Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Кривична пријава за заменик-командир кој помагал во полнење гласачки кутии

Миљаим Фетаи обвинува дека полицајци помагале во полнеле на гласачките кутии

Светлана Унковска

Заменик-командирот на полициската станица во Чегране, Демир Демири, заработи кривична пријава поради тоа што на изборите на 1 јуни не само што не спречил поголема група луѓе да ги полнат гласачките кутии, туку и им помагал. Поради ова од МВР доби и отказно решение.

Тој на денот на изборите заедно со уште двајца полицајци бил ангажиран да го обезбедува изборниот процес на неколку гласачки места во ОУ „Прпарими“ во гостиварското село Чегране. Веднаш по отворањето на избирачките места, во училиштето пристигнала поголема група лица кои го зеле избирачкиот материјал , го поделиле меѓу себе и заокружувајќи поголем број гласачки ливчиња ја наполниле гласачката кутија и заминале. Кога се' било готово, таму пристигнала и американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ и иако, привидно се' се одвивало во најдобар ред, сепак, таа ги забележала наполнетите кутии.


Миљаим Фетаи

Истата група попладнето повторно дошла во училиштето и ги наполнила гласачките кутии, овој пат во избирачкото место 506. Откако на ова реагирале жителите, заменик-командирот Демири остро им се спротивставил и им наредил да отстапат, репетирајќи го службениот пиштол.

Сведок на утринскиот настан бил и универзитетскиот професор Миљаим Фетаи, кандидат за пратеник на ДУИ во Шестата изборна единица, кој утрото дошол да гласа на избирачкото место 508 во училиштето. Во тоа време групата веќе наголемо ги полнела кутиите. Наместо да добие право на глас, против него била поднесена кривична пријава за нарушување на изборниот процес, односно за кршење и полнење на кутиите и тоа токму од заменик -командирот Демири. За цело време постојано контактирал по телефон и информирал дека целата работа е договорена, а ги игнорирал и реакциите на двајцата полицајци кои биле со него.

„Околу седум и пол ��асот отидов во училиштето да гласам и таму забележав околу петнаесетина луѓе и една чудна хаотична ситуација. Сакав да влезам, но бев спречен од двајца полицајци кои ми рекоа да не влегувам затоа што има мешаница. Реков ќе влезам, па и јас ќе чекам ред , но тој ми рече дека не може „затоа што има поинаква мешаница’“, раскажува Фетаи за „Утрински весник“. Во просторијата на избирачкото место 508 тој забележал петнаесетина луѓе, од кои едните земале гласачки ливчиња и ги полнеле кутиите, а други заокружувале на избирачките списоци. Сето ова исплашено го гледале членовите на изборната комисија, а Фетаи почнал да реагира и гласно да зборува дека сето тоа што го прават е нелегитимно и нерегуларно.

„На излегување им реков на полицајците: ’па што правите вие, ваша должност е да обезбедите граѓаните да гласаат, а не нив да ги чувате’. Тогаш токму заменик-командирот Демири ми напиша кривична пријава за тоа дека јас сум ги скршил и сум ги полнел гласачките кутии“, вели професорот Фетаи, кој се' уште не може да им објасни на своите студенти како се нашол на списокот пријавени за предизвикување изборни нереди, затоа што и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Имер Селмани, министер за здравство, и двајцата кандидати за пратеници јавно го обвиниле дека тој, заедно со уште неколку членови на ДУИ ги полнеле кутиите.

Гостиварската полиција достави пријави до надлежното Јавно обвинителство и за лицата кои учествувале во крадењето на гласачките кутии во селото Долна Бањица.


Статијата е прочитана 268 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
��гејците бараат имоти вредни 10 милијарди евра