Лила М. Стојановска
ТВ - водителка
Неодамна се вратив од СП во ракомет на песок во Шпанија, каде што бев како директор на македонската репрезентација. Бевме таму 8 дена, со набиено темпо на натпревари и обврски, па сега малку се адаптирам на реалниот амбиент. Одам на работа во Сител, а попладне планирам да заминам во Охрид на викенд.
Розе Трајчевска
модна креаторка
Претпладнево треба да завршам некои подготовки во врска со снимањето на еден билборд, што ме очекува в понеделник. Се надевам дека ќе завршам брзо со таа работа, па со време да тргнеме семејно во мојот роден Охрид.
Ребека
пејачка
Како ми минува денот, зависи од желбите и расположението на син ми Макријан. Главно, тој ми ги креира деновите, па така и денешниот. Всушност, секој ден имам по некоја обврска околу подготовката на емисијата за есенскиот циклус, а полека подготвувам нешто и на музички план. |