Скопјанец присилувал гостиварка на проституција
Скопјанец затворил млада гостиварка во нејзиниот стан во Скопје и ја терал да се проституира, бидејќи му должела пари. Полицијата пред неколку дена добила информација дека М.Т. (24) од Гостивар е затворена во нејзиниот стан од двајца мажи кои не и' дозволуваат да излезе. По ова екипа на МВР го проверила станот, каде што, покрај М.Т., нашле уште две девојки - М.Ш. (29) од Берово и А.Т. (22) од Куманово. Според полицијата, С.Т. (28) ќе одговара за противправно лишување од слобода и посредување при проституција, бидејќи во изминатите две години ја принудувал гостиварката да се проституира и да му наоѓа клиенти за другите девојки.
Скопјанецот ја принудувал девојката да работи за него бидејќи, наводно, му должела 200 евра. А кога девојката одбила и се обидела да замине, тој ја заклучил во нејзиниот стан заедно со другите две девојки. За секс со девојките клиентите плаќале од шест до 12 илјади денари, а за масажа од две до три илјади. (Ј.К.) |