|
Хороскоп
Овен
Иако мислите дека добро ги проценувате луѓето, многу грешите. Заблудите се присутни на секое место, така што морате да им се спротивставите. Можни се здравствени проблеми што се врзани со недостаток на течност во организмот.
Бик
Понекогаш го помните лошото и не можете да се смирите додека не вратите со иста мера. Нема да ви биде лесно, но ќе успеете доколку се потрудите. Поседувате огромна енергија и затоа потрудете се да ја искористите на најдобар можен начин.
Близнаци
Во елемент сте и љубовта ви предизвикува посебно задоволство. Сакате убави работи и насочени сте кон уметноста. Избегнувајте расправии и повлечете се. Бидете внимателни со здравјето и одете на прошетки.
Рак
Одите од крајност во крајност. Како и да постапите, не сте задоволни. Некој од блиската околина се труди да ве скара со партнерот. Не наседнувајте на провокации. Избегнувајте конфликти со соработниците и потрудете се да останете смирени.
Лав
Ова не е ваш ден, не преземајте ништо конкретно и потрудете се денот да го минете релаксирано. Имате здравствени проблеми. Слаба точка на организмот се кардиоваскуларниот и нервниот систем. Бидете внимателни.
Девица
Ова е одличен ден да успеете во сите сфери. Врската ви влегува во мирни води, а партнерот се труди на различни начини да ве убеди во чувствата. Немате причина да не му верувате. Опасност може да се јави ако претерате со трошење.
Терезија
Вложувате многу напор за да ги исполните обврските. Се' се одвива во знакот на макотрпната работа, тешко и бавно. Бидејќи постои опасност од насилство, потрудете се да не влегувате во конфликти. Бидете трпеливи и избегнувајте провокации.
Скорпија
Бидејќи имате проблеми со контактите, најдете некој што ќе ве замени. Срамежливи сте и се трудите сами да си ги решите проблемите. Бидете внимателни со исхраната, бидејќи може лошо да влијае на вашето здравје. Посветете му внимание на партнерот.
Стрелец
Разочарани сте, а не знаете зошто. Мора да го преиспитате сопственото однесување и да преземете дел од одговорноста. Денот е поволен за патувања и контакти со странство, а лош за практични работи. Здравствените проблеми поради метаболизмот.
Јарец
Се трудите да докажете колку ви е јака суетата. Се држите до тоа што другите мислат за вас. Денот ќе го минете трудејќи се да воспоставите добри духовни и ментални контакти. Некој се труди да ве победи, но нема да успее.
Водолија
Ако планиравте да работите сериозни работи, нема да успеете. Бидејќи сте повикани да присуствувате на нечија забава, ќе се олабавите и ќе уживате во убавите работи на животот. Со партнерот, конечно, ќе најдете заеднички јазик.
Риби
Не се чувствувате најдобро. Очигледно некој близок пријател ви го расипува расположението. Бидете внимателни и смирени, бидејќи лошо ќе влијаете на партнерот. Морате да бидете дипломати, па на прашањата да одговарате со прашање.
|
#
|
|
|