Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Егејците бараат имоти вредни 10 милијарди евра


Разурнати куќи во Бапчор

Побарано во преговорите за името да се разговара и за македонското малцинство и за имотите на протераните Македонци

Виктор Цветаноски

Имоти вредни над 10 милијарди евра бараат од грчката држава околу 3.500 бегалци од Егејскиот дел на Македонија кои беа присилени да ги напуштат татковите огништа и за цело време не им беше дозволено да се вратат. Поголемиот број некогашни грчки граѓани денес живеат во Република Македонија, а ги има и во Австралија, Канада, Америка, Полска, Романија, Чешка и во други држави каде што беа раселени за време на Граѓанската војна во Грција во 1948 и 1949 година. Поединечните барања се поднесени до Судот за човекови права во Стразбур.

Македонското малцинство во Грција и имотите на протераните Македонци беа некои од прашањата што биле поставени на средбата со посредникот Метју Нимиц и било побарано тие да влезат во пакетот преговори за спорот со името. Ѓорѓи Доневски, претседател на Здружението на Македонците од Егејска Македонија „Незаборав”, е уверен дека грчката држава ќе мора да им ги врати нивните имоти кои морале да ги напуштат и кои им биле конфискувани.

„Ниту едно барање за отштета не е помало од еден милион евра. Само еден Македонец, кој денес живее во Скопје, бара да му се врати имот вреден 176 милиони евра. Кога ја добив жалбата мислев дека направил грешка, но кога ми објасни дека неговиот дедо долго време работел во Америка, дека таму создал големо богатство и со парите купил големи површини земја крај море, се' ми стана јасно. Покрај тоа, во Солун изградил и неколку станбени згради. Очигледно човекот имал визија и знаел дека тоа што го купува подоцна ќе вреди многу”, вели Доневски.


Ѓорѓи Доневски пред грчкиот конзулат во Скопје

Кога ги правеле пресметките за вредноста на земјиштето и куќите што биле присилени да ги напуштат ги зеле предвид најниските цени. Квадратен метар станбена површина во селата г�� проценуваат на 80 евра, а земјата 50 евра. „До таа цена дојдовме откако видовме колку вреди земјата на брегот на Егејско Море, која се движи околу 250 евра квадрат. Околу 150 евра чини квадрат земја во Воден, Серес, Драма и Кавала. Проценуваме дека во Костурско, каде што имаме најмногу земја, таа вреди околу 50 евра. Тоа е минимална цена, но ако на тоа се додаде дека тој имот 60 години го користел друг и ако на тоа се пресмета закупот, ќе се дојде до многу повисока цена.

До пред две-три години никој од Македонците од Егејскиот дел на Македонија не барал да му се врати имотот. Постојано биле убедувани од македонските власти дека немаат никаква шанса да успеат да добијат нешто и дека не е време за тоа, зашто ќе ги расипат односите со Грција. „Таквиот однос кон нашите имоти влечеше корени уште од времето на бивша Југославија, а се пренесе и по осамостојувањето на Република Македонија. Кога ќе го поставев тоа прашање, постојано ми велеа да причекаме подобри времиња. Поминаа сите рокови, а ние коишто тогаш бевме деца веќе остаревме, па решивме да поднесовме тужба до Судот во Стразбур за да почне Грција да ни ги враќа имотите. Таа ќе мора да ги укине двата дискриминаторски закона кон нас - Македонците од 1982 и 1985 година. Во првиот се вели дека во Грција можат да се вратат само оние граѓани кои се по род Грци, а ја напуштија државата во 1949 година. Малкутемина Македонци кои тогаш се вратија за да живеат таму, уште еднаш беа дискриминирани со друг закон од 1985 во кој се вели дека одземените имоти можат да им се вратат само ако се Грци по род. Така, тие не ги добија имотите и станаа социјални случаи“, објаснува Доневски.


Децата-бегалци кои во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција беа присилени да ги напуштат родните места привремено им беше дозволено да ги посетат своите разурнати домови и да запалат свеќи на гробовите на нивните предци. Остатоци од гробиштата во В’мбел

Македонците - бегалци од Егејска Македонија пред да ги поднесат барањата за враќање на имотите разговарале со претставници на Европската унија и на ОБСЕ во Македонија и со некои невладини организации, како што е Хелсиншкиот комитет, и од сите им било речено дека се во право и оти Грција како членка на Европската унија мора да ги почитува европските конвенции. „Дури и грчки стручњаци од Атина, кои не ги интересира политиката и сегашните односи меѓу двете држави, ни велат дека имаме право да си ги бараме имотите, но за да успееме ни препорачуваат да ангажираме адвокати од други држави. Ние веќе го направивме тоа. Во Стразбур не' застапува познат адвокат, нашата работа во Грција ја брка еден нивен адвокат, а неколкумина наши млади адвокати не' застапуваат овде во Македонија“, вели Доневски, кој е стопроцентно убеден дека судовите ќе пресудат во полза на бегалците.

Проблемот за враќање на имотите го покренале и во институциите на македонската држава. Пред повеќе години испратиле барање до Анкетната комисија за заштита на правата на граѓаните, која во два нејзина мандата расправала повеќе пати. Пред извесно време подготвила и предлог-резолуција и ја доставила до Собранието, но предвремените изборите го пролонгирале нејзиното донесување. Со резолуцијата Собранието ги задолжува владата и соодветните министерства да стапат во контакт со грчките институции за да почне да се решава проблемот со имотите.

„За нашиот проблем прашувавме и претставници на повеќе институции од Европа и сите тие не' охрабруваат да си го бараме нашето право, но инсистираат да бараме и нашата држава да застане зад нас. Ако сега може Бугарија да бара од Турција десет милијарди долари за нешто што се случило пред 100 години во Тракија, зошто да не бараме ние. Верувам дека овој парламент и новата влада ќе најдат сили да ги застапуваат нашите интереси и проблемот со имотите да го постават на повисоко рамниште во односите со Грција. Јасно треба да и' се каже на грчката држава дека некогашните 120.000 нејзини граѓани кои се протерани, од кои половината денес живеат во Македонија, кај нив имаат оставено имоти кои вредат повеќе милијарди евра. Тоа прашање треба да се наметне кога ќе се разговара за името“, бара претседателот на Здружението на бегалците од Егејска Македонија.

Притоа, тој објаснува дека начелен став на нивното здружение е секој да си располага со имотот што ќе го добие. Дали дел од својот имот некој ќе го продаде, дали ќе го дава под закуп или ќе стопанисува со него, секој сам ќе си реши. „Сигур��о е дека ние, кои пред 60 години бевме протерани од таму, нема да се откорниме од родните огништа. Внуците ми велат, ако ни се врати имотот, ќе го продадеме, но парите нема да ги донесеме тука, туку ќе купиме место на море и ќе си изградиме викендичка, или пак ќе купиме дуќан или стан во Лерин или во Костур. Јас со моите внуци сигурно нема да одам да живеам во моето родно место Бапчор, кое е избришано од географската карта, кое е во планина, но кое располага со големо шумско богатство. Речиси сите наши потомци размислуваат на ист начин - да си го вратат имотот, да управуваат со него, а ако веќе го продадат со парите да купат друг имот во Грција. Никој не сака засекогаш да се откорнеме оттаму. Можеби некој го сака тоа, но нема да му се оствари таа негова желба. Јас сум убеден и нема дилеми дека ќе си го добиеме она што е наше. Јас тоа го кажувам јавно, бидејќи сум во право, а веќе и се уверив дека ќе си ги добиеме имотите додека ние, некогаш деца- бегалци сега возрасни луѓе , се' уште сме живи“, убеден е Доневски.

Неколкумина бегалци веќе го добиле спорот со Грција и си го вратиле имотот. Доневски подвлекува дека грчката држава правела се' за да не им го врати имотот, повикувајќи се на некавви стари и нелогични закони и спогодби потпишани со Кралска Југославија. Притоа, тоја го посочува случајот како на 75 семејства од селото Дмбени им бил одземен имотот. Претседателот на судот во Костур донесол решение во кое пишувало дека им се експроприра имотот во полза на државата и се отпишуваат од грчко граѓанство поради тоа што тие ја напуштиле Грција илегално, без патна исправа што ја давал надлежен орган. „Тоа наше заминување не беше илегално, тоа беше граѓанска војна, тие што ја загубија мораа да бегаат зашто со тие што ќе останеа тогашниот режим жестоко ќе се пресметаше. Ако не побегнеа некои сигурно ќе беа стрелани. Ако веќе на возрасните кои се бореле на страната на Демократската армија им е одземено државјанството, зошто ние, кои бевме деца и кои не сме виновни за ништо, сме отпишани од граѓани на Грција. Таквото образложение Судот во Стразбур ќе го отфрли, бидејќи во член 4 од протоколот на Конвенцијата за човекови права стои, дека ниту една држава не може да протера своите граѓани и не може да спречи да се вратат. Грција, ако сака да биде демократска држава, како што се претставува, мора да ја почитува оваа Конвенција, зашто е членка на ЕУ”, вели Доневски.

Тој како најдобро решение за нивниот проблем го посочува примерот со Шпанија, која исто така имаше граѓанска војна. Диктаторот Франко им подигна заеднички споменик на сите загинати, и од левите и од десните сили, а со тоа изврши помирување. „Тогаш сите шпански граѓани што беа прогонети или побегнаа по поразот на Шпанската граѓанска војна се вратија во родните места. А Грција нас не' дискриминира зашто сме Македонци. Нашето прогонување, или да го наречеме бегство, беше планирано. Има документи од кои може да се види дека уште пред војната се предвидувало 120.000 граѓани од македонска националност да се иселат и никогаш да не се вратат. И ова што го прават сега за да не ни ги вратат нашите имоти е планирано. Ако не' лишат од нив, ние не можеме да се вратиме никогаш“, заклучува Ѓорѓи Доневски.


Статијата е прочитана 4383 пати.

Испрати коментар

Од: Bez iluzii
Датум: 30.06.2008 00:54:18
Nezavisno od vistinata i ispravnosta na baranjeto od cisto praven apsekt, mislam deka realno ovaie baranja nemaat golemi sansi da se realiziraat , pred se poradi izrazitata politicka i diplomatska nadmoc na Grcija vo odnos na nas , koja jasno ja osetivme vo pslednive nekolku godini. Ovie baranja na egejcite , so vpletkuvanje na vladata i drzavata vo niv moze uste povece da gi zaostri medjusebnite odnosi medju Grcija i Makedonija , da ja uslozni sostojbata i da ne odaleci od moznosta za bilo kakvo resenie okolu imeto. Ako egejcite mislat i smetaat deka imaat pravo na tie osteti , neka istite si pokrenuvaat postapki pred medjunarodnite pravni institucii, bez pri toa da e involviraat Vladata i Rerpublika Makedonija vo seto toa i da ja zapletkuvaat politikata .Kolku mi e poznato i Ermencite nesto slicno baraa od Turcija poradi nivniot pogrom vo pocetokot na 20 vek ,no kolku sto znam ,dosega nisto ne dobile. Cesto pati pravdata potkleknuva pod pritisok na silata i politickite interesi
Од: Jovan
Датум: 30.06.2008 01:24:33
Mu cestitam na Gruevski sto prvpat javno go istakna problemot so Makedonskiot Genocid vo Grcija.lani mnogu se zboruvase vo evropa za Ermenskiot Genocid i Grcija i francija bea prvite koi ja kritikuvaa turcija za toa.Sega Grcite se pravat iznenadeni deka ne znaat deka Grckata vojska vrsese proteruvanje na iljadnici Makedonski semejstva.Mojata baba e proterana od Kukus so nejzinoto 15 cleno semejstvo.Odzemena im e golema farma,so zemja.kravi ,ovci,kuka.Vo toa bilo trikot na grcite sto im odzemaa drzavjanstvo na Makedoncite.Zasto edinstveno so drzavjanstvo moze da si go vratat imotot.Dosega site Makedeonski vladi kutea da ne gi iritirat Grcite demek da ne ni dadat veto.No tie ni dadoa veto i sega treba se da bide JASNO DEKA NEMA DA BIDE ISTO POVEKE..!!!Makedonskiot 11 Septemvri e 4 April-vetoto od Grcija i sega sleduva borba!!
Од: slavica
Датум: 30.06.2008 01:43:43
Напротив, Егејците требаше да си ги бараат своите права уште многу порано. Тогаш повеќе ќе беше информиран светот за грчката политика кон Македонија. Грешка ќе биде ако уште продолжиме да молчиме. Кога тогаш правдата ќе надвладее.
Од: vrves
Датум: 30.06.2008 01:50:05
Da se otvori devizna smetka i konecno da se zapocne sudcki spor pred megjunarodnite sudcki institucii posebno pred evropskite,mislam pravno e vozmozno site nie koi gi imame izgubeno imotite mozime da si gi povratime.Za nepismenite ova ke bidi iluzija i izgubeni pari.Veruvam deka so dobri advokati vo rok ne poveke od 5 godini ke se resi vo nasa korist.Gospodine Donev bez kolebanje samo napred,otvorete smetka i pocnete da se sudite.Ne potpirajtese na nasite pravni eksperti (barem ne na site),ne na onie koi ne veruvaat.
Од: jove
Датум: 30.06.2008 01:55:03
lugeto imaat pravo na soite imoti sega e vremeto da se resi ova napred makedonio ostavete gi onie bes iluzii oti nemaat vrska od zivoto
Од: Од Македонија
Датум: 30.06.2008 02:41:53
Г.дин Ѓорѓи Доневски,или како ке ти биде презимето грчко,аирлија нека ти се два стана во Солун што ке ги купиш од грците за тие скапаните куќи како мојава градска,рушевина,Нека ви даде премиерот цело Мариово е полно такви куќи,или мислите грците за тие села ке ви дадат толку пари,од село вград,е не се толку издавли грците,тие нешто друго даваат без пари,инаку нека ви е арилија,само подалеку од името Македонија како компензација......
Од: do bez iluzii
Датум: 30.06.2008 02:56:50
kako ne ti e sram 'bez iluzii' da zboruvas takvi gluposti deka egejcite treba da ne si gi baraat imotite atoa sto grcite ke se naljutat i nema da se najde resenie za imeto. kako prvo resenie nema za imeto imeto e makedonija i treba javno vladata da pocne da kazuva vo svetot deka grcite okupirale del od makedonija pa taka imaat provincija makedonija a ne deka nie sme zemale del od grcija. vo polza na toa odat site dokazi sto gi imaat egejcite za imotite. ja stvarno nemozam da se iznacudam kako moze da ima vakvi prodadeni dusi kako bez iluzii sto samo za grcite da ne pravat precki za eu i nato treba da kutime i da ne bideme solidarni edni so drugi.
Од: mitko gleda greska vo cekori
Датум: 30.06.2008 03:07:21
Ova e pogresen cekor do kraj. Eden od najglupite cekori na ovaa Vlada. Prvo treba da se vleze vo EU pa potoa da se otvoraat ovie prasanja. Koga ke bideme ramnopravni clenki. Od seto ova najmalku ke profitiraat Egejcite. Zarem navistina ocekuvate deka Grcite ke isplukaat 10 milijardi evra? Ili deka nekoj ke gi natera na toa? Premierot ja izgubi bitkata pred i taa da pocne. Ama si go glasavte.
Од: OF LELE
Датум: 30.06.2008 03:50:41
Vrlo interesantno! Ovde se Mesaat ; Zabi i Babi, mislam Begalci i Makedomci[deca begalci] i citam, Proterani Makedonci. Da bides Begalec-ci ima Drug Koren, da bides proteran-ni ima Drug Koren.Golema e razlika od Begalec i Proteran. Daj ve molam ,prvo da gi rascstime ovie statusi;
Од: jas
Датум: 30.06.2008 04:50:14
Trkaloto pocnuva da se odmotuva vistinata e spora a dostizna........Makedonija konecno se oslobodi od Komunjarite sega e vreme za hrabrost pa ne ke e loso i da se pobara Bukureskiot Dogovor i da se napravi revizija..so ovie Atinski Pederi samo taka treba ZAB za ZAB Oko za Oko
Од: ZORAN
Датум: 30.06.2008 04:51:51
10 bilioni evra osteta za genocid i navreda na eden narod a toa e Makedonskiot.Ovoj dolg ke go plaka Grcija koja se crveni obrazi te,i krie nesto i laze kaj sto ke stasa.Makedonija poleka treba da gi priprema site ovie dokumenti potrebni za tuzba .V o ovoj proces da vleze medijator Rysija i taa da gi brka rabotite.Del od parite da odat za Egejsiot Makedonski narod ,del da odi za onie koi se na rabot na egzistencijata.Grcija ovoj dolg moze da go plaka na rati kako sto germanija ja plaka na Rysija za ybienite 50 nilioni vo 2ta svetska vojna.Vreme e za OVAA TEMA DA SE LOBIRA.
Од: И С
Датум: 30.06.2008 05:52:05
JUSTICE IS SLOW, BUT IT COMES!!!! Можеби денес не изгледа убедливо, но за некоја година ќе изгледа, дали 2, 5 10, 50 ќе биде!!!
Од: Toni K.
Датум: 30.06.2008 06:18:28
Bez iluzii.Ti si bez nikiakva vizija decko!!!
Од: do bez iluzii
Датум: 30.06.2008 07:50:52
gospodinot se nadevam deka uste ednas ke ja procita statijata.vo nea ubavo pisuva deka mk egejci sami pokrenale postapka, sami platile advokati megunarodni, grcki i makedonski. nikade ne se spomena vlada???
Од: V.Joveski , Zagreb
Датум: 30.06.2008 09:15:15
Fal mu na Gospod što konečno ke se zborva za vistinskot problem na Makedoncite vo i od egejskiot del na Makedonija, a ne za izmisleniot problem so imeto. Da se prekine so lagata deka potoi problem so imeto bidejki problemot e genocidnata politika kon Makedoncite što prekjutno se podržuva od Evropa bidejki od tamu finansijki se pomaga takviot režim - vo takanarečenata "lulka na demokratijata.
Од: mite
Датум: 30.06.2008 09:45:10
Prvo i najosnovno sto trebase nasite da resavaat ,se imotite, a drugoto samo po sebe ke si izlezese(istorija,kultura.....).Prvo.
Од: Dok
Датум: 30.06.2008 10:06:15
Pa vreme bese veke da s epostavi ova prasanje i od vladata, koja e prva vlada sto go postavuva prashanjeto, duri ni Tito ne s eosmeli d ago postavi i ako togashna jugoslavija bese daleku pojaka od grcija, ama vreminjata se smenija i sega bakojani doprva ke se cudi, vreme e vladata da se grizi za svoite malcinstva kako sto toa go pravi grcija ili bilo koja druga drzava vo evropa
Од: Vane.Sr.
Датум: 30.06.2008 10:26:57
Pa naj normalno deka treba da im gi vratat imotite pa togas ke odam na odmor vo egejska Makedonija kaj brakata ako izdavat sobi-barem ke znam kaj ke mi odat parite
Од: komita
Датум: 30.06.2008 10:28:32
ovaj bez iluzii mora da ima predavnicka krv...sigurno e sdsmovca.. makedoncite treba da si gi baraat imotite i da baraat da si se vratat vo svoite ognista ..samo eden primer i srbite bea proterani od kninska kraina od hrvatite duri i ako zlostorstva tamu pravea ama pak se vratija nazad..pa brajka makedonci od egejsko ne popustajte i barajte da si se vratite na vasite pradedovski imoti ali toa treba da bide masovno i organizirano so posredstvo na media snn.. bbc ...da znae cel svet sto grckiot okupator pravel vo makedonija
Од: Aki
Датум: 30.06.2008 10:39:58
Do "mitko gleda greska vo cekori". Spored mene mitko voopsto ne gleda, ocite mu se samo kako dekoracija na glavata. More Mitko kazi mi 1.Zosto e formirana EU? 2.Shto bi ni donelo clenstvoto vo EU, 3. Dali si ziveel vo zemja clenka na EU, ili pak si bil tamu na podolgo od 2 nedeli. Zatoa sto jas studirav a sega rabotam vo Ceska veke 7 godini, taka da dobro znam sto pozitivno i negativno nosi EU. Samo za tvoja informacija imeto ne treba da se menuva za EU. TOA E NON-SENSE. A greskata na vladata ja gledam vo toa sto ne zemaa cvrst stav uste vo pocetokot, namesto toa i veruvaa na EU, ona ne vlecese za nos, i na kraj dobivme samar vo Bukurest. Moe mislenje e deka seuste ne e docna da se vrati se, da nema nikakvi dogovori za imeto, toa se znae i toa e MAKEDONIJA, a sleden cekor e da se skratat site vrski so Grcive (imaat golemi investicii vo Makedonija) i na kraj da se zalime vo ON, po razni sudovi, za pravata na Makedoncite od egejskiot del, za torturata so imeto. I da ne POPUSTAME
Од: Aтанасија
Датум: 30.06.2008 11:16:13
Nasiot narod iskristaliziral edna misla ,koja ovde e namesto da se spomne:uste v selo ne vlegle,od popot kukata ja baraat. Zarem seto ova ,sto dopolnitelno go zagrizuva Juzniot Sosed,nema da bide uste eden kamen na sopnuvanje vo ocekuvanjeto tokmu Juzniot Sosed da se povlece od suludoto baranje da ne postoi Makedonska Drzava zasto vo negovite granici ima del od etnicka Makedonija. Ova e uste eden dokaz kolku nemame sluh za politickiot moment,kolku sekoj saka nesto sitno da iscari.Sesekavame na onaa isto makedonska:prvo skokni,pa vikni op! Ajde prvo da se najdeme na ista masa,so isti izgledi za razgovor koj ke vodi napred,duri i za materijalnite pobaruvanja na proteranite Makedonci.Imase,ako se sekavate i proterani Italijani od Istra,i sega Italija i Slovenija toa go resavaat-ili veke go resija,ne znam,no koga se vo istiot EU klub.Nadvor od toa ne se moze.A,toa sto advokatite ni davaat za pravo-toa e nivna rabota-da ni vlevaat nadez.
Од: adlin
Датум: 30.06.2008 11:50:35
Da sum na mestoto na Gruevski ke platam debelo kogo treba ova da go citaat i objavuvaat po svetot a ne samo nie vo MK. Da frcat vesti od BBC i CNN do Al Jezaira. Site da znaat vo sto e sustinata na problemot so GR. Kakvo ime i prezime na drzavata. Parite go vrtat svetot.
Од: Dr
Датум: 30.06.2008 13:14:02
Bravo za Egejcite.Sega i nie shto ziveeme vo pogranichnite mesta a koi imame imoti vo Grcija koi ostanale tamu so postavuvanje na granicata 1945 a ne sme zemale nitu denar za tie imoti kje si pokreneme postapki.
Од: Makedonec od USA
Датум: 30.06.2008 13:33:03
Ima lujge:glupi,naivni,neobrazovani i neiformisani(kako sto veli Mile Panika).Vo tekstov e kazana vistinata deka lugjeto se proterani,a nekoi pobegnale,dali se raboti za 10 miliojardi ili 10 milioni ne e bitno,bitno e deka tie lugje zasluzuvaat da go dobijat imotot,da dobijat pravo da se vratat na toj imot i da bidat obesteteni za maltretiranje na civili.Me razocaruva koristenjeto na nazivot Egejci,toa se Makedonci,isto e kako nekoj da kaze Vardarci ili Pirinci,na kraj ke ispadne deka nema Makedonci.Cestitam sto i vladata se priklucuva,na toj nacin se poistaknuva deka Makedonci ima ne samo Vardarska Makedonija tuku i vo drugite dva dela.
Од: dimitar
Датум: 30.06.2008 14:37:48
Одлично, МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ!!!
Од: gragjanin
Датум: 30.06.2008 15:23:16
Bravo be Egejci! Sednale izrachunale, kako site ke stanat milioneri! A, problemite poradi koi zhiveeme vo crna dupka, ke gi ostavat na nas shto ke ostaneme vo Makedonija i ke gi trpime grchkite izzhivuvanja so ime, identitet i poradi problemot na Makedoncite koi bile grchki drzhavjani i koi gi interesira samo dzebot. I, da recheme, da gi povratat imotite tie velat deka vednash ke ja napushtat Republika Makedonija, koja gi napravi lugje, im dade stanovi rabota , besplatno shkoluvanje i dr. i ke mu ja letnat za GRcija! Toa, ako dobro chitate samite go velat: kako ke si kupele stanovi, vikendichki i so milionite evra ke lezhat cel den na plazha, pretpostavuvam. Tolku im e gajle za Republika Makedonija. Znachi, nie, rodenite tuka, imame problem so NATO, EU, megju drugoto i poradi nivniot status na begalci (gubitnici) od Gragjanskata vojna vo Grcija, a, tie zboruvaat samo za imotite vo druga drzhava i baraat vladata da se odnesuva taka kako na niv im odgovara
Од: Gospod
Датум: 30.06.2008 16:12:58
Bravo Makedonci. Iako e cenata mala sto se bara. Bez baranje za izvinuvanje zaradi dolgogodisniot teror od Grckata oficijalna bagra. Niti obestetuvanje za pretrpeni traumi i telesni povredi. Samo za sporedba, vo Dubai i Moskava ce se gradat objekti kade cenata na kvadratot e 20 000 evra. Svoeto ogniste e sveto i neprocenlivo.
Од: Dr Coci
Датум: 30.06.2008 16:18:00
Republika Grcija e vo nemilost kaj EU i kaj Amerikancite, zatoa e sega najppogodno da se pritisne za ova prasanje. Nie odamna go postavivme toa kako uslov za gradenje dobrososedski odnosi so "juzniot sosed", a i administracijata na Pretsedatelot Bush e mnogu dobro zapoznata so prirodata na problemot. Se razbira tuka glavna uloga ke ima i geostrategijata. Na www.makedonija.tv mozete da procitate mnogu aktuelni tektovi po ova prasanje.
Од: struzanec amerikanec
Датум: 30.06.2008 17:30:50
vistinata i pravdata koga,togas ke pobedi,site sto imaat izgubeno duri i edno kamence sto im e odzemeno treba da im se vrati,neka ne se laze nikoy privatnata sopstvenost e nayosnovno pravo ,bilo vo grciya ,makedonija,bugariya,turcija pravoto ke bide isto ili nema da ima pravo a so toa proizleguva i obvrskata da se pocituva edna drzava,isto kay nas ni kladoa nekoi precki da ne mozeme da si gi barame zemjata ili objektite sto ni se zemeni,so nekoi cinovnicki akti ,nema da pomine toa sto e zemeno na sila treba i ke se vrati koga togas,nikogas nema da se ponizam da molam i da nudam mito na nekoi bliski na vlasta za da si go dobijam toa sto mi e odzemeno,pravdata e spora no dostizna.
Од: Bizmark
Датум: 30.06.2008 17:49:17
Konecno dobar poteg na drzavniot vrv. Grcite ne se plasat koga gi tepas po glava. Ama koga ke gi udris po dzep, se podmocuvaat.
Од: Стојан
Датум: 30.06.2008 18:42:31
Јасно е дека Груевски не сака Македонија да влезе во ЕУ. Затоа намерно ги провоцира грците за да подоцна ги обвини дека ставиле вето.
Од: читателка
Датум: 30.06.2008 20:38:46
ФАЛА БОГУ!!!КОНЕЧНО да се зборува. пишува и работи на случајот на македонците од егејот! САМО ТАКА, НАПРЕД, барајте ја правдата и не се предавајте во тој пат! Сигурна сум дека имате поддршка од целиот македонски народ.
Од: dimce velkovski
Датум: 30.06.2008 21:23:34
ermencite mozebi ne dobile nisto od turcite ama turcite moraa da go priznaat toa sto go napravile

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Кривична пријава за заменик-командир кој помагал во полнење гласачки кутии