Број 3279  вторник, 11 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Еден архитектонски потпис за новото Скопје

По Јосиф Михајловиќ и Кензо Танге, Коста Мангаровски е третиот архитект чие име ќе остави траен белег во ликот на главниот град

Билјана Ангеловска


По Јосиф Михајловиќ и Кензо Танге, Коста Мангаровски ќе биде, веројатно, третиот архитект чие име ќе остави траен белег во оформувањето на ликот на центарот на главниот град. И додека Михајловиќ, најпознатиот градоначалник на Скопје, беше исклучително прогресивен архитект што го изготви првиот Генерален план на градот, а Танге претставуваше име со светско архитектонско реноме, своевидна икона на модернизмот, Мангаровски е речиси анонимен проектант за пошироката јавност, за кого слушнале само малкумина. Затоа, пак, во иднина негов потпис ќе имаат неколку значајни објекти кои допрва ќе се градат во центарот на Скопје.

Коста Мангаровски е професор на Архитектонскиот факултет на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ и предава компјутерско проектирање. Граѓаните на Скопје не го знаат по некои конкретни проекти, бидејќи нема изградени маркантни објекти со кои би можел да се поистовети. Печат со негово име носи почнатиот, но недовршен објект на Европскиот универзитет во населбата Ченто.

Но, Мангаровски ќе остане во сеќавање како еден од бранителите на проектот „Скопје 2014“. Улога, во која, како што се покажа, мошне успешно се снајде и ја понесе заеднички со својот колега по архитектура, Вангел Божиновски. Тоа и не е толку неочекувано, со оглед на неговата присутност во визијата за изгледот на главниот град.

Мангаровски е автор на дури четири проекти од „Скопје 2014“, чија реализација ќе се преточи во маркантни објекти во централното подрачје на главниот град. По негов проект ќе се гради Градската куќа (некогашниот Офицерски дом), потоа објектот веднаш до него кој е предвиден за хотел, пешачкиот мост „Око“ и надградбата со куполи на зградата на Собранието. Освен како проектант, името на Мангаровски се јавува и како претседател на Комисијата која одлучуваше за изборот на скулптурите што ќе бидат поставени на мостот „Око“.

„Моето учество во Комисијата беше од аспект на автор на објектот, а освен мене, членови беа и скулпторот Аџиевски и археологот Паско Кузман. Секој учествуваше во работата на комисијата од свој стручен аспект. Како што е познато, авторите имаа слобода сами да изберат лик на кого ќе му изработат скулптура и сметам дека е направен коректен избор. Во самиот конкурс имаше услов да се прават скулптури на личности од периоди што се изложени во Археолошкиот музеј“, го објаснува Мангаровски изборот на непознати и малку познати луѓе, чии скулптури ќе се најдат на „Око“.

Тој вели дека мостот го замислил да претставува на некој начин изложбен салон на Археолошкиот музеј, бидејќи ќе оди директно во новиот објект. На него ќе може повремено да се одржуваат изложби на старото богатство од лапидариумот на Музејот. Пешачкиот мост е проектиран и како шеталиште и како лапидариум, а тоа, според авторот, го дозволува и самиот негов распон.

Колку и да има логика во изборот на Мангаровски за претседател на комисијата за избор на скулптурите поради фактот дека е тој проектант на објектот, самото спомнување на неговото име, уште еднаш, по петти пат во кој било контекст на проектот „Скопје 2014“ кај многумина внесува сомнеж. Тој лично не гледа ништо спорно во тоа, бидејќи, како што вели, тој не решава чиј труд ќе биде избран на конкурсите. „Јас работам, проектирам и го покажувам тоа што го работам“, вели Мангаровски.

Сепак, сите не гледаат на работите како него. Иако никој од неговите колеги не сака да зборува јавно, генерално, сите имаат исто мислење. Не навлегувајќи во лични дискредитации, архитектите се согласуваат дека приватизирањето на урбанистичкото и архитектонско наследство на еден град не смее да биде ничија привилегија. Зашто, во спротивно, ќе се изгуби архитектурата.

„Кога во еден толку голем зафат, како што е проектот ’Скопје 2014‘, во кој треба да се сподели креативната енергија на повеќе архитекти, ќе се појават само неколку автори, се добива впечаток како да нема архитектонска позадина. Жал ми е што врз база на некој проект нема да се одрази вистинскиот креативен дух. Од друга страна, тоа е голема одговорност за сите учесници во неговата реализација, зашто, на крајот, сепак, ние оставаме нешто што треба да има свое траење. Вака, од многу причини не е во ред, не само од естетски туку и од етички“, вели архитектот Минас Бакалчев, дополнувајќи дека најголема штета е што се работи за меѓународни конкурси во кои учествуваат и странски архитекти. Тој како пример го посочува конкурсот за мостот „Око“, на кој учествувал врвниот англиски архитект, Питер Кук, кој претставува многу важна личност во историјата на авангардната архитектура од 60-тите години.

„Токму од тие причини веројатно и требаше еден таков објект да се издвои во средината и да се направи да биде атракција, да го промовира плоштадот, зашто би бил препознатлив по авторот. Имаше можност и други наши архитекти да дојдат до израз, да направат ремек-дела. Точно е дека секоја епоха има свои имиња, но треба да се направи таа да има свој белег и значење. Точно е и дека секој има право да учествува на конкурсите, но, пред се', потребно е да се има самосвесност“, нагласува Бакалчев.


#
Статијата е прочитана 2764 пати.

Испрати коментар

Од: ??
Датум: 11.05.2010 00:44:12
..многу сум вреден вечерва, хаха! Што се однесува до “проектот Скопје 2014“.. Моја силна поддршка! Инаку, ако чекаме архитектите , или било кои други да се договорат (посебно ако мислите да се договорат власт и опозиција) ГУБИТЕ ВРЕМЕ! Ние дома не можеме да се договориме кој канал на тв да се гледа, а камо ли, овие со најголеми суети (политичари и архитекти) да се договореле. Затоа, што год да е, САМО НЕКА СЕ ГРАДИ И ДА НЕ СЕ КРАДЕ ( во процесот). Поздрав!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 11.05.2010 04:26:10
Да се гради, ама да не се кради? Па целиот проект е создаден да се кради. А остај тоа, се растрчале по европа за да не задолжат со големи камати за баснословно скапи скулптури.Од каде по 5 до 6 па и 7 пати поскапи од слични на ним? Каде одат парите?.Кој се се омрсил и ќе се омрси?.Колку досега му се исплатени хонорари на професорот по сите основи?Дали има и тука замешани ВЛАСТИТУТКИ, и на крај кој тоа се дебело ќе го плаќа.Криза на пари а криза на морал? Срамно и стопати срамно и криминално, Аман бре луге доста со преродбата,Некои се препородија и омрсија , но ја урнисувате државата.Даравелски систем???Или и подобар стопати???
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 11.05.2010 05:28:22
Komentatorot so dva prasalnika e vo potpolno pravo.Samo jas se prasuvam ? Sto stana so Arhitektonskiot proekt -Mostot na Cveketo i vo koj Urbanisticki plan toj ke se vkoluci ?Dali ke se vkuci ili izgradi vo Urbanistickiot plan Skopje 2014,a moze i porano .Baram odgovor na mojte prasanja od nadleznite na Arhetektonskiot fakultet - Kiril i Metodi od Skopje ili treba da se otvori Nov Privaten Fakultet za ovoj proekt.POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEONIJA ,koj saka CELA RM da ja URBANIZIRA sto moze pobrzo i poubavo ,slicno kako HOOLLY W OO D i drugite Evropski i Svetski Metropoli se razbira samo vo GEOGRAFSKIOT SVET.
Од: gnevna
Датум: 11.05.2010 06:44:27
Gospodinot arhitekt go razbiram bidejki dosega vo regularna postapka ne mozel da se dokaze. Dovolno e da vidite kako izgleda i se ke vi stane jasno i za vkusot i za renometo a i za pedigreto. Site konkursi se veke namestena rabota. Kakov proekt pobedi za kukata na Majka Tereza, nego go ponistija (a sto drugo) i novata kupena komisija go "izbra" diskvalifikuvaniot proekt frankenstajn na Bozinov(ski). Taka i za oko. Nie sme najpametni, najeducirani, nejprefineti pa nie boze sme anticki makedonci ili cistokrvni francuzi od dinastijata Luj (spored iskonskata potreba da ziveeme barok)?
Од: mene
Датум: 11.05.2010 07:27:49
m vpecatok deka vo Makedonija zavladea skulpturomanija.
Од: Скопјанец
Датум: 11.05.2010 07:30:47
Од мака незнатете веке што да правите вие видни и слини архитекти што го упропастивте Скопјегодини наназад. Па дега овој бил ваков, бил таков. Се сврши песната. Готово е чеда мои, готово е.
Од: BIG FAT ARCHITECT
Датум: 11.05.2010 07:48:25
Не ми е јасно какви луѓе се тие политичари, новинари, коментатори, па дури и архитекти што не сакаат да се гради???!!!
Од: Трпе
Датум: 11.05.2010 08:39:29
Во текстот е пропуштено на овој анонимусот архитект и овој Божиновски кој им е шеф,на која партија се подржувачи.Дали ги користеле своите способности или само слушале за некој си интерес.Но сигурно иднината ке го каже своето.А срамот ке си го понесат самите.Човек,интелектуалец кој се продава за лични интереси ,не е човек.Се продава само стоката.
Од: Zoran
Датум: 11.05.2010 08:44:44
do ?? Za zal, se gradi za da se krade. Se vrtat neverojatni sumi za provizii, sto na kraj ke rezultira so nepopravliv kic.
Од: seuste normalen
Датум: 11.05.2010 08:56:50
Da mu e ziv i zdrav vnuk mu Shambevski! Cela familija se nadareni, alal neka im e! E brko brko...
Од: Архи Бригадир
Датум: 11.05.2010 09:03:06
...По негов проект ќе се гради Градската куќа (некогашниот Офицерски дом), потоа објектот веднаш до него кој е предвиден за хотел, пешачкиот мост „Око“ и надградбата со куполи на зградата на Собранието... И што сега? Едниот објект е реизградба, односно копија на оригиналната идеја, другиот е надградба, третиот е хотел што веројатно нема да се изгради никогаш, и на крај е мостот. Значи само мостот ќе биде негово дело!!! Само ради инат и за забава на читателите небива да се изнесуваат вакви наслови..... По Јосиф Михајловиќ и Кензо Танге, Коста Мангаровски е третиот архитект чие име ќе остави траен белег во ликот на главниот град..... Хартијата трпи се, па и вашава што ја печатите!!!
Од: bramoni
Датум: 11.05.2010 09:47:25
Na vakvi arhitekti (prodadeni dushi) ne bi im dal ni shupa da mi proektiraat a kamo li nesto pogolemo. Izvadivme anonimusi i od zemja i od pod zemja, samo da i aminuvaat na vlasta i nejzinite gradezhni "koncepcii". Domot na Majka tereza e ziv sram...za gradbite sto ke sleduvaat ne sakam ni da pomislam.
Од: imer-minhen
Датум: 11.05.2010 10:08:58
ne,ne.ne, so porezni pari na site gragjani na MKD,da se favorizira samon edna nacionalna saednica.Toa ne vodi na dobra idnina,ke imame mnogu kavgi i problemi.RMKD ne e drzava samo na Makedonskiotili samo na Pravoslavniot narod. Koga ke se sluci pak 2001 god,nemojte da krivite nekogo drugo,nego vinata barajte kaj vas samite.
Од: ПАБ
Датум: 11.05.2010 10:58:43
Утрински сте пропуштиле да кажете дека и Мостот на уметноста, оној што требаше да води до платото на МОБ, а сега ќе удира во кружната зграда, ќе биде дело на Мангаровски. На конкурсот не беше доделено 1 место, а второто место го доби Мангар и за жал, по неговиот проект ќе се изведува мостот.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 11.05.2010 11:02:04
Еве,го гледам ЕПП-то!И сè ми е јасно во барокната „преродба“!Еден безуспешен новинар(зомби-архитект)и еден професор,„компјутерски проектант“!Таков беше и „реставраторот“на Камениот Мост.Сè сами Антички Македонци-Ацевата фаланга,како Катанга!Бидејќи се јавуваат некакви „стари скопјани“и псеудосопственици на скопските имоти,особено во Патриотическа форма:Колкумина од „градителите“се од Скопје?Колкумина подржувачи на проектот се стари граѓани?Има ли меѓу нив Скопјани по прабаба,по прадедо?Секако,не може да се нарекуваат Скопјани,ако се само родени во градот,или,ако живеат повеќе од 10 години!Ниту Неговиот „современ хроничар“не е од Скопје!Вообичаена и „значајна“е нивната величина на домашниот простор.За колкумина од нив се чуло подалеку од Македонија?Сакаат да имаат Град-метропола,а самите не ги собуле опинците!Се надевам дека професорот,компјутерскиот проектант на мостот Око,ќе има доблест и храброст,како Мимар Хајрудин,да застане под мостот,при неговото пуштање во употреба!
Од: Blagodaren Skopjanec
Датум: 11.05.2010 14:35:45
Bravo inzinere Kosto Mangarovski. Skromen si ama si ponos za Makedonija. Pokraj poznatite graditeli na Skopje, ke ostane i Tvoeto ime kako golem profesionalec. Ne postoi specijalno vreme za gradenje koe treba doprva da se ceka; kako i zivotot, sega mu e vremeto za ziveenje kako i za gradenje. Cestitam.
Од: Arhitekt Sk
Датум: 11.05.2010 14:45:05
Sto imal proektirano doticniot gospodin Minas Bakalcev? Staklena zgrada za ziveenje vo Cair, kade sto lugeto ne znaat kade da pobegnat od toplinata vo letniot period i studeniot bran vo zimata, za toa trosat dopolnitelna energija. Toj go ima proektirano Lumiks na gradskiot plostad, sto e cista kopija na deloto na Rem Koolhas, sto nikako ne se vklopuva na plostadot Makedonija. Mozebi se plasi deka makedonskata crkva ke go zaseni negoviot objekt, koj ja pokri fasadata na ESM, i go unisti platoto kade se pravea mali koncerti na plostadot. Za italijanskiot del na Fililoski fakultet, dali znae kolku se zalat asistentite od toj proekt. Mladi asistenti po 23 godini odat na operacija poradi negoviot proekt so staklo, kade nikako ne mozat da postignat prosecna temperatura na prostorijata, poradi principot na t.n. staklena gradina. Za takvi proekti potrebno e da se izraboti i proekt za energetska efikasnost, sto Minas nikogas ne go napravil. Dali saka da postigne politicki poeni kaj opozicijata
Од: Pace
Датум: 11.05.2010 16:21:03
Барем вака ќе го знаеме името и презимето на човекот кој од Скопје ќе створи - МАЈТАП ГРАД

Најди! во Утрински
Насловна
Долговите се трупаат, Груевски не го сака ММФ
Цветанов обвинува мафијашки структури за својот случај
Зденко
Маратон за уживање
Јаде се' и нема намера да гладува
Камерон е македонски симпатизер
Коj се срами од Денот на победата
И поразените слават
Еврото ќе се спасува со 750 милијарди евра
Груевски го поправа Милошоски
„Ерлифт сервис“ редовен авиопревозник
Грчката криза - поука за нашата Влада
На генералот нема кој да му рапортира
Британија ja чека новата влада
Тежок изборен удар за Меркел