Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?

Според експертите, ако сака да му помогне на стопанството, власта ќе треба да се откаже од повисока сума со ребалансот

Нина Нинеска-Фиданоска



Парите што ги обезбеди власта со еврообврзницата, 175 милиони евра, се доволни само за следниот еден и пол месец, максимум два месеца. Веќе во септември тие ќе бидат потрошени и тогаш може да се испроблематизира исплатата на плати, социјални трансфери и други издатоци што се финансираат преку државната каса. Затоа, експертите сугерираат дека веќе најдоцна во септември неминовно мора да биде изгласан новиот ребаланс на државниот буџет.

Дали ќе бидат доволни 100 милиони евра кастрење на државните расходи, колку што јавно предложи ексминистерот за финансии, Трајко Славески, непосредно пред напуштањето на министерската функција? Аналитичарите сметаат дека власта сигурно ќе мора да скрати повеќе од оваа сума. Дури, некои размислувања се дека со новата корекција на државната каса ќе треба да се редуцира двојно повисок износ.

„Не е доволно да се скратат само 100 милиони евра ако државата навистина сака да му помогне на стопанството. За тоа да може да опстане во овие кризни времиња, парите треба да останат кај него, а не да му се одземаат и тие да се слеваат во државната каса, па потоа власта да ги распределува како што сака. Инаку, штом поранешниот министер за финансии, Славески, јавно призна дека е потребно кратење на 100 милиони евра, сигурно е дека реалната потреба е многу повисока“, изјави вчера за „Утрински весник“ ексминистерот за финансии Џевдет Хајредини.

Овој аналитичар е на мислење дека „Владата повеќе нема да може да и' продаде на јавноста ново задолжување со камата од 10 проценти, како што го направи тоа со еврообврзницата“, па затоа не може да го избегне ребалансот.

Според Хајредини, претстојниот период Владата ќе го искористи за да размисли од кои непродуктивни расходи треба да се откаже, а кои претходно и' ги ветила на јавноста, односно каде е најбезболно да се пресече за да се намалат буџетските трошоци со новиот ребаланс.

Хајредини смета дека многу од ветените проекти за кои с��га, дефинитивно, нема пари ќе бидат поместени во буџетот за 2010 година, што ќе и' послужи на власта како алиби дека не се откажува од нив, туку дека само ги пролонгира за извесен период.

Имено, веќе во септември треба да почне и подготовката за буџетот за следната година, односно министерствата да ги наведат своите потреби за 2010 година. „Владата ќе и' објасни на јавноста дека поради кризата не можела да исполни одредени ветувања, но дека нив сигурно ќе ги планира и оствари со буџетот за 2010 година, со цел да ги одржува очекувањата кај населението“, вели Хајредини.

Инаку, иако јавно не признаваат дека државниот буџет е во критична состојба, министрите на терен ја предупредуваат државната администрација максимално да штеди.

Како што веќе пишуваше „Утрински“, веднаш откако стапил на новата функција, министерот Зоран Ставрески ги собрал на итна средна директорите на сите јавни претпријатија, на фондови и на државните агенции, на која им порачал да се штеди секој денар што може да се заштеди, односно да се скратат сите расходи што не се итни. За сите проекти што се почнати, чуварот на државната каса сугерирал не да се стопираат, но за нив да се издвојуваат минимум можни средства, само колку тие да се одржуваат во живот.

Неофицијално, порака да штедат добиле и амбасадите на Македонија во светот.Тоа значи дека државната каса е прилично испразнета, иако власта јавно промовира смиреност и ги убедува граѓаните дека состојбата е под контрола. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 1401 пати.

Испрати коментар

Од: mitko da dade predlog za nobelova nagrada
Датум: 27.07.2009 01:04:06
Koga VMRO-vcite kazaa deka padot na BNP e samo 0.9% i deka padot na danocnite prihodi e samo 4%, tuka se javija mnogu lajaci od SDSM koi dosta nepismeno pocnaa so jadikovka vo stilot na Jani Makraduli : kazavte deka ke nema recesija eve recesija. Jas gi predloziv vo sega VMRO-vcite za Nobelova Nagrada, zatoa sto tie rezultati se FANTASTICNI (da bea vistiniti jasno). Problem so ovie rezultatite e deka tie se LAZNI! Ova otprilika znaci deka tolkavo zadolzuvanje i kastrenje ne moze da rezultira od tolku dobri podatoci. Rabotite ocigledno se mnogu mnogu mnogu polosi. Bas da vidime do koga ke isplakaat plati i penzii. A trosocite za struja ne se za potcenuvanje po svojata vaznost.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 27.07.2009 03:08:40
I ovde se mislese edno, ispadna drugo i stotici milijardi $$$ ce odat na pokrivanje golemi minusi i krivecot e ... VMRO ili svetskata kriza? Razlikata e sto ovde nikoj nisto ne vika ili da se buni, a tamu ... ete Mitko sto se znae i ce vi kaze, potpolno " ce ve uveri" sto e problemot, blagodarenie na negoviot seslovenski duh i mozok.
Од: весна
Датум: 27.07.2009 11:19:34
До Аце: Зборуваш дека и кај вас е светска криза и дека сите молчат, дека кризата е крива. Ама ај те молам одговори ми дали во ваква криза твојата влада се рекламира на сите можни ТВ станици со глупости од типот за трето дете, знаењењто е сила, знаењето е моќ и ред други глупости на кои секојдневно одат стотици илјади евра. А нели е КРИЗА. Овие нашиве се без компас и затоа доста ги браниш.
Од: zabegan.
Датум: 27.07.2009 12:36:15
more-ACE sedisi vo Avstralia i ne go kritikuvaj MITKA.Bi te zaprasal dali tamo vlasta se zanimava so minato ili idnina????Dali gradat SPOMENICI od 10 milioni evra???Dali frlat pari za pitaci,smizli,konji i sto uste ne?. Dali nonstop se reklamirat po televizi?Dali pola naselenie e bez rabota (leb)?.Dali se vozat Avtomobili od 1979god. Dali platata iznesuva edvaj 150 evra??Aj ko ce bide taka vo Avstralia javise a dotoga legni spi i ne komentiraj.
Од: Верглање лаги со опашки
Датум: 27.07.2009 13:43:53
„Ставрески ги собрал на итна средба директорите на сите јавни претпријатија, на фондови и на државните агенции, на која им порачал да се штеди секој денар“. Глупости! Сами си измислувате, па после сами се цитирате.
Од: verag
Датум: 27.07.2009 14:46:09
Ќе кратат од платите на вработените во јавните претпријатија. Чинам,во Макрдонија пат не примиле плата неколку месеци.Но тендерот за грдите ,прескапи и нефункционали двоспратни автобуси нема да се откаже.Коце Трајановски после службениот пат во Париз ќе најде пари за уште неколку европски метрополи.Наместо да го продаде местото на плоштад за смешно мала сума, можеше да го продаде за пазарна цена,иако по мене нема право да го продава.Глупите и досадни кампањи,на кои веќе никој не им обрнува внимание и натаму течат и влечат пари од буџетот.

Најди! во Утрински
На прво место
Славески ќе проговори дали ќе остане во ВМРО-ДПМНЕ во септември
Груевски во Дебар се грижи за Бадентер
Длабоки кадровски промени во СДСМ