Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Груевски во Дебар се грижи за Бадентер

Премиерот првпат го отвори прашањето за почитување на Бадентеровото гласање на локално ниво

Премиерот Никола Груевски минатиот викенд во Дебар првпат го отвори прашањето за почитување на Бадентеровото гласање на локално ниво, нешто за што Албанците во последно време многу често изразуваат незадоволство.

Посетувајќи ја оваа мешана етничка општина к аде што доминираат Албанци, Груевски рече дека Бадентеровото правило мора да се почитува во општините со мешан етнички состав на населението. „Многу е важно принципот на Бадентер да се применува и на локално ниво во мултиетничките општини во Македонија“, рече Груевски.

Премиерот го извести локалното раководство на оваа општина дека заменик-премиерот во Владата, од редовите на ДУИ, Абдулаќим Адеми, „постојано е во општините со мултиетнички карактер со цел да се реализира во целост овој систем“.

Градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, му рекол на премиерот дека во Дебар гласањето во Советот на Општината целосно се одвива во согласност со Бадентеровото правило, кое гласи дека за одреден сет важни прашања треба да има двојно гласање, односно покрај редовното гласање, треба да се спроведе и посебно гласање на припадниците кои не се дел од мнозинската етничка заедница. Во случајот со Дебар, каде што според пописот на населението од 2002 година живеат 62 отсто Албанци и 19 отсто Македонци (останатите се Турци, Роми и други), Македонците се немнозинската етничка заедница.

Во последно време зачестија обвинувањата од албански политички кругови дека Бадентеровото гласање се почитува на централно ниво, односно во парламентот, чија работа постојано е надгледувана од јавноста, но и од странските мисии, додека на друга страна во општините се врши тивок бојкот на ова правило, кое беше воведено со Охридскиот рамковен договор од 2001 година. Албанците реагираа дека бојкотот е најмногу присутен во општини каде што нивната етничка заедница е во малцинство.

На кршење на Бадентеровото гласање предупреди во неколку наврати лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а одвреме-навреме дискретно потсетуваат и од коалицискиот партнер во Владата - ДУИ. (С.К.)


Статијата е прочитана 740 пати.

Испрати коментар

Од: Bitolcanec
Датум: 27.07.2009 04:50:36
Posto postojano se spomenva Ohridskiot dogovor,mene me interesira po koj zakon odjata vo Bitola pej po tri pati denot kako da sme vo Bagdad,koga vo Bitola ima albansko naselenie ispod 1%,a site znajme spored Ohridskiot dogovor toa mozi da bidi napraveno samo vo opstini so mnozinstvo albansko naselenie!?Dali ima nekoj novinar ili politicar sto mozi da daj objasnuvane za ova glupost sto se slucuva vo Bitola?!
Од: dr mr
Датум: 27.07.2009 08:59:54
toa ne e glupost, toa e verska rabota. nema vrska so toa sto go velis - BITOLCANEC !!! citaj malku literatura
Од: До Битолчанецот
Датум: 27.07.2009 09:35:55
Најпрво би требало да научите литературен македонски јазик, а потоа да настапувате во медиумите! -Не ПОШТО, туку БИДЕЈЌИ, -Не ЗНАЈМЕ, туку ЗНАЕМЕ, -Не ПЕЈ, туку ПЕЕ -Не МОЖИ, туку МОЖЕ.
Од: Трпе.
Датум: 27.07.2009 09:46:20
Се прашувам дали мистер Рејтинг,во посета на Дебар бил со пасош или без пасош.Дали посетата му била случајна или официјална.Дали имал храброст да праша дали обврските спрема државата се исполнуват,дали давачките редовно се плакат.
Од: 20%
Датум: 27.07.2009 11:49:56
Ako Gruevski baral da se primenuva Badenteroviot princip spored nacinot na koj sto toj go primenuva istiot toa ke bide mnogu loso za makedoncite vo opstini kade se malcinstvo. Gruevski najmnogu bi im pomognal i na niv a i na site gradjani ne RM ednas zasekogas da se otrezni od pijanstvoto poradi rejtingot sto go uziva kaj makedoncite. Ama sakal ne sakal ke se sluci toa naskoro; ke mora da se resi problemot so imeto, a kako ke bide se znae, e togas ke vidime dali ke mu pomogne rejtingot; najverojatno NE. Ke go zaboli malku po zadnikot od slobodnoto pagjanje, a za toa deka ke pati oti nema da bide premier toa e baska rabota.
Од: irena
Датум: 27.07.2009 13:11:32
kolku i da im se dodvoruva gruevski ili bilo koj politicar na albancite tie si teraat nivna sema narecena golema albanija..eden pridones kon golema albanija e postepenoto gradenje paralelni institucii...sto e najtragicno ministri od vladata vrsat afirmacija na paralelni institucii kako sto toa e primerot so besimi koj ni sram ni perde vo cair imase sredba so t.n komora na severozapadna makedonija...nesto kako repubilk lilrida....ocekuvam premierot gruevski da go razresi besimi koj i onaka nisto ne pokaza na poleto na ekonomijata a eve sega ni demonstrira paralelna vlada i institucii...
Од: AD
Датум: 27.07.2009 15:53:32
Pocituvani Premier , Vlada i ostanati ,,Golemini,, . Zosto ne barate da se pocituva badinter vo STRUGA? Bev na odmor, pa lugeto prokukaa od uzurpacija na plazi kako vo vremeto na osvojuvanjeto na Amerika, pa se do divogradbi i vrabotuvanja. Se toa go ima samo za albancite. Makedoncite se ,,malcinstvo,, .............................

Најди! во Утрински
На прво место
Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?
Славески ќе проговори дали ќе остане во ВМРО-ДПМНЕ во септември
Длабоки кадровски промени во СДСМ