Што прават денеска
Блага Петреска
пејачка
Денеска треба да ја снимам новата песна што ќе ја изведам на претстојниот фестивал во Лешок, кој ќе се одржи на 27 август. Сакам да си ја завршам таа обврска пред да заминам на одмор в петок, да им се придружам во Грција на синот и снаата, кои веќе се таму со децата.
Розе Трајчевска
модна дизајнерка и костимографка
Бидејќи ова е време на одмори, а сопругот Александар и јас доработуваме некои проекти, постојано сме на релација Скопје - Охрид, бидејќи децата ни се во Охрид. Да завршиме со проектите и на синот да му извадиме пасош, па, конечно, да отидеме на море.
Кристијан Стефановски
менаџер на „План Б-продукција“
По неодамнешните концерти во Охрид, деновиве сум во Скопје каде што веќе работиме на идните проекти, што ќе се реализираат од септември. Покрај обврските во продукцијата, наоѓам време и за рекреативно играње ракомет, како и за последни подготовки пред заминување на одмор. |