Што прават денеска
Драган Вучиќ
музичар и водител
Ова ми е построденденски ден и затоа ќе ги соберам соработниците. На менито ќе биде риба. Бидејќи ручекот ќе се оддолжи, подоцна ќе ни се придружат Мартин и Весна. Сега сум на диета сум и пред спиење најверојатно ќе џогирам. Вечерта, место во ѕвезди, ќе гледаме телевизија.
Арсен Колевски
управител на неделникот „Народен лекар“
Пред мене е убав ден - по вчерашното четврто успешно искачување на Кораб, рано претпладне го завршувам дизајнот за 99. број на „Народен лекар“. Следна обврска ми се активностите поврзани за проектот „Народен лекар“, емисии што од октомври секоја среда ќе се емитуваат на некоја национална телевизија.
Сашко Георгиевски
стилист Сите се одмораат во недела, а јас во понеделник. Денес ми е слободен ден и целото внимание со Ане му го посветуваме на нашиот Иво. Прошетка низ град, мал шопинг, а ручек кај моите - баба и дедо со нетрпение го чекаат внукот. Вечерта ни се придружува брат ми Климче и веројатно ќе ја минеме со некој добар филм.
|