Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Славески ќе проговори дали ќе остане во ВМРО-ДПМНЕ во септември

Партиски извори прогнозираат дека ексминистерот е далеку од гувернерската позиција што требало да му биде понудена

Жаклина Хаџи-Зафирова

„Министер може да биде секој, дури и човек со двегодишно работно искуство, а професорската кариера се гради со децении“, коментира ексминистерот за финансии, Трајко Славески, по неговата смена, не сакајќи да наведе на кој министер во Владата се однесуваат овие квалификации. Славески, човекот кој ќе остане запаметен во македонската јавност по неговата историска реченица дека „не бил ехо, туку глас“ во Владата на Груевски, деновиве ги минува во професорскиот кабинет на Економскиот факултет. Не сака да коментира за политиката и за своето натамошно дејствување во партијата на Груевски, каде што се' уште важи за член на нејзиниот Извршен комитет, а до пред две години беше и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Вели, за партискиот ангажман ќе каже повеќе во септември откако ќе се врати од годишниот одмор за кој се подготвува.

Тој демантира дека ВМРО-ДПМНЕ му го свртело грбот, а не сака да зборува и зошто пратениците од оваа партија го избегнуваа на собраниската седница кога се очекуваше образложението за неговата смена. „Не, не, тоа не е точно дека ме избегнуваа“, убедува ексминистерот, кој од петни жили ја бранеше министерската фотелја, а сега вели дека повеќе му значи да биде професор. На Економскиот факултет се врати само еден ден по собраниската седница на која беше изгласана негова смена, па од септември ќе се врати на своите предавања по предметите Макроекономија и Државна регулација, предмет за кој вели дека самиот го дизајнирал. Предава и на постдипломските студии.

Но, извори од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Славески, сепак, не бил омилен во партиските редови, а некои прогнозираат дека веќе е далеку од гувернерската позиција што, наводно, требало да му биде понудена. Ова, како што се тврди, најмногу поради неговите „испади“ во Собранието, при што се мисли на тврдите ставови во бранењето на своите позиции и пораката за ребалансот на буџетот.

Го опишуваат како принципиелен, човек кој немал свој круг пријатели во партијата, па по смената се' повеќе го одбегнуваат, најмногу поради неговото однесување во Собранието за што и му се лути. „Министерувањето го сфаќаше како катедра. Беше крут и немаше свој круг блиски пријатели во партијата како другите. Но, не се дистанцира само партијата од него, туку и тој од партијата“, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека Славески, кој важеше за трет човек во партијата, како што стои на партискиот интернет сајт, се уште не го изгубил местото. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека со случувањата околу Славески докажале дека како партија имаат доблест да покажат дека можат да функционираат нормално, за разлика од други партии.

„Славески се' уште е член на Извршниот комитет. Нормално, ако има седници на Комитетот ќе биде повикан како и сите други членови“, вели Димовски.

Но, дали демократскиот амбиент во партијата на Груевски ќе се докаже навистина во случајот со Славески? И колку вреди неговото повеќедецениско пријателство со партискиот шеф на ВМРО-ДПМНЕ, со кого си заблагодарија за досегашната соработка, но јавноста, сепак, не дозна која е вистинската причина за неговата смена. Свежи се сцените во Собранието кога партиските колеги на ексминистерот одбегнуваа да се поздрават со него, а тој изгледаше навистина осамен во последните часови од своето министерување.

 


Статијата е прочитана 2069 пати.

Испрати коментар

Од: mitko e razocaran od tebe
Датум: 27.07.2009 01:17:43
Trajce slabo se pokaza. Posebno sum razocaran zatoa sto i jas sum ekonomist od toj fakultet. Lugeto zaradi tebe ke mi kazat cim ne vredi profesorot uste pomalku vredat studentite (odnosno ne vredam nitu jas). Moite deca vo nikoj slucaj nema da studiraat ti kaj sto drzis katedra. A jas nikogas nema da glasam za partija kade ti ke se probivas kako politicar. Steta sto samo nema nikogas da odgovaras za bankrotiranjeto na drzavnata kasa. A toa bankrotiranje so tvojata VMRO-vska bratija go napravivte na mnogu bezobrazen nacin so najmuvanje arheolozi, so vrabotuvanje na visok kadri, so gradenje nepotrebni objekti, so nepotrebni spomenici, so isplakanje na stambeni krediti na nesposobni ministri (ti ednas bez sram stana da ja branis ovaa praktika) i mnogu mnogu drugi gadosti. Barem Grujo te sutna ubavo posle upotrebata.
Од: kris
Датум: 27.07.2009 07:25:40
Гувернерска позиција за Трајко??? Се занесувате ли??? За него само метла да мете околу Владата...............
Од: bitola
Датум: 27.07.2009 07:41:00
Profesore kazete jasno i glasno,Konjanovski e minister neucen so zavrsen masinski fak. vo Bitola (so pomos na tatkomu) bez nikakvi drugi poznavanja arno ama golem potrcko na grujo vas i ete ostana pak .Naredniot pat ke bide minister za vnatresni raboti,a posle mozi kandidat za pretsedatel(ne daj boze)
Од: tamara
Датум: 27.07.2009 09:27:11
sto bara na fakultet koga sega profesorite se na odmor:)))barem jas znam.kogo laze!!!!!
Од: emil
Датум: 27.07.2009 09:42:22
Trajko, a sto se mesas kaj sto ne ti e mesto. Vegeta bas i ne se stava vo sekoe jadenje. Ti si daskal i daskal ostani si. Dosta veke se zapisuvate vo listata na grobari na makedonskata ekonomija.
Од: od flying-monaco-
Датум: 27.07.2009 09:56:35
Bitola. G. Slaveski pokaza deka e uspeshen vo svojata rabota ako ne drugo barem nee lazgo, i korumpiran kako mnogu vo predhodnata vladakoj od koj pogolem lopovA za Konjanovski ! i TITO beshe bravar no cel svet mo se klanjaa....
Од: realen
Датум: 27.07.2009 10:04:25
Slaveveski zaborava deka Minister se biduva so znaenje da rakovodi, koordinira i pred se predlaga zakonski resenija (osobeno od nagoviot fah). Negoviot background e poranesen clen na LDP i toa e konecno. Preobrazba dozivea so Milijana Danevska, koga vide deka od Min. se zemaat pari za razni konsultacii i sl. Toj e vsusnost jadna i bedna figura, neomilena nitu megju vrabotenite, a za na faks ne znam. Minister e voda, a ministerstvo so jak kadar se kamenjata sto se trkalat vo taa voda - taka velese Ministerot za stopanstvo Bekir Zuta. Slavevski e ambiciozen i nacitan covek, koj samo so slicni nemu moze da drobi (i toa brzo) za opsti prasanja. Vo detali ne odi - strav mu e. Nikakva steta sto poveke ne e vo Vladata. Citajte gi negovite izjavi i sporedete gi so onie na Suker - laga, laga i samo laga. (Dobro sto nema most na Peljesac, ama imame drugi problemi)
Од: titan
Датум: 27.07.2009 11:14:24
Јас лично го почитувам господинот Славески, пред се како човек, а потоа како стручнак, професор, експерт. Да беа сите како него во Владата може ќе воведеа дисплина и извадеа на виделина човековата вредност.
Од: Стопанственик
Датум: 27.07.2009 11:25:51
Професорската титула не е гаранција дека ќе се биде и успешен министер. По мое мислење најслаби министри за финансии во самостојна македонија беа проф. Таки Фити и проф. Трајко Славевски, а еден од најуспешните, ако не и најуспешен беше Џевдет Хајредини, кој дојде од дистрибуција Гостивар, но покажа извонредни способности како министер за финансии и тоа во многу потешки услови од оние во кои министеруваа споменатите професори.
Од: Takov e krajot
Датум: 27.07.2009 12:11:13
Jas ne bi rekol nisto drugo, osvem deka me zacuduvase poltronskoto odnesuvanje na eden univerzitetski profesor pred suludite idei na Vozdot. Pa Slaveski jasno , kako finnaniski ekspert i profesor znaese deka site onie proekti nemaat nikakva ekonomska i finansiska logika, i ja vodat Mk kon bankrot, no nemase m..... toa vo lice da mu go kaze na liderot. I pokraj se go sutnaa .
Од: Александар северномакедонски
Датум: 27.07.2009 13:49:26
Само до вчера не биравте зборови да го изнаплукате Славески, а сега одеднаш го воспевувате како да е некој незнам каков национален херој!!!??? Славески замина во историјата. Прифатете го тоа. Што ќе било со Славески во ВМРО. Многу ми е гајле - од каде дошол во ВМРО, таму нека си оди.
Од: shtef
Датум: 27.07.2009 17:00:15
Mozebi zbori za drugo ministersko faciche, tu so ocila, tu bez niv.

Најди! во Утрински
На прво место
Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?
Груевски во Дебар се грижи за Бадентер
Длабоки кадровски промени во СДСМ