Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Скопје

Првиот монтажен паркинг се гради во Аеродром

Паркингот е во непосредна близина на полициската станица во Ново Лисиче

На подрачјето на општина Аеродром вчера почна да се гради првиот монтажен паркинг во Скопје и воопшто во државава. На постојниот паркинг во непосредна близина на полициската станица во Ново Лисиче до пролет ќе се изгради челична конструкција со надземна платформа, која ќе обезбеди дополнителни 50 места за паркирање. На неа ќе се изведат и пристапни рампи за влез и излез, скали, сливници за вода и дополнително осветлување. Општинарите очекуваат паркингот да стане функционален најдоцна до лето. За проектот, општината издвои 20 милиони денари од сопствениот буџет. Паркирањето ќе биде бесплатно.

„Убедени сме дека паркингот максимално ќе ги задоволи потребите за паркирање во овој реон од општината. Сметаме дека ваков тип паркиралишта е функционален од неколку причини, не чини многу, при неговата изградба не се уништува зеленило, не се узурпира градежно земјиште, а се добиваат дополнителни паркинг-места. Затоа, в година сигурно ќе изградиме вакви паркинзи и на други локации“, изјави вчера градоначалникот Ивица Коневски.

Овој паркинг, всушност, требаше да се изгради покрај зелените згради спроти „Мекдоналдс“, но по негативните реакции на дел од граѓаните за проектот, градоначалникот одлучи да се реализира во Ново Лисиче. Кај зелените згради, пак, неодамна почна да функционира зонскиот систем на наплата за паркирање. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Црквата „Свети Никола“ без камбанарија и без крстилница
Редизајнирана веб-страница
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links