Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Никола Мантов

вишнувист

Утрото секогаш ми е резервирано за вежбање јога. Работните обврски започнуваат веднаш штом пациентите затропаат на врата. Во хинду-религијата денес е празникот Јахнмашами, па во храмот Кришна и се слави. Во ноќните часови сакам да се релаксирам со добра музика, мантрање и медитација.

Небојша Толески

моден креатор

Денес ми е втор ден по годишниот одмор и чувствувам ќе ми треба време да се приспособам на работната средина. Деновите на Тасос изгледа си го направиле своето. Сепак, утринското кафе со колегите ќе ме врати во колосек. Попладневните часови се резервирани за финиширање на една моја креација, а вечерта нека ме изненади!

Александар Масевски

музичар

Работам на проектот за интернационално западен европски пазар. Попладнето ми е резервирано за мојот прв братучед Михајло, кој многу години живее и работи во Торонто, Канада. Последен пат се видовме на 8 декември 1990 година кога ме испраќаше за Амстердам на аеродромот во Сурчин, Белград. До доцна во ноќта, сигурно ќе евоцираме спомени.


#
Најди! во Утрински

"""