Што прават денеска
Марјан Неќак
музичар
По некоја „случајност“, денеска ми е роденден, но ќе го минам работно и колку што е можно „свечено“. Шегата настрана! Навистина ми е роденден, но во театарот во Струмица работам на претставата „Црвената магија“, во режија на Владимир Милчин. Не сум ни дома во Битола, па работата е во прв план.
Верица Пандиловска
пејачка
Иако сабота, денот ми е преполн со обврски во врска со бизнисот. Денеска имам намера да ги завршам обврските во дуќанот во Тетово, па оваа „работна посета“ на мојот роден град ќе ја искористам за семејни посети- да се видам со мајка ми, како и со свекорот на сестра ми.
Ѓорѓи Тодоровски
актер
Викендов го чекав со душа, да се собереме семејно и да се дружиме со пријателите. Неопходна ми е релаксирачки амбиент, по неделната трка со разни ангажмани. Од понеделник продолжувам со одржување детски претстави во скопските градинки. |