Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен



Обрнете внимание на нечии забелешки околу вашата работа. Нема причина да се однесувате како најголем оптимист кога сите патишта водат кон фактот дека не е така. Треба да научите да бидете умерени во се', зашто тоа е најдобрата насока за вашето функционирање. Избегнувајте лица кои имаат навика да се однесуваат театрално и кога нема причина за тоа.





Бик



Постојано сте фокусирани на истите нешта и не сакате да се откажете од идејата дека, сепак, одредени работи не можат да се реализираат според вашиот план. Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот постојано е на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција.







Близнаци



Ви значи да оставите добар впечаток пред соработниците, иако мислењето за вас во неколку наврати било доведено во прашање. Најдете начин да ги зачувате вистинските вредности и пренесете им го убавото расположение на сите околу вас. Бидете доволно промислени и ќе успеете да најдете емотивна инспирација што ќе ви помогне да го подобрите односот со партнерот.





Рак



Моментно сите околности се на ваша страна, што значи дека се' ви оди во прилог. Ќе бележите успеси на сите страни, но внимавајте да не ја злоупотребите среќата. Колку подолго ве држи овој период, толку нештата ќе умеете повеќе да ги цените. Вие сте познати како големи љубовници, но моментно срцето ви е резервирано само за едно лице.





Лав



Помислата дека сте подобри во однос на другите ви го храни егото максимално, а со тоа им дава до знаење на другите дека вашата ѕвезда секогаш мора да биде број еден. Какви било компромиси за вас не важат, бидејќи вие сте лидерот што ги поставува правилата на игра. Нема потреба да ги преувеличувате потребите во однос со саканото лице.





Девица



Постојат изненадни случувања поврзани со вашата работа кои ви пречат во остварувањето на крајната цел. Бидете внимателни и послушајте го советот од еден од вашите соработници, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Односите со партнерот се запоставени, бидејќи постојано се трудите да играте на картата незаинтересираност.





Терезија



Постојано сакате да го свртите вниманието кон вашата околина, но веројатно сите ве игнорираат од причини непознати за вас. Почитувајте го мислењето на другите за да можете да ја најдете суштината на почитувањето. Избегнувајте ги караниците со партнерот, бидејќи нема ништо да постигнете со тоа. Нема потреба да се докажувате на погрешен начин.





Скорпија



Премногу се форсирате во однос на работата, па можеби во периодов ќе почувствувате мал замор кој сериозно може да го наруши вашето здравје. Непотребно го искушувате трпението на партнерот, па можеби наскоро ќе зажалите поради тоа. Бидете трпеливи и истрајни во желбите.







Стрелец



Скромни сте во својата работ�� и не дозволувате никој да ги коментира вашите барања. Поради таквото однесување, ќе следуваат коментари на критика и недоверба, со што дополнително ќе си направите проблеми. На емотивно поле не покажувате доволно разбирање за партнерот.





Јарец



Вашиот начин на гледање на работите е сосема поинаков од реалната ситуација во која се наоѓате. Професионалните обврски бараат од вас конкретно да се изјасните во однос на вашата крајна цел. Смислата за убавото, како и секогаш, ја наоѓате во прегратките на партнерот.





Водолија



Вашиот ентузијазам наидува на негативен отпор од страна на вашите соработници поради фактот дека не се сите така упорни да ве следат во вашата цел. Потребно е понекогаш да покажете и тимска соработка за да бидете подобро прифатени. Партнерот ќе ве доведе пред конечна одлука, па ќе мора брзо да реагирате.





Риби



За вас е најважно да ги прифатите сите нужни околности со кои се соочувате за да можете полесно да ја согледате реалната ситуација околу вас. Понекогаш сте премногу ситничави, па затоа ги комплицирате работите. При средба со саканото лице не умеете да ја контролирате суетата.





Најди! во Утрински
Барај со НАБУ