Број 3080  понеделник, 07 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп

Овен

Сфаќате дека ви недостасува поддршка , па решени сте сами да се снаоѓате. Немојте да дозволите тоа да се одрази на вашиот однос со соработниците, кои многу очекуваат од тимската работа. Немате потреба да се повлекувате и да се дистанцирате.



Бик

Се двоумите меѓу две финансиско-професионални понуди. Но, се покажува дека ниту една не е идеално решение, кое би ги задоволило вашите очекувања. Нема причина да влијаете на саканото лице, работите сами ќе дојдат на свое место.



Близнаци

Пред вас е исклучително успешен професионален ден. Доколку не ја искористите можноста, не очајувајте, размислете зошто тоа ви се случува. Незадоволни сте со развојот на емотивната ситуација. Мислите дека не добивате доволно внимание од партнерот, но, грешите.



Рак

Постојат недоразбирања во професионалните преговори, потрудете се да не се нервирате. Можни се сериозни проблеми со здравјето. Во средбите со партнерот изгледате напнато, потрудете се да бидете потрпеливи и не оптоварувајте се со непотребни работи.



Лав

Повеќето лавови ќе бидат во состојба многу да зборуваат, а малку да работат. Кога веќе е така потрудете се да бидете објективни, не преценувајте се. Потрудете се да добиете конкретна одлука. Од вас се очекува да преземете нешто конкретно.



Девица

Доколку ве иритира нечие непрофесионално однесување, потрудете се да ги контролирате своите негативни импулси. Искреноста пред саканото лице влијае на подобро разбирање. Обратете внимание на правилната исхрана или занимавајте се со спорт.



Терезија

Нема причина да очекувате нешто од оние што не ги поддржуваат вашите ставови. Губите драгоцено време и непотребно инсистирате на вистината. Потребна ви е емотивна дискреција, бидете внимателни и избегнувајте авантуристички идеи.



Скорпија

Очигледни се промашувања на емотивен план и тоа поради погрешна процена. Ова е одличен период да се занимавате со уметност. Доколку на материјален план нешто ви создава маки, насочете се кон духовните вредности ако сакате да бидете задоволни.



Стрелец

Се трудите да се докажете во работата. Само инертните припадници на знакот, кои ништо не преземаат, водат обичен живот. Рационалноста е изразена, а тоа е добро. Потрудете се да се насочите кон своите потреби и не грижите се за другите.



Јарец

Не можете да ги смените условите и расположението во професионалните кругови. Бидејќи нешто постојано ве нервира најдобро е да се посветите на бракот каде што може да најдете мир. Обратете внимание на здравствените проблеми на некој ваш близок.



Водолија

Неочекувана професионална непријатност или расправија со некој близок може да ве исфрли од контрола. Бидете промислени и не правете проблеми. Партнерот не сака дополнително да ве оптоварува со свои проблеми. Внимавајте на здравјето.



Риби

Договорот со едно лице укажува на можно недоразбирање и потенцијален неуспех. Ви недостасуваат сериозни луѓе. Изгледате премногу резервирано и недоверливо, а партнерот нема намера да ве разуверува во вашите емотивни сомневања.


#
Најди! во Утрински