Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Писма

Притисокот врз А1 е притисок врз јавноста

Илиjа Нацевски

Брутални напади на власта врз А1 телевизија, т.е. врз медиумите што објективно информираат критикувајќи го владеењето на оваа гарнитура, не престанаа со окупацијата врз А1. Демонстрација на сила како во најмрачните режими покажа дека има само една цел, да ги замолчи ваквите медиуми што не потклекнуваат на заканите за пласирање на реалната слика за состојбите во државава.

Колку што се сеќавам, се' започна кога полицијата ги ограничи влезот и излезот на новинарите од телевизијата. Демонстрацијата на сила доби повеќе интензитет кога стигнаа специјалците и ја опколија телевизијата. Никој од новинарите на медиумот не можеше слободно да ја извршува својата работа. Власта во истите моменти пласираше информации дека се работи за инспекторска акција, меѓутоа, внимавајте, УЈП прави контроли со асистенција на специјалци, а не случајно за ден на окупацијата на медиумот беше денот кога сопственикот Рамковски ги посети тутунарите, ги посети за да им даде поддршка во нивните барања да се цени тутунот реално.

Најверојатно, власта премногу се исплаши од она што може да им се случи поради неправедноста што им ја нанесе на тутунарите, премногу се исплашија доколку нивниот револт како што гледаме денес се излева на патиштата низ цела држава. Најпрво го уапсија оној што ги поведе на штрајкови во 2006, потоа удрија на еден од наводните организатори на протестите, без никакво оправдание му запленуваат возило само за да го заплашат за наредниот ден да му го вратат како ништо да не било. Душко Илиевски, кој јавно го искажа својот револт за владиниот криминал во шведската млекарница „Сведмилк“, јавно проговори за голготата што ги зафати сите битолски фамилии, кооперанти на оваа криминална институција, Владата не избирајќи средства да го замолчи го направи одгледувач на марихуана, па го притвори.

Нелогичностите и контрадикторностите продолжуваат и натаму. Теророт не завршува кај Рамковски. Сега на удар се токму новинарите на редакцијата, кои овој пат се изложени на психолошки терор од страна на власта.

Ова е моментот кога македонското новинарство се наоѓа на историски крстопат. Или ќе потклекне под владиниот линч за неситомислениците или ќе биде професионален информатор на јавноста. Ова не е ништо друго освен политички обид за замолчување на новинарите. Меѓутоа, овде не се работи само за притисоци врз новинарите, всушност, притисокот е врз јавноста и врз граѓаните. Ние сме жртвите на оваа тоталитарна мерка што ја спроведуваа диктатори многу години. Од нас зависи дали ќе останеме неми набљудувачи на неправдата, теророт што ни стана секојдневје или сите заедно ќе се избориме да ставиме крај на овој тоталитарен режим во земјава. Затоа што, ова што гледаме како власта упаѓа во нечии домови кај ќе им текне, може да му се случи на секого од нас.


#
Статијата е прочитана 750 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 20.01.2011 13:11:03
A1 tv ne moze da padne, narodot ce ja odbrani , decava vo vladata go izgubija kompasot no edno nema da se sluci. Pritisokot vrz A1 e jasen i otvoren, samo slepcite so rozovi ocila toa ne go gladaat.
Од: flying-monaco
Датум: 20.01.2011 15:47:14
Pritisokot nemozi nikoj da go chuvstvuva do kolku e nevin, a zasegnatite vo A1 neka si odgovarat za nacinot na rabotenje na crno vo edna vakva organizacija. Tie se dovolno vesti i svesno manipulirat so vlasta i javnosta. I vo mojata drzava kade momentalno ziveam ne e nist po liberalno, ili receno vlastite ja imat 100% kontrolara vrs danok na zarabotka. Boli ama mora zakonot segde da se pocituva...A1 mislam vreme e da e plati kaznata za onie godini koi napravila kriminal.
Од: tihi
Датум: 20.01.2011 16:40:57
A1 objektivno informirala???!!! I posle nekoj ke komentira deka slepcite so temni naocari poubavo gledale od tie so rozovi.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.01.2011 20:29:00
Нема потреба од паѓање во ,,дерт,,и самоиндентификување како жртва,непрочитав што тоа вас ве тероризирала власта.Но нејсе се чита на која опција и припаѓате па така со дебели аргументи го браните оној со самоникнатата марихуана,па оној со документи кој ќе се докажуваа на суд дали се фалсификат или не.Но го заборавивте оној водач тутунарски кој е осуден за силување пред овие протести.Него власта телепатски лани лето го осуди оти знаеле дека во јануари годинава ќе ги предводи протестите.
Од: Veselin
Датум: 20.01.2011 21:33:55
A1 -realen medium?Voopsto nemam protiv da se kritikuva vlasta.Sekoja vlast saka da si gi zatskrie neubavite raboti.No edno e realno,a drugo tendeciozno i iskriveno izvestuvanje.Plus nikogas ni dobar zbor za vlasta.No nikogas nisto loso za Velija i negovite zastitnici,koj nekogas se od ednite ili drugite.Novinarite ne znaat sto pravi Velija?I tuka zavrsuva prikaznata za nezavisno novinarstvo.Site novinari rabotat po nalog na sopstvenikot na mediumot.I najpoznatite svetski mediumi isto se pod necie vlijanie .Gi zalam novinarite koi rabotat za Velija.Vo isto vreme i gi osuduvam .Mizerno navistina,duri da se predisvika i nasilno rusenje na vlasta.A za toa sleduva soodvetna kazna.
Од: od ostrijot
Датум: 20.01.2011 23:11:29
saka da demonstrirat sila a ostana postrani sega drugo nisto neim ostanuva osven da izmisluvat novi lazi za daoperat obraz no kakose veli sto usta posere nemoze ni voda da opere .
Од: Karokan
Датум: 21.01.2011 01:11:22
G-dine Felix,ne znam za koj ucesnik vo protestite zboruvas,a osuden za siluvanje uste minatata godina!!!!! Za drugite dvajca znam i vo eden komentar vece ti odgovoriv ARGUMENTIRANO,no ovoj slucaj navistina ne mi e poznat.Mozebi i mi e poznat,no ne mozam da go povrzam slucajot (verojatno sum cul za nego) i liceto.Veruvam deka e taka.Megjutoa ,toa samo po sebe ne znaci deka ne smee da izleze na protesti.Ne mi e toa zborot.Zborot mi e deka nemas ni prestava kolku,so pridavanjeto na politicka dimenzija na vakvi slucai (verojatno go osudil sudot,a ne vlasta) ti i drugite,doprinesuvate za "ostanuvanje vo zivot" na razni kriminalni odnesuvanja.Akone ti e jasno na koj nacin,pobaraj,so drug komentar ce ti doobjasnam!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ivona
Датум: 21.01.2011 10:03:24
treba cel narod da go iskase svojot revolt na ovaa bezmilosna vlada sprema svojot narod koj i dade vlast da ja go vodi ovoj narod vo blagosostojba a ne vo bezdna od koja nema nazad.Narode ovoj vlada ne krade sekojdnevno so site nejzini novoizmisleni zakoni ,za taksi,otkupi legalizacii.itd so se poveke se osiromasuva obicniot covek,a tie nivnite novovtaboteni vo javna i drzavana administracija po celi semejstva treba da gi nahranime so plati od po 30 000,00denari po clen.konecno treba da se osvesti ovoj narod da ja iskaze svojata graganska neposlusnost vo sekoj segment,i da si gi cuvame parite za sebe pada vidime kako ke go polnat budzetot ,za da gradat so nasi pari zmizli,kucki macki,bikovi kohji imagarinje,taka narode da im se priklucime na tutunaru\ite,na lozarite ,na mlekarite ,i na sebe i da gi trgneme ovie detista nenasitni .

Најди! во Утрински
Писма
„Зимбабве“ надворешна политика на власта