|
|
|
|
|
|
„Зимбабве“ надворешна политика на власта
Катерина Петреска
Да. Уште еден успех на нашата надворешна политика. По Зимбабве, не' призна и Боливија. Вест што е примена со воодушевување од нашиот политички врв.
Зимбабве, земја на африканската „демократија“, не' призна под нашето уставно име. Земја во која владее демократија. Не се знае дали е отсликана од нашата или нивната кај нас. Земја во која се „почитуваат“ човековите права. Демократијата преточена во „закон – тоа сум јас“.
Ова наше зближување се случи на Самитот во главниот град на Либија, Триполи, одржан во последниот квартал на изминатата 2010 година. На Самитот присуствуваа голем број видни државници, државници на земји, кои би одиграле важна и значајна улога во подигнување на угледот на нашата земја и нејзино брзо интегрирање таму каде што природно, географски припаѓа. Се одржуваа меѓусебни средби на државниците, учесници на тој самит. Веројатно, се разговарало и за подигнување на нивото на меѓусебна соработка, се' во функција за подигнување на стандардот на своите граѓани. Така барем кажуваа информациите од електронските и од печатените светските медиуми што известуваа о�� тој политички собир.
Вакви успешните политичари од „помалите” и понеразвиените држави ги користат за доближување на својата земја до развиениот свет. Ги користат за договарање за меѓусебна трговска и економска размена, во нашиот случај, за влијание кај државите за добивање поддршка во изнаоѓање решение за името во спорот со Грција. Ова од причина зошто нашиот опонент во спорот со името користи секакви можности, а најмногу вакви собири да придобие што поголем број свои сојузници. Така прави држава со зрела дипломатија.
А како работиме ние на тој план? Присуствуваме само заради присуство. Би употребила една српска изрека „Да нам пут види капут“. Со настапи на одделни залутани луѓе во политиката ги губиме и оние пријатели стекнати со мака – пример, настапот на Ѓорчев во Брисел. И како последно, средбата на Груевски со Мугабе на самитот во Триполи.
Не би било ништо изненадувачки за таа средба кога Зимбабве би била земја што ги почитува човековите права.
Зимбабве на чело со диктаторот Мугабе важи за диктаторска земја. Држава во која владеат единствено и само неговите закони. Како резултат на таквата политика, од страна на ОН и на ЕУ се преземени и се воведени ригорозни мерки. Но, како секогаш, така и во овој случај, нашето политичко раководство на чело со премиерот Груевски, од сите присутни, за најсериозен партнер во разговорите го одбра токму Мугабе.
И еве сега го гледаме резултатот од тој пријателски разговор, Зимбабве, ја призна Република Македонија под уставно име. Една голема дипломатска „победа“ за Македонија!
Но, некои работи не ми се јасни. Што е тоа што треба да го даде Македонија за возврат на „братската“ земја Зимбабве? Што правиме на планот со ЕУ и НАТО по ваквата одлука или власта мисли дека ќе не' залажува, а ние ќе и' веруваме дека Зимбабве ќе ни донесе инвестиции и нови работни места? Нека не се залажуваат ниту со Либија, ниту со Зимбабве, ниту со Боливија, оваа дилетантска политика на власта повеќе не врви! |
#
|
Статијата е прочитана 639 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 20.01.2011 20:36:36 |
|
Се сложувам со вас да Мугабе е диктатор,но дали се сеќавате кој потпиша со С.Кореја 2005 год.Нивниот преседател за разлика од овој за кого пишувате е оличение на демократија, филантроп невиден,кој со голема љубов го прегладнува сопствениот народ,прави многу убави паради и слетови и т.н Вероватно сеќавајќи се на некогашните убави времиња на слетови,штафети,паради беше потпишан овој договор кој ни донесе огромни придобивки а посебно на економски план. |
|
|
|
|
|
|
Од: elena |
Датум: 20.01.2011 21:01:27 |
|
Ova pismo pokazuva taga i bolka sto sme dobile priznavanje od uste edna drzava vo svetot. Se katolici pogolemi od papata. |
|
|
|
|
|
|
Од: do Katerina |
Датум: 20.01.2011 22:13:41 |
|
Merkite i sankciite protiv Zimbabve od strana na NATO i EU ne e poradi nemanjeto demokratija tamu,ami poradi toa sto bogatstvata i resursite sto gi ima Zimbabve,Mugabe ne saka da gi deli so zapadnjacite i ne saka da bidat eksplatirani od zapadnjacite.Ti Katerino isto taka si vo zabluda deka NATO i EU ke ne zbogatat ako staneme clenovi tamu.Osvesti se. |
|
|
|
|
|
|
Од: diplomatski change=Koka za ime- |
Датум: 20.01.2011 22:15:01 |
|
Golem uspeh na nasata diplomatija sto ja vodi onaj od Kice. Ne prizna edna " golema velesila" Bolivija za zamena i nasa podrska vo ON da se dozvoli sloobodno djavakanje na listovi od koka , kako odraz na kulturnoto i tradicionalno nasledstvo na boilivijcite. aferim bre Milosovski za ovaa uspesna trgovija djvakanje na koka za priznavanje na ime. A onaj nedokvakan univerzitetski profesor i poranesen ambasador vo Slovenija, koj sega skoro go letase probniot balon za nekakva si konfederacija, vooduseveno go pozdravi ovaj " golem uspeh na diplomatijata. I posle se cudime sto sme na ova deredje |
|
|
|
|
|
|
Од: Ralist |
Датум: 20.01.2011 22:27:10 |
|
Gos.Novinaru,samo da ti kazam sto mislat za Mugabe,samite Zimbabvevci,Anglicanite ja imaa cela zemja crnite nemaa nisto bea slugi,belite otidoa po Amerika ,Avstralia,Canada ,i Evropa so mnogu pari,znam nekoi pak se vratija aa zemjata im s izdade pod naem a ne koj kako ke zagrabi.Pred 200 godini Anglicanite si ja prisvoija Avstralia i zemjata ja delele na Kralskite sluzbenici i poslusnite slugi. |
|
|
|
|
|
|
Од: pravda |
Датум: 21.01.2011 01:16:27 |
|
do Feliks;abe koga lazete vie vmrovcite sram nemate,S.Koreja e priznaena vo 1995 god.koga sekoe priznavanje znacese mnogu,ama sega koga sme kandidati za EU i NATO da priznavas diktatura i opravduvas pusenje na KOKA e toa go moze samo Grujo i DPMNE! |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 21.01.2011 01:17:23 |
|
G-dine Felix,sto vsusnost sakas da kases so ovoj komentar,potocno so napravenite paraleli od 2005 i ovaa sega.Kolku sto mene mi sece "brdnicata" (umot) toa e deka vsusnost nie se natprevaruvame vo gluposti!!!! Toa li. I navistina e taka,na edna napravena glupost od ednata politicka opcija ,"za prestiz" se pravat dve,tri ili povece glupostio od drugata opcija.
Navistina originalen nacin za progres na zemjata,
a i dobri igraci okolu toa!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Vasko |
Датум: 21.01.2011 09:17:41 |
|
Katerina, ne znam koja titula imate vie i so koe pravo se drznuvate vie da gi kritikuvate postapkite na nashata drzavna nadvoreshna politika. Spored tekstot vash gledam deka imate mnogu dopirni tocki so Marshalot Tito Petkovski, bidejki negoviot govor na omraza kon Ungarskiot premier, soodvetsvuva mnogu blisku so ovaj vash tekst! Ocigledno deka ste tolku partiski zaslepeni, pa taka da se sto ke napravi ovaa vlast za vash e pogreshen poteg,pa odite vednash kon opcijata da go napadnite i da ja unistite vrednosta na istoto.Ne znam samo koga vekje imate i patite od sindrom na samounistuvanje, ne se samounistite i ne ne spasite nas, Makedonskiot narod, od vashite nedobronamerni,neumereni izjavi(da ne recam gluposti)! Druga rabota e toa sto nitu vie imate nekoe pravo ili sila pa uste i da analizirate vlasta vo taa druga drzava,kakva bila, sto bile problemi ,zosto,zatoa itn. Zosto ednostavno ne si go gledate sopstveniot dvor i vashata masa, a ne sosednite! Ili kaj vas ruzi cvetaat??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 21.01.2011 09:50:55 |
|
Среле,1995,а не 2005 година!Да не џвакаш нешто од пробната количина кока?Каде беше Македонија 1995,а каде 2005. Инаку, признавањето од страна на Боливија или било која земја го почитувам,но тоа нема никакво значење ниту околу спорот со името,ниту со ЕУ и НАТО.РЕшенијата ги носат оние што го дрмаат светот-големите сили! |
|
|
|
|
|
|
|
|