Брoj 2718  понеделник, 23 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Хроника

Тракторист преживеа удар од воз

ПРИЛЕП - Горан Ташкоски (28) од прилепското село Мажучиште минал само со лесни повреди во железничката несреќа што се случи во петокот попладне на преминот кај селото. Ташкоски со својот трактор марка „торпедо“ околу 17,30 часот го преминувал означениот, но небезбеден железнички премин кога возот што сообраќа на релација Скопје - Битола удрил во него. Тој бил итно пренесен во градската болница.

„Пациентот очигледно е шокиран, ги направивме сите потребни испитувања, за среќа, нема тешки телесни повреди, неговата здравствена состојба ќе се надгледува“, вели д-р Цветанка Маркова.

Жителите видно вознемирени реагираат и се жалат дека на овој означен премин многу често се случува возовите да им го газат добитокот. Велат, тоа е единствен премин кон полето, а тие живеат од земјоделство и од сточарство.

„Го исчистија каналот, ја оставија земјата, треба да застанеш на пруга за да видиш дали доаѓа воз, а тогаш возот ќе те изгази. Нема никаква прегледност, преминот е крајно небезбеден. Друг премин нема, а ние секој ден работиме на нива. Овде мора да поминуваат и луѓето, и добитокот, и машините. Сме реагирале којзнае колку пати, но општина за селата не постои, никој не те гледа“, вели Владо Трпкоски.

И неговиот соселанец 69-годишниот Велко Спиркоски вели дека, иако знаат дека ова е премин во населено место, машиновозачите возат брзо и не свират пред 200 метри, туку откако ќе се случи несреќата.

„Којзнае само колку добиток досега ни изгазија возовите“, вели Спиркоски.

Истражен судија, заменик-обвинител и екипа на полицијата извршија увид на местото на несреќата. Жителите на Мажучиште инсистираат прилепската локална самоуправа да преземе итни мерки и да постави светлосна сигнализација и рампа за да се спречат натамошните несреќи. (М.Т.)


Статијата е прочитана 499 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Жена загина, а двајца се тешко повредени во сообраќајка
Момче загина во сообраќајка на раскрсница во Охрид
Скопјанец присилувал гостиварка на проституција
Тинејџерка преживеала откако скокнала од втор кат