Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп



Овен

Одеднаш се' ви стана јасно. Ви беше потребно време за да сфатите кои сте и што можете. Успехот е неминовен, но мора малку да се потрудите. Штом го сфатите тоа, се' ќе ви биде полесно, бидејќи ситуацијата бара повеќе флексибилност, а помалку нервози.



Бик

Доколку се занимавате со пропаганда, можете да очекувате успех проследен со голема финансиска добивка. Активно сте вклучени и во уметничкиот живот, ќе уживате во убави и скапоцени работи. Ненајдејните изливи на страсти спрема партнерот ќе ве доведат до блага и слатка вознемиреност.



Близнаци

Мора да ги потиснете чувствата. Внимание ви обрнува лице кое не го сакате, бидејќи мислите ви се сосема на друга страна. Ви се смачија ограничувањата на љубовен план, но барем не ви е здодевно. Не трошете ја енергијата на работи кои се небитни.



Рак

Вие сте вистински советодавец кога се во прашање егзистенцијалните проблеми. Љубовта е таа која ве движи и дава смисла на вашиот живот. Имате впечаток дека никој не ве разбира, не жалете се, бидејќи самите ги избиравте оние кои ве опкружуваат.



Лав

Одморете се малку и уживајте во семејната атмосфера. Многумина од вас токму во овој период ќе се потрудат да ги средат брачно-партнерските односи, некои дури ќе влезат во брачни води. Можат да се јават здравствени проблеми поврзани со крвната слика.



Девица

Одморот ќе ви помогне да ја повратите силата и да закрепнете од премаленоста. Со партнерот се трудите да најдете заеднички јазик. Бидејќи мислите дека секогаш сте во право, ќе имате проблеми со околината. Бидете посмирени и се' ќе биде в ред.



Терезија

Уметничкиот сензибилитет е изразен, затоа ќе уживате во убави работи, но ќе ви пречи се' што нема да ги задоволи вашите строги критериуми. Може да се јави желба да ги решите проблемите со партнерот, затоа потрудете се. Внимавајте на здравјето.



Скорпија

Чувството на неизвесност дејствува деструктивно на вашиот нервен систем. За се' има лек, така што за преиспитување на некои планови може да најдете решение. Слободните Скорпии можат да ја сретнат љубовта на својот живот.



Стрелец

Иако на прв поглед изгледате ведро, се трудите да ги прикриете длабоките емотивни преживувања. Нервозни сте, бидејќи се прашувате за многу работи, а не добивате одговор, затоа не оптоварувајте се беспотребно. Ве очекува интересна средба.



Јарец

Доколку ве привлекуваат предизвикувачки и непознати ситуации, потребно е да прифатите одреден степен на ризик во професионалните преговори. Понекогаш блиц- процената знае да излаже, затоа не избрзувајте. Потрудете се да ја зачувате присебноста на духот и самоконтролата.



Водолија

Бидете оптимисти ако сакате да се извлечете од проблемите. Мал одмор не би бил на одмет. Потрудете се од моменталната ситуација да извлечете максимална корист. Промените се нешто за што тежнеете, потрудете се и тие ќе дојдат сами по себе.



Риби

Проверувајте ги новите информации и потрудете се да ги заштитите своите интереси. Доколку ве интригира нечие присуство или однесување, зачувајте ја присебноста. Не можете да кажете се' што мислите, може да предизвикате одредени последици. Контролирајте ја имплусивноста.







Најди! во Утрински
Барај со НАБУ