Број 3279  вторник, 11 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Маратон за уживање

Роберт Димитриевски

Кратко време по поставувањето на новата атлетска патека во Охрид, според некои, најмодерна на Балканот, кралицата на спортовите и' приреди уште еден убав настан на Македонија. Четвртиот Скопски маратон привлече 2.400 учесници во неколку категории, а падна и рекордот на патеката.

Покрај насмевките на најуспешните натпреварувачи, задоволство можеше да се прочита и на лицата на организаторот на веќе традиционалната спортска манифестација во главниот град. Со право, бидејќи се' помина во најдобар ред, а за тоа се погрижи и армијата волонтери, без кои вакви приредби не можат ни да се замислат.

На Скопје ретко му се случува нешто убаво низ улиците. Неколку илјади луѓе знаат да се соберат и да продефилираат најчесто за да изразат некаков револт за сопствената положба или за вкупната состојба во државата. На прсти можат да се избројат случаите кога многу народ излегол на улица од позитивни побуди. И тоа од најмладо до најстаро. Од министри и дипломати, преку рекреативци и сериозни натпреварувачи до тукушто заодени деца.

Токму затоа, Скопски маратон ја заслужува сета можна поддршка. Таа засега не е доволна за да привлече некое звучно име од светскиот крем во најтешката спортска дисциплина, но растежот од година в година е видлив во секој поглед.

Како што рече еден од учесниците, маратонот во Скопје според квалитетот и нивото на организацијата е некаде на средина во однос на конкурентите од Балканот. Следната цел, бездруго, треба да биде таков сооднос во европски рамки.


#
Статијата е прочитана 1019 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Долговите се трупаат, Груевски не го сака ММФ
Цветанов обвинува мафијашки структури за својот случај
Зденко
Јаде се' и нема намера да гладува
Еден архитектонски потпис за новото Скопје
Камерон е македонски симпатизер
Коj се срами од Денот на победата
И поразените слават
Еврото ќе се спасува со 750 милијарди евра
Груевски го поправа Милошоски
„Ерлифт сервис“ редовен авиопревозник
Грчката криза - поука за нашата Влада
На генералот нема кој да му рапортира
Британија ja чека новата влада
Тежок изборен удар за Меркел