Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Меридијани

Пандемија што не беше пандемија

Хенри Милер

Повеќето експерти за инфлуенца сметаат дека СЗО претерано панично реагирала

Во јуни минатата година Светската здравствена организација (СЗО) при ОН, одговарајќи на епидемијата на вирусот Х1Н1, свински грип, го постави алармот за пандемија на највисоко ниво, што значи дека во тек е пандемија - првпат во 41 година организацијата презеде ваков чекор. Eпидемијата, по се' изгледа, не заврши како осамен див вепар како што бирократите на СЗО предвидоа, туку повеќе како печено свинско филе со јаболка и жалфија. СЗО во неколку наврати го прекрши предупредувањето на Шерлок Холмс, „најголема грешка е да се шпекулира пред да се имаат сите докази“. И тревогата за пандемија беше двојно чудна, со оглед на тоа дека обичниот сезонски грип што годишно го погодува светот е непроменливо посмртоносен отколку помалку вирулентниот вирус на Х1Н1 што сега циркулира и, секако, ја задоволува дефиницијата на СЗО за пандемија.

Иронично, појавата на грипот Х1Н1 во последниве девет месеци би можело да се смета како чиста бенефиција за здравството, бидејќи изгледа тој ги задуши или во најмала рака ги истисна значително повирулентните и посмртоносните сезонски видови грип. За време на втората седмица од јануари 3,7 проценти од Американците беа позитивни на тестовите за сезонски грип, во споредба со 11,5 проценти за време на истиот период во 2009 година. Официјалната бројка на починати низ светот од Х1Н1 е под 14.000 лица, додека сезонскиот грип убива просечно околу 36.000 луѓе во САД и стотици илјади низ светот. Повеќето експерти за инфлуенца и здравствена заштита сметаат дека СЗО претерано панично реагирала.

Лажните аларми направија ознаката „пандемија во тек“ да биде речиси безначајна и ја намали нејзината полезност. Тоа, пак, како одговор имаше значајни последици: како што Џек Фишер, професор по хирургија на Школата за медицина на универзитетот „Калифорнија“ во Сан Диего, забележа: „Продолжи да плачеш ’волку’ и СЗО може да се надева на помали, од вообичаено, согласувања со извештаите за вакцината за грип веќе следната есен“. Уште полошо, замислете што би се случило ако се соочиме со вистински опасен нов патоген, како нов вид од Х5Н1 птичји грип (што во сегашната форма има стапка на смртност за стопати поголема од онаа на Х1Н1), што е лесно пренослив меѓу луѓето. Лажните аларми на ОН, исто така, имаа понепосредни ефекти. Според Метју Хингерти, генерален директор на Австралискиот туристички совет, земјата изгуби илјадници туристи поради прогласување пандемија од страна на СЗО. Египетските здравствени власти бурно реагираа и наредија убивање на сите свињи во земјата.

Публицитетот и паниката што произлезе од објавата од страна на СЗО за зголемување на нивото од тревога од фаза 5 во фаза 6, особено во отсуство на соодветна вакцина (до декември), исто така, ги изнесе на површина измамниците што пласираа секакви видови неефикасни и можно опасни заштитни средства и надрилекарства.

Работата на СЗО беше во голема мера критикувана: Парламентарното собрание на Советот на Европа, на пример, на 12 јануари посочи дека планира да дебатира за „лажна пандемија, закана за здравјето“, подоцна, во текот на јануари. Сепак, официјални претставници на СЗО продолжуваат да ги бранат нивните мерки. На конферен��иската врска со новинарите на 14 јануари Кеиџи Фукуда, специјален советник на генералниот директор на СЗО за пандемична инфлуенца, наведе дека организацијата не ги прецени опасностите туку „се подготви за најлошото, а се надеваше на најдобро“.

Дубиозните одлуки на СЗО демонстрираат дека нејзините официјални лица се премногу нефлексибилни или некомпетентни (или и двете) да ги направат потребните приспособувања на системите за предупредување од пандемија - што ние би го очекувале од организација што е научно предизвикана - самобендисана и неодговорна.

(Авторот е лекар, молекуларен биолог и поранешен истражувач на инфлуенца. Работи во институцијата „Хувер“ на универзитетот „Стенфорд“ и во Институтот за компетитивна иницијатива и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 1070 пати.

Испрати коментар

Од: Lukrartivna pandemija
Датум: 12.04.2010 01:38:36
Vo proglasuvanje i diganje na ovaa histerija okolu pandemijata na Influenca od virusotH1N1 od strana na ekspertite na SZO ne se rabotese ni za nekompetentnost , ni za nefleksibilnost, no za edna tajna povrzanost so odredeni farmaceutski korporaciii koi od taa panika izvlekoja debeli profitiu. Samo presmetajte kolku zarabotija odredeni golemi farmaceutski kuci od panicnoto kupuvanje od drzavite na tamiflu i na vakcinite , koi sega stojat vo zalihi i propadjaat. ako nekoj smeta deka seto toa bese slucajnost se lazi. I vo WHO( SZO) sedat birokatrati so somnitelni moralni pa i trucni kvaliteti koi se skloni kon korupcija, a farmaceutskite giganti toa go koristat. nekoi poseriozni naucni rabotnici uste togas skrenuvaa vnimanie na ovie fakti, no vo taa panika nikoj ne gi slusase. E toa mdju drugoto se vika> bekla mafija"/
Од: vesela
Датум: 12.04.2010 09:29:30
Azis Polozani, Dragan Djorgev, Vladimir Kendrovski od IJZ se edni od mnogute FOLIRANTI (sheta shto Kapor ne e zhiv), koj so pomosh na drugi takvi FOLIRANTI od Ministerstvoto za zdravstvo, biroto za lekovi, infektivna klinika i japito magister pticopevac Lazarevik i sluzhea verno na mizitatarata svinski grip, a se vo svoj interes i interesot na farmacevtskite konmpanii. Ushtre shto ne cheka. Dodeka ima javachi na apokalipsata takanarecheni eksperti (samo shto ne pishuvaat kolumnenici, tuku se turbo za ishrana, za globalno zatopluvanje, za poplavi, zemjotresi, pandemii). Bravo deset vo edno.
Од: Dejan
Датум: 12.04.2010 11:38:33
Sega koga mina site se silni! Kolku mladi luge kaj nas pocinaa bez da imaat hronicni zdravstveni problemi,i toa li bese iscenirano od SZO?! Sreka minavme bez pogolemi zagubi,odete i napravete prikazni kaj semestvata na pocinatite pa togas govorete za konspiracii...

Најди! во Утрински
Мислења
Од лошо полошо
Полското срце секогаш чука за Македонија