Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Мислења

Од лошо полошо

Ана Павловска-Данева

Нема да зачуди ако анонимни судии утре побараат домашен притвор за судијка! И вакво ли „чудо“ би процесуирал претседателот на Судскиот совет

Совет на градоначалници од само една политичка партија е најновиот изум на политичката сцена во Македонија. Од страна на пратеник во Собранието на Република Македонија беше кажано дека тоа не е здружение на граѓани, туку официјален партиски орган. Ако веќе одредени пратеници не го познаваат добро правниот и политичкиот систем во државава, добро ќе беше да ги знаат барем темелните уставни вредности предвидени во нашиот највисок правен акт. Така, согласно со член 8 од Уставот на Република Македонија, локалната самоуправа претставува темелна вредност на Република Македонија. Една друга одредба од Уставот (член 115 стр. 2) утврдува дека „Општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на нејзината работа го врши Републиката“. Значи, централната извршна власт, согласно со нашиот Устав, може да врши надзор само врз законитоста на работата на локалната самоуправа, а и оваа контролна дејност се спроведува во точно утврдена законска процедура, а не според лично наоѓање на премиерот во улога на партиски шеф.

Како тогаш на граѓаните на Македонија да им се објасни свикувањето и распитот на сите вмровски градоначалници од страна на претседателот на Владата? Зарем тие не се избрани непосредно од граѓаните, без оглед на нивната политичка провиниенција? Според кој правен акт во државава тие се должни да му даваат отчет на премиерот за целокупното своето работење? Локалната самоуправа во вршењето на своите изворни надлежности се финансира од сопствени средства на приходи, што ќе рече, од парите на граѓаните што живеат во конкретната општина. Со кое право премиерот бара отчетност од нив? Тој ниту им ја дал власта ниту може да им ја одземе.

Подобро ќе беше градоначалниците да излезат пред своите граѓани, да им ги објаснат планираните проекти, спроведените активности, потрошените средства, да им објаснат зошто во најголем дел општини се зголемени јавните давачки и комуналните такси, зошто директорите на училиштата ги раскинуваат договорите со постојните наставници, а на нивно место вработуваат нестручни кадри без соодветно образование и искуство и слично. Вака, освен што средбата беше жална и патетична, укажа на уште едно навлегување во демократијата од страна на централната извршна власт, односно на нејзино директно мешање во работите на локалната самоуправа.

Сепак, добро е што медиумите пренесоа дел од овој настан, во спротивно, како ќе знаевме дека имаме градоначалници што му се заблагодаруваат на премиерот „за поставеното прашање“!? Се надевам, граѓаните имаа можност и од оној кус телевизиски пренос да проценат на кого му ја дале довербата за управување со својата општина и да се преиспитаат дали повторно ќе поддржат таква сервилност, политичка зависност и немање сопствен интегритет.

Следејќи ја оваа практика, се плашам власта да не добие повторно наплив на креативност, па да формира уште понови партиски органи како: совет на директори на училишта од ВМРО-ДПМНЕ, совет на директори на болници од ВМ��О-ДПМНЕ, совет на наставници од ВМРО-ДПМНЕ, совет на професори од ВМРО-ДПМНЕ, совет на државни службеници од ВМРО-ДПМНЕ итн. Ќе морам да појаснам: претходнава констатација е само иронија, се надевам дека надлежните во партијата на власт нема да ја сфатат како сериозна идеја за реализација!

Кога веќе ги споменав директорите на општинските училишта, не смееме да останеме неми за состојбите што се случуваат во помалите општини. Замислете, во Агенцијата за вработување во Делчево немало кадри за наставници, па на нивно место се вработуваат домари!? Не знае човек што е пострашно, да му учи детето во училиште без тоалети и основни услови за елементарна хигиена или, пак, да му предаваат англиски јазик лица со завршени осум курсеви во стручна школа и двегодишно работно искуство на брод (на кој гостите и послугата зборувале на англиски)!? И, како што вели нашиот народ, директорот без срам и перде дава изјава за медиум дека бродскиот работник е соодветно решение за испразнетото наставничко место за кое законот предвидел изрични услови за вработување. Но, што е законот во споредба со седница на Советот на градоначалници (основното образование претставува изворна надлежност на локалната самоуправа), каде што градоначалникот добил амин за својата досегашна работа од премиерот?

Еве уште една идеја што ја изразува апсурдноста на нашиве состојби во јавната администрација: ако недостасува кадар за предавање на предметот Право во средните стручни училишта, може да се ангажира долгогодишен затвореник од практика, тој најдобро би го знаел текот на судската постапка, како и работењето во пенитенцијарните установи (затворите). За наставник во фискултура, пак, може да биде ангажиран и страствен гледач на спортски телевизиски емисии или невработен и нешколуван младинец, кој одлично игра фудбал пред зграда!

Околу правната сигурност на граѓаните може многу работи да се дискутираат, но најактуелен е примерот со повлекувањето на правилникот за ПП-апарати. Замислете, никој никому не одговара затоа што илјадници граѓани беа принудени да потрошат пари на глупости, за потоа да им биде кажано „Пу, пу, не важи“. А, фирмите што набавиле вакви апарати за масовна продажба што никогаш нема да ги продадат, кој ќе ги обесштети? Ова не е прв пример, уште поеклатантно беше принудувањето на граѓаните да купат патриотски фискални каси, по што повторно им беше кажано дека одлуката е незаконска, дека некој си експериментирал со моќта и овластувањата што ги имал. Како ќе им се надоместат залудно потрошените средства на граѓаните, кој ќе одговара за непромислените и незаконити одлуки? Никој и никако!

На крај, еве пример за крајно апсурдно однесување во судството и тоа во повисоките негови инстанции. Претседателот на Судскиот совет решил да препрати анонимна претставка од судии на Апелациониот суд до претседателот на Судот, поради тоа што судијка, за која е во тек дисциплинска постапка и е суспендирана од вршењето судиска функција (а, не е разрешена), доаѓала на работа и - замислете, комуницирала со претседателот на Судот во неговата канцеларија!? Со тоа можела негативно да влијае врз текот на постапката! Оние кутри судии што ја испратиле претставката требало барем малку да покажат сопствен интегритет и одважност и да се потпишат на документот. Замислете колку е способен судија на апелационен суд, што толку добро го познава правото што дава сопствено толкување на поимот суспензија и го изедначува со поимот прекин на судиска функција, штом се плаши или се срами од сопственото тврдење, па мора да пишува анонимни тастерски писма до Судскиот совет? Браво за непотпишаните судии на претставката! Со оглед на фактот што суспендираната судијка може и во слободно време да се наоѓа и да комуницира со колегите и со пријателите, па дури и со медиумите, нема да зачуди ако нејзините анонимните колеги утре побараат домашен притвор за судијката, така ќе бидат сигурни дека нема да има комуникација со никој надвор од нејзиниот дом! И вакво ли „чудо“ би процесуирал претседателот на Судскиот совет и би барал негово разгледување?

По сите наведени примери за состојбите во македонските државни институции и севкупниот јавен сектор, не ни останува ништо друго освен да заклучиме дека беззаконието, партизацијата, волунтаризмот и нестручноста , за жал, ни станаа основна карактеристика на денешнината.

(Авторката е професор на Правен факултет)


#
Статијата е прочитана 2225 пати.

Испрати коментар

Од: Alek
Датум: 12.04.2010 00:20:30
Самоволието на власта нема крај и граници. Покрај сето ова што го наведовте, го задушуваат и секој глас на разумот. Прашање на време е кога ќе воведат и концентрациони логори за неистомислечките. Им се воодушевувам на одредени храбри новинари за тоа што секојдневно го креваат гласот против овие погубни постапки за државава, поради кои народот се движи во темнина, од секаде стегнат, од секаде под закани, притиснат од колективното лудило кое го шират оние кои сега ќе се јават да ги добијат своите дневни штабски поени во ДПМНЕ-то.
Од: sirma vojvoda
Датум: 12.04.2010 00:54:01
klasicna diktatura zatoa makedonce ne e vreme za spienje vreme e ZA ...............OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Kimov
Датум: 12.04.2010 05:29:21
Mnogu gradonacalnici od koga dojdoa na vlast vo drzavata napravija golemi kuci sto vrdat poveke od 200.000 evra. Drzavniot vrv ako negi kontrolira takvite luge od taa drzava ne biduva ama bas nisto. Toa tie isto kako drzava bez vojska. Gradonacalnicite nemaat gajle od narodot sto ke rekol i nikogas nema da im dadat ocit.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 12.04.2010 06:49:58
Затоа е нужно да поминеме на отворени листи. Уште нешто што можеби професорке не сте го забележиле: посебни обуки на партиските државни службеници и второ, партиските државни службеници имаат партиски шефови во самиот државен орган, и често пати овој партиски шеф е на пониско работно место, па имаме многу смешни ситуации.
Од: Serafim
Датум: 12.04.2010 07:23:16
Vo sistem vo koj uspesnosta na gradonacalnicite se ceni po brojot na vrabotuvanjata na negovoto potesno semejstvo vo drzavnata administracija i po umesnosta na,, transformacija,, na budzetskite pari vo privatni dzepovi,nema i neme da ima napredok. Se e svedeno na licni interesi i nisto drugo.
Од: Чисти глупости
Датум: 12.04.2010 07:41:39
Нема ништо лошо ако градоначалниците од една партија се здружат. Напротив, така можат многу подобро да ги разменуваат искуствата. Авторката, заслепена од партиска омраза, иако е потпишана како професор по право, ги измешала сите поими обидувајќи се да објасни како тоа било противуставно. Ако е точно тоа што го напишала, нека се обрати до Уставниот суд па да видиме дали можат и тие да укинат еден партиски орган. Чисти глупости!!!
Од: Трпе
Датум: 12.04.2010 08:09:48
Ако не е смешно,тогаш е трагично ,практикувањето на ова пропагандна влада.Се е испревртено ,се е испретурено.За нив важат само законите и правилата на дпмне.Мнозинството на градоначалници од владеачката партија се со заврзени керилја.Од нив не се бара никаква способност,доволно е да бидат послушници на лидерот.Нема потреба и од замарање,да размислуват со сопстевена глава,Во тие општини каде се градоначалници од редовите на дпмне се само обични фигури на централната власт.Доволно е да знат да климат со главата пред претпставениот.Така беа тие и изберени,дека се што ке остваруват ќе биде со помош на централната власт.Заклучокот ке биде дека нема потреба од трошење пари за градоначалници и локални совети.А незнам дали и министрите моше да работат по сопствени идеи и планови.Тоа добро се виде на одржаниот класен час на отворената седница на таканаречената влада.Класниот раководител иако ѓи знаеше сите одговори,мораше учениците да ѓи испрашува,колку ја имат совладано материјата од неговите
Од: Mite
Датум: 12.04.2010 08:11:31
ami ne gledash sto se prai vo Ohrid (leglo na SDSM), carstvo na gradeznata mafija, kade sto go smenija uste na vremeto ministerot Budjaku zatoa sto se drznal da rushi divogradbi vo Trpeica ( srushi duri 2-3 vili na sudii i na partiski moknici)
Од: dimitar
Датум: 12.04.2010 08:26:38
Vi blagodaram za statijata, samo sto za da stane kaj na trevata zelena kako vo Anglija potrebno e uste 200g.sto ne znaci deka treba da se bide servilen. Pozdrav.
Од: Игор
Датум: 12.04.2010 08:30:21
Браво. Одличен текст.
Од: Nikola
Датум: 12.04.2010 08:36:05
Eve slika sto se slucuva so cesnite i odgovorni ludje vo drzavava: 1. Kupiv fiskalna kasa! Ne treba povece. 2. Plativ taksa za MRTV za 15 meseci, vednas otkako gi dobiv fakturite za da ne dojdat izvrsiteli. Po 10 dena, Ombusmanot veli deka ne se zakonski. 3. Kupiv PP aparat. Vladata ja smeni obvrskata! Odgovornite gradjani, se cini, izleguvaat "Budali"
Од: nekoj
Датум: 12.04.2010 10:18:50
Super tekst. Se e tocno i realno kazano. Ana odlicno gi prikazuvas sostojbite i ne prestanuvaj so pishuvanje.
Од: student i fan
Датум: 12.04.2010 10:42:25
Profesorkata ne samo sto e ubava tuku e i mnogu pametna i sekogas znae da ja pogodi temata tamu kadesto najmnogu boli. Ja pozdravuvam ovaa kriticka ostrina i samo napred! Potrebni ni se povekje vakvi lugje vo naseto opstestvo, za konecno da se razoblici ovaa vlast.
Од: hanover
Датум: 12.04.2010 11:34:37
bez eu mekdon nema nikava idnina uste e vo tursko kadija te kudi kadija te sudi.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.04.2010 12:00:26
Се согласувам со вас за направената грешка,но очекував од вас да опсервирате околу уставните промени за незастарување на криминалната приватизација,која вие здушно ја браневте на твА2 таа уставна промена.Или сега сте во недоумица откако поморанџестите прифатија ваква уставна промена.Се надевам со своето знаење и со останатите експерти ќе направите квалитетен предлог за измена уставна.Само да не ве спречат од виножитниот кампус па се на крај да излезе како фамозната влада во сенка никогаш нереализирана.
Од: Сточен Еким® -Само за: Мачето ФЕЛИКС,занесено во улогата на Л`вче
Датум: 12.04.2010 13:22:05
Запиши си некој од 90.89% успешни Селски Факултети отворени од портокалбладата! Можеби и Ќе научиш да составиш една нормална реченица, па ќе може поубаво да те разбереме за тоа што сакаш да ни соопштиш во твоите дежурни пишувања! P.S. Една напомена пред да се запишеш: Се плашам дека целиот труд може да ти биде залуден!
Од: jasna
Датум: 12.04.2010 14:36:19
Moram da zabelezam deka profesorkata od koga oficijalno ja odbraa za clen na IK (izvrsen komitet ) na SDSM, pocna tolku zustrina i zar da vnesuva vo omrazata, sto ednostavno se plasam deka pocnuva da gi preminuva granicite na profesionalno pravno tolkuvanje na situacijata.

Најди! во Утрински
Мислења
Полското срце секогаш чука за Македонија
Пандемија што не беше пандемија