|
Хороскоп
ОВЕН
Во текот на целиот ден расположението ќе ви биде врвно. Особено убави случувања на емотивен план. Ако не сте во врска, ќе запознаете некој што неодамна се вратил од патување. Здравјето е добро.
БИК
Утрото е попаметно од вечерта, затоа главата горе и храбро во нови победи. Денес е многу поволен момент за реализација на деловните планови. Малку ги запоставивте пријателите и можно е да ви забележат.
БЛИЗНАЦИ
Постои можност да дојде до некои мали несогласувања со членовите на семејството, но не грижете се. Лутината нема долго да ве држи. Финансиите се стабилни. Во љубовта многу нежности. Блага нервоза.
РАК
Во семејството владее добра атмосфера, што добро ќе влијае на вас. Финансиската ситуација не е идеална, но немате причина ни да се жалите. Во бракот е добро, а ако сте слободни, ви претстои средба што ветува.
ЛАВ
Зрачите со оптимизам, па на колегите ќе им биде задоволство да работат со вас. Назадувате финансиски. Ситуацијата во домот почнува да се компликува. Можна е љубовна авантура. Здравјето е добро.
ДЕВИЦА
Соработниците очекуваат невозможно. Навикнати се секогаш да бидете на врвно ниво на задачата, па нема да ви го толерираат одложувањето на договорот. Одличен ден за љубов и размена на нежности. Спијте повеќе.
ТЕРЕЗИЈА
Поголем дел од денот ќе бидете загрижени поради финансиите. Очекуваната парична добивка нема да ја добиете, но сигурно ќе добиете нова шанса за пресврт со помош на пријателот. Можеби ќе мора да одите на пат.
СКОРПИЈА
Не сте расположени како што партнерот очекува од вас. Ви годи самотијата. Тоа ќе ви биде главен извор за релаксирање. Работните обврски ги имате сведено на минимум, но без грижа, ќе го дополните пропуштеното.
СТРЕЛЕЦ
Задоволни сте со ситуацијата на работа, иако се' се одвива многу бавно. Емотивниот живот не ви претставува проблем зашто партнерот ви дава целосна поддршка, токму онаква каква што очекувавте. Здравјето е добро.
ЈАРЕЦ
Денес работите со насмевка. Амбициозни сте и влечете мудри потези. Околностите ви одат на рака, па забележителна е леснотија во работата. Вљубеноста ви дава дополнителна мотивација. Здравјето е добро.
ВОДОЛИЈА
Не ви годи тимската работа на која сте принудени. Натпреварувањето и докажувањето лошо влијаат на расположението. Разговорот со пријател може да помогне околу идејата што сакате да ја спроведете во дело.
РИБИ
Имате повеќе оптимизам од вчера, па и на работа ќе биде многу подобро. На работното место ќе се појави некој што ќе ви биде многу симпатичен, па ќе имате потреба да бидете забележани. Здравјето е добро.
|
#
|
|
|