si gi vadime ochite eden so drug zatoa uspevaat.
Од: Македонија
Датум: 17.04.2010 15:24:21
Во Македонија додека не научат политичарите да се срамат од сиромашниот народ нема да имаат никаков успех,а ке завршат и неславно.Македонец на Македонец во странство никогаш не помага.Зошто помагаат албанците,бугарите на својот народ,па дури бугарите ни помагаат и нас.Ако не се тие никој нема да те прифати во странство,ке се вратиш и без своите пари што си ги однесол.Значи како што кажа тој пред мене Хил дека евреите се помагаат меѓусебно.Македонците треба да научат да се помагаат и да се срамат некој од нашите да биде сиромав,туку да биде успешен.Се додека не научат меѓусебно да се помагаат и сакаат,не да завидуваат еден од друг ке бидат сиромашни неуспешни.Инаку кај евреите незнам дали е тоа точно за нив,но не ми се бендисува,што газат врз сите други за да стигнат до нивната цел..На пример некат екум...не го оправдувам тоа.Најголеми сепак националисти се тие.Хумана медицина препорачувам,,а не да живее некој друг на сметка на тој што ке му го земат бубрегот или нешто друго.
Од: Komentator
Датум: 17.04.2010 16:09:16
Negdeka osumdesetite godini procitav eden interesen podatok...vo SSSR ima okolu 8 procenti visoko strucen kadar a od tie 3 procenti se evreite..Zamislete kolkava zemja so kolku luge ...najobrazovani evreite ..I zosto togas da se cudime Mene ne me cudi nisto..zosto se uspesni...i pokraj toa sto se najstar i najreligiozen narod na izvesen nacin i davaat pocit na tradicijata ama vo niven kod e vneseno deka toa ne im smekava da se prilagodat na sekoja epoha sto se menuvala...i da pravat matrijalni dobra..Slicen primer imame i so Japoncite od najtvrd religiozen narod so svoevidna tradicija stanaa svetcka sila ostavajki ja religijata vo domot a nadvor najuspesno cekorat so sovremeno tempo... Nasite malcinstva a mozebi i nie ..od ovie narodi imame dosta da naucime ..samo da SAKAME...!!
Од: Komunist
Датум: 18.04.2010 09:55:56
Ние да сакамеќе научиме понешто и од нашите комшии кои нешто сватија и од својата несреќа.Очигледно религијата не е фактор на успешност туку и пред се свеста, образованието ( но она вистинското - пример се јапонците),чесноста кон работата, почитување на трудот и.т.н. Кај нас сето ова е изместено - се купуваат дипломи, за приватните факултети е актуелна анегдотата дека таму студентите можат да паднат само ако се спрепнат на скали.Евреите се народ а не племе од пред 5-6000 години.Не зборуваат за Мојсеј и други туку прават пари.АЦЕ нема да ни донесе ниту ум ниту пари (освен на тендерџиите).
Од: bale
Датум: 18.04.2010 13:19:32
Evreite uspevaat zatoa sto ne se VMR-ovci.......
Од: Makedonski Nacionalen Centar Detroit
Датум: 18.04.2010 14:22:39
Interesen tekst sto pobuduva komentari. Komentatorot so potpis Makedonija moram da go demantiram. Fakt e deka tokmu Makedoncite se tie sto im pomagaat na drugite koi doagjaat vo Amerika ne samo na Makeocnite tuku i ja drugi kako na Bugari, Srbi, Ukrainci, Albanci,...spisokot e dolg). Drugo prasanje e dali taa pomos bila vo Crkvite ili od t.n. "crkovni odbori"(koi site znaat kako se strukturirani i kontrolirani i od kogo!!!!)...ili pak se od strana na nasi doblestni Makedonci koi deluvaat samoinicijativno nadvor od tie "crkovni odbori" a vo ime na Makedoncite i organizirani kako Makedonski Soveti. Inaku akademik Petari Ilievski vo 1992 potencirase deka Evreite i Grcite se fenomen od koj sto moze od se uci, no bi dodale i ne sekogas da se kopira sto pravat....sami znaeme i zosto ne se omileni vo mnogu krugovi. Novite globalisti i neokolonijalisti vo poslednite godini imaat "odbrano" i drugi narodi osven Evreite, kako na pr. Albanci, Makedonci, Bosanci, Filipinci, Keldijanci...
Од: nisto ne e taka uspeshno kako uspeh
Датум: 18.04.2010 16:32:20
bioloski kazano, najsposobnite uspevaat. ne deka si pomagaat evreite tuku sorabotuvaat so uspesnite, stanuva zbor za megjusebno pocituvanje vo biznisot, ne moze mojot biznis da e uspesen ako ne gi ispolnam svoite obvrski kon partnerot za da toj povtorno kupi od mene. kaj nas biznisot e od denes za utre, zemi i ne plakjaj, ili izmisli nacin kako da ne platis. mnogu ednostavno no i za toa treba osnovna inteligencija.

Најди! во Утрински
Мислења
Граѓаните се виновни за се'!