Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Писма

Достоинство и доблест

Петар Шаламанов

Нема така да биде до недоглед. Ќе проработат гените на македонското битие, ќе се реинкарнираат делата на дамнешните генерации не може за навек дилетантството и шарлатанството да му биде алфа и омега на тој напатен народ.

Седнале во парламентот, во прескапите кабинети, во студијата на телевизиите наводните душегрижници (секретари, комесари, експерти, претседатели, лидери, министри, премиери, експремиери, парламентарци, експарламентарци, банкари, хирурзи, кардиохирурзи...) и без срам и перде дискутираат за македонската економија, за македонското здравство, за македонското судство, се' за македонското, од уста не им излегува, така го научиле глумењето, ако не си тукашен, ќе се воодушевиш од таа загриженост и посветеност за националните вредности и иднината на државата. Се отепуваат да докажат дека „Окта“, „Фершпед“, „Самоков“, „Македонија табак“, „Рамстор“, „Филип Втори“... е транзициона неминовност што ние, простите послушни вотанти не можеме да ја разбереме и затоа кога бараме одговори за небулозното лично богатство на наброените општествени глумци не' есапат како критизери, неинформирани и недостојни статисти во нивната светски признаена претстава. Најновите „откритија“ ме наведоа да се позамислам и најдам барем утеха во докажаната жилавост и истрајност на нашиот човек. Си велам, ќе му дојде крајот.

Е, сега во транзициона Македонија многу нешта не се можни. Настана невиден кризен период што трае една и пол деценија кога не се знае дали белото е бело, дали црното е црно. А се практикуваат сите нишани на политичкиот тренд. Членка на ООН, членка на Советот на Европа, кандидат за НАТО и ЕУ, членка на сите можни асоцијации, дури и лидер на некои. Сега од каде да се започне, како да се дефинира тој парадокс поволна клима, доволни ресурси, политичка етаблираност, од една страна, и очаен бруто- национален производ по жител и статистички триесетпроцентна сиромаштија, од друга страна?

Венко Андоновски (ќе си го дадам правото да го именувам) е најблизок до одговорот. Во една колумна со право констатира дека и давањето мито е корупција, а народот наш заразно го практикува тоа неетичко однесување и непосредно придонесува неговите избраници да бидат достапни само за дарежливите. Во една таква спрега се губат сите позитивни човекови вредности и на голема врата се втемелува во свеста на сите дека непотизмот, подмитувањето, арамилакот, некритичноста... е најважното, а оние што агитираат чесност и праведност ги прогласуваат за неподобни и непотребни. Ништо не е случајно. Затоа, атрактивните апсења на дел од арамиската армада за милионите евра предизвикуваат повеќе задоволство и помалку мачнина о�� стореното. Но, за кажаното, ќе се согласите, треба обемна социолошка студија. Еден прекрасен народ со исконска тврдокорна традиција да доживее таков пад на моралот не е можно.



Кому народот да му поднесе тужба?

Стефан Момировски, Скопје



За изречената пресуда (казна) на професор Фрчкоски за „клевета, навреда, омаловажување и нарушување на угледот“ многумина во земјата тријат раце. Почнувајќи од големите политички актери, продолжувајќи со крупните бизнисмени, колеги од Универзитетот, па и познати интелектуалци и новинарски имиња.

Дефинитивно, стравот треба да влезе во коските на сите што сакаат барем малку да се обидат да размислуваат поинаку од тужителот.

Зар молчењето треба да стане поважно од пишувањето, зборувањето, различното, критичното... А, тоа што политичкиот плурализам го сведовме на 3-4 политички партии со по десетина послушници во партиите и надвор од нив - никому ништо!

На кого да му поднесеме тужба за лага, изневерени очекувања, испуштени рокови, изгубени надежи, изолираност...?

Да ги тужиме за фијаското што го доживеавме во годината што измина!

За сведоци ќе ги повикаме Нимиц, Буш и другите да потврдат дека имавме шанси. Можен ли е таков процес во нашата земја? Тужителот ги излажа граѓаните - не добивме покана за членство и датум за преговори.


Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Извинување