Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Пријатно се чувствувате, најмногу благодарение на успешно реализирање на бизнис- проектот за кој долго време трпeливо чекавте. Ве очекува напредок во работата, а ќе имате значителни резултати поврзани со договори. Не се откажувајте од нив, дури и да се брачни.



БИК

Во прв план се вашата социјална природа и желбата за комуникација. Одлично се чувствувате, бидејќи сте среќни во сите сегменти од животот. Пријатни се разговорите со близнаците, тие се динамични и ведри како вас. Очекувајте пријатно изненадување од партнерот.



БЛИЗНАЦИ

Ќе ви биде пријатна боемската атмосфера и спонтаноста. Чувствувате потреба за релаксирање, но притоа никој критички да не ве перцепира и да дава непотребни совети. Затоа, најдете друштво во кое ќе се чувствувате пријатно и ќе можете да бидете свои.



РАК

Ве возбудуваат ексцентрични нешта и настани. Впечаток ќе биде целосен доколку ви се придружи некој водолија. Што се наоѓа во таквите лица што толку паѓате на нивниот шарм? Веројатно еднаквата желба за слобода и меѓусебното почитување. Идеален пар, зар не?



ЛАВ

Риба што своевремено сте ја заборавиле повторно се појавува, а тоа ве потсетува дека не е целосно избришана од вашето срце. Потребна и' се ваш помош и совет. Бидејќи на финансиски план состојбата ви е многу слаба, денот е како создаден за уметност и за духовни нешта.



ДЕВИЦА

Здравствената ситуација не е на задоволително ниво. Препорачливо е да не донесувате тешки одлуки и да повлекувате бизнис-потези, туку смирете се и поминете пасивен ден. Можеби прошетка во привлечно друштво на лав или скорпија ќе биде вистинскиот потег.



ТЕРЕЗИЈА

Терезиите ги очекува прекрасен ден. Немате премногу работни обврски, а време за разговори во изобилство. Никој како припадниците на овој знак не умее толку слатко да пренесува озборувања, па се смета дека тие се единствени што не го прават тоа злонамерно.



СКОРПИЈА

Бидете трпеливи и очекувајте безброј клевети и навреди. Не реагирајте на првиот бран. Барем скорпиите треба да знаат како да се справат со вакви ситуации. Вие сте вистински мајстор и знаете да зададете удар кога противникот најмалку очекува.



СТРЕЛЕЦ

Работата и учењето засега се единствени сегменти што ги држите под контрола. Не е лошо за почеток, наскоро ќе преземете активности во однос на партнерот. Се' зависи од вас, кога ќе се ослободите од обврските, ќе се насочите кон позитивната страна на нештата.



ЈАРЕЦ

Секој ден е како создаден за љубов, особено овој. Бидејќи напредувавте духовно, го сфаќате тоа на вистински начин. Љубовта е поврзана со се' што ве опкружува, а не само со половите. Најмногу посакувате нежност со партнерот, но само ако станува збор за нов партнер.



ВОДОЛИЈА

Ве очекува пријатно изненадување, па целиот ден ќе биде под тоа влијание. Се решавате за несекојдневна активност, а работите спонтано и со љубов, уживајќи во тоа. Постои ризик од избрзани постапки, мора да бидете и внимателни. Настаните ќе бидат пријатни.



РИБИ

Доколку се опаметивте и сте размислиле за сопствените непромислени постапки, добро ќе се чувствувате. Во спротивно, ќе мислите дека другите ве искористуваат. Проблемот ќе го решите со патување што подолг временски период го планирате.

 


#
Најди! во Утрински