Број 3281  четврток, 13 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Матуранти

Site Meter
На прво место

Крвав шверц со оружје кај Радуша

Откако им било алармирано да запрат, шверцерите почнале да пукаат во полицијата

Горан Адамовски

Радуша - Четири лица загинаа во оружен инцидент што вчераутро се случи на патот меѓу скопските села Свиларе, Радуша и Рашче. Во заседа на МВР се убиени ��етворица шверцери на оружје, кои откако им било наредено да запрат со комбето во кое се превезувале, започнале да пукаат во полицијата. Станува збор за двајца македонски и еден косовски државјанин, а кај едно лице се' уште се утврдува идентитетот.

Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, овој шверцерски круг засега не се поврзува со големиот арсенал оружје што пред две недели беше запленет на Скопска Црна Гора. Јанкулоска тврди дека нема потреба за загриженост околу безбедносната ситуација во земјава.

Акцијата на полициските специјалци беше реализирана во три часот наутро. По добиените сознанија, полициските сили вршеле контрола на локалниот пат меѓу овие три скопски села. Откако на патот наишло бело комбе „мерцедес спринтер“, припадниците на МВР му сигнализирале да запре.

„Возачот го запрел возилото, ја подотворил вратата, но во тој момент другите три лица што биле во задниот дел, почнале да пукаат кон припадниците на полицијата“, изјави Јанкулоска.

Специјалците возвратиле, по што биле убиени сите четворица шверцери. Нивниот идентитет бил утврден врз основа на личните документи што биле пронајдени кај нив.

Двајца од нив се жители на скопските села Грчец и Мерово, еден е косовски државјанин, а кај четвртото лице не биле пронајдени никакви документи. Неофицијално, личните документи гласеле на имињата Кемал Фејзула од Грчец и Шабан Зенуни од Мерово, односно Џабер Шаља од Косово. Зенуни е шестообвинет во случајот „Мавровски работници“ и по него е распишана потерница уште од декември 2001 година. Телата на убиените се предадени на обдукција, а полицијата утврдува дали документите што биле пронајдени кај нив се вистински.

„Станува збор за лица што и' се добро познати на полицијата, особено едниот од нив, кој бил пријавен за напад врз овластено службено лице, а во отсуство е осуден на девет години затвор и по него била распишана меѓународна потерница“, велат од полицијата.

На локалниот пат што од Кондово и од Долно Свиларе води кон Рашче и кон Радуша, вчера беше мирно. Полицијата по само неколку часа од инцидентот, го расчисти теренот. Сепак, траги од крв и натаму беа забележливи на измиениот асфалт. Десетиците чаури, скршени делови од возилото, но и кованици од 10, 20 и 50 евроценти, ја дополнуваа сликата за инцидентот. Според полициски извори, комбето со фалсификувани прилепски таблички било натоварено во Косово, а потоа по илегален пат преку Радуша требало да замине во внатрешноста на земјава.

„Каде требало да заврши, рано е да се каже. Се' уште работиме на случајот“, велат од полицијата.

Мирно беше и во селата Радуша и Долно Свиларе. Жителите на Радуша велат дека од страната на Свиларе слушнале пукотници, а дека полиција кај нив во село „не влегува веќе со години“. Во Свиларе, село што е најблиску до местото каде што се случи инцидентот, велат дека пукотниците траеле неколку минути.

„Се слушаа бомби. Не знаевме што е работата, па се скривме во подрум“, вели еден повозрасен жител на селото. Тој вели дека утрото околу 7 часот кога училишниот автобус ги носел децата во Кондово, полициските специјалци го блокирале патот, бидејќи тогаш се повлекувале од местото на инцидентот.

Изрешетаното комбе, во кое имаше траги од куршуми буквално на секој дел, како и запленетото оружје вчера беа поставени во касарната во Ѓорче Петров.

Надлежните информираа дека биле запленети три рачни фрлачи, три вреќи гранати, шест автоматски и една полуавтоматска пушка, вреќа експлозив ТНТ, шест рачни бомби, еден рачен фрлач на гранати од 40 милиметри со 15 гранати, половина вреќа противпешадиски мини, две гранати за бесповлечен топ, кутија со 12 гранати за минофрлач од 60 милиметри, муниција за автоматските пушки, војнички чизми, амблеми на УЧК и мапа. Оружјето е од југословенско производство, а дел од него бил конзервиран и подолго време закопан во земја.

Со кого била поврзана оваа група и која била нивната цел - допрва ќе се утврдува. МВР засега не го поврзува овој случај со инцидентот од пред две недели кога македонската полиција беше нападната во близина на Блаце на границата со Косово. Тогаш беа откриени три бункери со оружје.

Според министерката Јанкулоска, овие две акции се „доказ дека нема причина за загриженост кај граѓаните, бидејќи полицијата има целосна контрола и располага со сите информации што се релевантни за безбедноста на Македонија и сигурноста на граѓаните“.

„Уште еднаш испративме јасна порака дека никакво насилство не може да се толерира и дека најостро ќе возвратиме на сите обиди за нарушување на безбедноста и загрозување на безбедноста на граѓаните и посебно на загрозување на сигурноста на полициските службеници, кои ги извршуваат своите редовни задачи“, оцени Јанкулоска.

Според неа, добро било што по првата акција на Блаце, „политичките парти��, односно сите релевантни чинители и од Македонија, претставниците на меѓународните организации, но и од соседството се оградија од овие поединци и групи што имаат екстремни намери“. (Г.А.)




#
Статијата е прочитана 6625 пати.

Испрати коментар

Од: ја
Датум: 13.05.2010 00:26:49
Повторувам,Феликсе (Среќко) овде нешто смрди на она од пред 9 години и тогаш и сега е истата портокалова гарнитура на власт но без Лјубчо ама таквите како тебе Среќко се прашувам колку ја сакаат иднината на РМ.Повеќе ми личите на благонадежни . . . .Се согласувам дека ваквите терористички акти треба да се пресечат во корен но зарем превентивата не е подобра од репресивата.
Од: Штипјанче
Датум: 13.05.2010 00:57:35
Професинална и легитимна акција на ЕБР, нема место за забелешки и критики само да се продолжи така со поголемо внимание на косовската граница. Се надевам дека ”нашите “ Албанци нема да протестираат и за ова бидејќи ова е срам за албанкото малцинство во Македониија и секако треба да биде осудено и од нивна страна.
Од: Stop za etnicok cistenje "otode Grupcin"!
Датум: 13.05.2010 01:15:08
Do koga terorizmot ke se tretira kako "sverc so oruzje"? Neli se veli "trojca uniformirani vo srni uniformi..." znaci toa e upad na Makedonska teritorija od strana na teroristicka - organizirana - grupa koja sto kako sto i samite rekoa za onie kaj Blace, bila del od nivnata logistika za distribucija na oruzjeto i teroristickiot matrijal niz Makedonija! Kako takov i treba da se tretira. Samo vidite koi se vmesani? MVR dobro si ja vrsi rabotata preku razuznavackite kanali, no imenuvanjeto kako kriminalna grupa...ne drzi voda.
Од: nacional-patriot
Датум: 13.05.2010 01:21:09
Se reagirase onaka kako sto bi reagirala sekoja drzava vo svetot.Bravo za akcijata.
Од: diplomat
Датум: 13.05.2010 03:27:15
Gi molam novinarite da se postavat do nadleznite nekolku prasanja,koi se mnogu vazni za rasfetluvanje na slucajot:Dali izleze javen obvinitel i istrazen sudija vo terenot?Dali imase albanci vo specijalniot sostav na policijata?Treba da se bara megjunarodna ekspertiza za slucajot,so insistiranje od ahmeti,eu i nato?Dali javniot obvinitel vodi istraga za mozno obvinenie,poradi mozno precekoruvanje na upotreba na oruzje?Vo EU pri sekoja upotreba na oruzje od strana na policijata,se pokrenuva istraga za mozno obvinenie poradi precekoruvanje na sluzbenata dolznost,i dali mozese grupata da se uhvati bez upotreba na oruzje od strana na specijalcite?Poradi iskazot na ministerkata deka imale soznanie,dali se koordinirale i dobile soglasnost od obvinitelstvoto?Dali javniot obvinitel,ombudsmanot ..reagirale na oficijalnosta i spektakularnosta na policiskite akci,kade se povreduvaat ustavnite zgarantirani prava i slobodi na covekot i prezumcijata na nevinost?
Од: imer-minhen
Датум: 13.05.2010 04:35:42
Na kriminalcite im je da svercuvat,na policijata da ih uapsi ili ubiva.Bravo za multietnickata policija ,cestitam
Од: Goran Bitola
Датум: 13.05.2010 05:40:44
Samo neka prodolzat na isselenicite da im baraat ,makedonski pasosi...
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 13.05.2010 05:44:43
Sverc na oruzje se podrazbira 2 pistoli, dve kasikari, dva Kalasnikovi... no ova e organiziran "sverc" sigurno so logisticna poddrska vnatre vo Makedonija. Kutrite, zgresile. Kasno e veke. NATO i Amerika imaat mnogu drugi prioriteti na drugite mesta na svetot. Gi trese strasna kriza. No ako tolku mnogu im se brzalo.... sto mozeme osven zastita na drzavata Makedonija.
Од: od obiccen do ja
Датум: 13.05.2010 05:47:21
A koja e preventivata da nema terorizam. Makedoncite da prestanat da gi provociraat Siptarite (se izvinuvam za navredata) Albancite so toa ssto postojat i se zanesuvaat deka mozzat da poigraat nekakvo pravo na drzzava i da se poccustvuvaat deka imaat pravo za nessto vo sopstvenata zemja da ressavaat. Bedni se vassite opravduvanja za terorizmot vo Makedonija i odsustvoto na ccovekovi prava.
Од: goran
Датум: 13.05.2010 06:49:58
Bravo za MVR. Samo taka. Treba da im se dade do znaenje na teroristite deka imame tim da se spravi so niv, a vakvite akcii go dokazuvaat toa.
Од: dali raketata "od Zelezara" bese znak za pocetok na vojna??
Датум: 13.05.2010 07:21:03
Neznam sto se slucuva?? Dali sme vojna??? Eve najmalku 5-6 dena, odnosno odkako "padna letaloto... eksplodira boljer... pukna vo Zelezara... padna avion... puknalo vo rudnikot kaj Banjani... padna letacki tanjir (NLO).. i trista drugi pikanterii za koj narodot se ismejuvase zosto samo tie znaat sto videle vklucitelno i jas (ocevidcite znaat sto videle)... za na kraj da se kaze deka vsusnost "letnala" ruska raketa od skladisteto na Zelezara (a Boga mi i toa e za cudenje, letnala raketa zemja-vozduh od 6 metri, a da bese taka cela Zelezara ke ja dignese u vozduh), od togas do sega SEKOE UTRO pocnuvajki od 5 casot frcat po 3-4 vojni i policiski helihopteri nad celo Skopje. Eve sega sabajlevo od 5 do 6.30 casot 4 helihopteri urnebes pravea vrz gradov pogotovo nakaj Blace, Skopska Crna Gora, Saraj, Kondovo, Rasce i t.n. Mislev deka prestanaa, no vo momentov seuste gi slusam negde nad Skopje. Istoto se slucuvase i vcera-utro koga potoa javija deka imalo 5 zrtvi. Prasuvam DALI SME VO VOJNA???
Од: Лазо Стефанов
Датум: 13.05.2010 07:32:42
Меѓународната заедница испраќа сигнал дека и со етнички судири ќе ја сруши оваа Валада, доколку другите мерки не го дадат очекуваниот резултат.
Од: todor
Датум: 13.05.2010 07:47:43
За шверц треба да постојат двајца. Прашање и битно е кој го нарача или кој го купува оружјето во Македонија.
Од: Филмаџија
Датум: 13.05.2010 07:51:32
Ова ми изгледа како првата сцена по втор пат од филмот во 2001ва. До кога неспособни ќе ни ја водат државата??!!
Од: Мирна Оаза
Датум: 13.05.2010 08:08:50
Повторно се крша�� правата на Граѓаните, кои се самоорганизирале во Вооружени Групи! :) Да,баш и не е за смеење,но не можам,а да не бидам ироничен!
Од: SPIRIDON
Датум: 13.05.2010 08:51:57
Paradni izjavi na ministerkata Jankulovska.Prvo ova voopšto ne e šverc na oružje.Vtoro koe e mestoto na nabavka i mestoto na dostava.Treto izvorot na informacijata,ne e za javnosta,razbirlivo,no analitički potreben argument.Se prašuvam dali e ova rezultat na vlošenite megunacionalni odnosi,dali e obid od nadvorešen centar da se destabilizira Mkedonija ili e način na "moknicite" da i pokažat na ovaa vlada deka ni i neophodna Evropa i NATO,zašto nastanite dobija smisol po najnovite izjavi na premierot i ministerot za nadvorešni raboti.Vo sekoj slučaj gubitnik e makedonskiot narod,albanskoto malcinstvo i voopšto Makedonija.Duri gragjanite na Evropa von recesijskite problemi se "zanimavaat" so miren i udoben život našite seušte se krijat po podrumite i živeeme so teorijata "podobro vo siromaštija otkolku vo vojna".Žalno za makedonskiot narid,albanskoto malcinstvo,za Makedonija.
Од: aleksandar
Датум: 13.05.2010 09:33:42
dali se kriminalci,sverceri ili teroristi voopsto ne e vazno,vazno e deka bile luge koi sakale da vnesat oruzje vo zemjava i da pravat gluposti,da ubivaat!!zatoa ja opravduvam policiskata akcija vo celost!ova najiskreno mirisa na 2001 godina,mnogu slicni raboti se slucuvaat,taka da nema da me iznenadi ako albanskite politicki partii pocnat so gluma deka ete nemale prava i slicno i ja narusat situacijata...tesko deka ke ima sozivot so niv na vakvi nacini!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.05.2010 09:38:51
Што е најважно амбасадорот на САД Рикер ја поздрави акцијата и начинот како треба власта да се справува со криминални елементи.Ме радува што Ја сака да кореспондира со мене,вели нешто му ,,смрди,,.Таков мирис испушта опозицијата виножитна оти молчи и се преслушува како да настапи.Додека недокваканите виножитни коментатори ја омаловажуваат акцијата,сиротите неможат да сватат да се работи за државата во која егзистираат.
Од: pavlina
Датум: 13.05.2010 09:42:45
ova e ubistvo na nedolzni luge , maska da se trgne vnimanieto od ovaa bez izlezna situacija vo koja se naoga drzavata
Од: snajper
Датум: 13.05.2010 09:53:16
Svercot se slucuva oddamna i nesamo sto se nema kontrola tuku e i so poddrska na dpmne-sdsm. Sto konkretno vcera se slucilo i za kakov incident stanuva zbor, vistinata ke izlezi nabrzo na videlina, no jasno e deka branko i grujo, zaedno so taci go turkaat scenarioto od 2001 za pravenje na meguetnicki konflikti, so cel da se predizvikaat predvremeni izbori i da se blokira vlezot na drzavata vo EU i NATO.. Na narodot ne mu trebaat razni komisii i istitucii da go ubeduvaat deka istrazuvaat razni gluposti, se e veke dobro poznato oddamna..
Од: vivo
Датум: 13.05.2010 10:10:12
Павлина, жити се, кој ти го напиша коментарот!?
Од: srebre
Датум: 13.05.2010 10:25:08
sto povece se oddalecuvame od eu sto pomala sansa ce ima mkd da opstane.
Од: slartibartfast
Датум: 13.05.2010 10:25:38
Interesno e sto Gruevski bese nadvor od zemjava, a vo isto vreme doaga i predstavnik na Belata kuka vo RM a Guica resi da ne se vraka doma i da go preceka. Serga pak Branko e kriv i organizator na vakvi incidenti.
Од: aleksandar
Датум: 13.05.2010 10:47:42
Драга госпоѓо од такви како вас страдаа оваа држава ги браните и им давате сила на терористи и ги нарекувате недолжни луѓе,секој недолжен човек не се занимава со шверц на оружје и дај престанете да се понашате како да сте од другата страна,Поздрав до МВР И СЕКОЈ ШТО ЌЕ СИ ГО БАРА ТОА И ЌЕ СИ ГО ДОБИЕ А ОВАА ГАРНИТУРА МОЖЕ ДА НЕ ИМ ОДГОВАРА САМО НА ПРЕДАВНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА. ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ШТО ЈА САКААТ МАКЕДОНИЈА.
Од: Itar Pejo
Датум: 13.05.2010 10:59:18
Bile obleceni vo crni uniformi? Luge sto svercuvaat oruzje se onlekuvaat vo uniformi? Ova se mi lici na Rastanski Lozja! I togas policijata pokaza zapleneto oruzje, pa se pokaza deka ne e tocno, pa se zataska rabotata. I sega kako i togas nikoj ne prezivea pa nema svedoci.
Од: niko bozin
Датум: 13.05.2010 11:04:27
Ova navistina lici na 2001 g.I togas prvo imase protesti,potoa napustanja na Parlamentot, pa tepacki po javni mesta na megjunacionalna osnova imase i togas sverc na oruzje i potoa novinarkata Snezana Lupevska na Skopska Crna Gora naleta na balistite.Ova se nekako mi e isto scenario.A nie si sedime i se tesime deka se ova e samo rejting na Grujo-ne be lugje se lazeme VISTINATA E SLEDNA GRUJO ODAMNA JA IMA IZGUBENO KONTROLATA VRZ SITUACIJATA.SPREMAJTE SE ZA VOJNA. P.S.I za kraj na DIPLOMAT da mu odgovoram ,ubavo se trudis da se sokries zad natpisot ama i ti si druze Siptar zatoa sto baras na teroristi koi pukale na policijata da im se zapazat gragjanskite prava,koja drskost i glupost.
Од: prilep
Датум: 13.05.2010 11:08:06
more vaka trebase pred 10 god koga se spremaja i koga velea deka kopaat temeli za vikendici ,ama nie si cutevme profitirase nekoj ,a da napravevme vaka porano nema da ni se sluci 2001 god. Pozz za ovaa akcija samo napred
Од: Od Lexus
Датум: 13.05.2010 11:44:35
Vinovnite sea molcat Ambasadorcinate so kreatorite od sdsm i omilenicite od jug pa sorovcinjata i ostalite ova nese svercer tuku revulucioneri tuku treba da se svati za ozbilno...
Од: sociolog albanec
Датум: 13.05.2010 11:50:40
makedonskata strana ima neresheni problemi i nesposobni da gi reshi koi vodat do katastrofalna sostojba vo mk,ekonomski reperkusi imame so golema nevrabotenost so najnizok standart vo svetot vo srceto na evropa,a najmnogu stradat albancite koj se ekonomski mnogu diskriminirani vo edna mnogu siromashna zemja sega slushnete go In The Ghetto od Elvis i ke sfatite deka taka e.
Од: Komentator
Датум: 13.05.2010 11:52:36
Edno vreme.. ma dalecno na TV i vo stripovite imase eden macor crno bel se vikase Felix (srecko) Nedostatok ne mu bese imeto i igrata tuku crno bela opsesija koga go gledavme...ili citavme...Deneska onoj Robert vo negoviot "penzionerski klub" postavi prasanje dali Makedonci crno belo razmisluvaat ..za situacija vo koja ziveat...a jas ke kazam deka nosime diopter protiv svetlina i crnina......pa od avion se gleda ovie "sverceri" zavcera samo so "muabet" se zakanuvaa nosejki paroli za UCK..a vcera pokazaa na delo kako ke se borat "institucionalno"...verojatno na sekoj vlez na institucija da postavat ona "nevino" oruzje za koe sega Albancite mudruvaat vo svoite stabovi kako da kazat za kolku svadbi im trebalo....!!
Од: skopjanec
Датум: 13.05.2010 12:14:04
jas mozam da kazam deka lugevo sto gi ubile nemat vrska so oruzje nego ova maslo e od drzavnite nstitucii sto ubivaat kogo sakaat sto ne e makedonsko, ama edno znam deka makedoncite i albancite se ista krv toa meshano e sve , koga qe mislime dobro qe znaeme po veqe sakame ili ne toa e...
Од: Makedonci, edinstvo, edinstvo!!!
Датум: 13.05.2010 12:18:57
Kakvi sverceri. Sverceri oznacuva ako nesto pr5odavaat nelegalno. Ova oruzje ne e za prodavanje, tuku za voeni akcii vo Makedonija. Zatoa i SDSM i site makedonski partii treba da go osudat i da i dadat bezrezervna podrska na policijaqta za sprecuvanje na voeni dejstvija od radikalnite albanci, za da ne se povtori 2001, zosto scenarioto e isto. No sega mesto DUI koi se uhlebija vo am basadori i visoki drzavni funkcioneri, nezadovolen e Sewlmani, zamislete, makedonskiot tnr Obama, koj gi prevari makedonskite lakoverni gradjani. Znaci, ni se zakanuva nova 2001 g. a nie i togas dokazavme deka ne sme edinstveni da si ja branime drzavata. SDSM i sega da ne ja zalozuva drzavata i da se stava advokat na DUI samo da dojde na vlast, zosto toa gradjanite ce go najostro osudat i SDSM konecno ce iscezne kako politicka partijua, a na mesto na nea cese fotmira nova socijaldemokratska partija koja ceocijalna io nacionalna, a ne kako segasniot "kosmopilitski" SDSM.
Од: Redoven Citatel na Utrinski
Датум: 13.05.2010 13:04:06
Na seo mirisa ova ne e tajna. No zosto bas vaka mora toa e tajnata. citajki gi site ovie komentari se gleda deka narodot ne da ne e upaten tuku izguben e. kakovo ORUZJE ? Na albancite ne im e potrebno oruzje so kombe ili kola tie koga sakaat mozat da vnesat so kamion , noneka kazat ako e taka ZOSTO toa kombe ne EKSPLODIRA od tolku metci i ako e tocno deka imalo bombi i granati. Ili pak trebace da se vidit na tie granati nekoja DUPKA od nekoj metak . Narode OSVESTI se dosta e laga oti nie sme Patenici do sega a vo rat sme prvite SMRTNICI. Grujo od Vodno ke ne gledat a narodot od pod zemja ke cekame spas od tie sto ne UBIVAAT. Blagodaram
Од: "vodolija"
Датум: 13.05.2010 13:24:32
Uste eden dokaz deka, Jankulovska i Gruevski se sozreani da bidat liseni od sloboda !!?? I na toj nacin Makedonija i gragjanite koi ziveeat vo nea ne bidat vovleceni vo nova gragjanska vojna kako vo 2001 g.vo koja ovoj pat taa vojna bi bila nedaj Boze katastrofalna!!??Ovaa, javna priprema za gragjanska vojna vo Makedonija govori deka Ovaa Vlada se bavi so Ideoloski terorizam, i ovaa vlada treba pod hitno, i so urgencija na OON, Nato, EU. OBSE, ovaa vlada da bide smeneta i postavena nova TEHNICKA VLADA !!??
Од: potsetitel
Датум: 13.05.2010 13:26:12
2001 ta ne skaraa so kina i ni stavija veto za plavite slemovi i protok na oruzja dosta rece nema nisto sdes seri panika potoa lubco sakase da ja deli makedonija i razmena na teritorija i naselenie sega prepisana lektira se skaravme so evropa pak oruzja na granica pak nema nisto kriva opozicija ruska raketa 6 metri ,bunkeri kombi toa e nisto smrdi na golemo.ama filmot vece go vidovme .0123
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 13.05.2010 15:03:22
Со нетрпение чекам потполно известување на јавноста за лишување од живот на терористите.Да беа Американски полицајци, сигурно ќе обезбедеа барем еден жив сведок.Во детали објаснете на народот ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА. Треба да се знае како и зошто нема оштетување на воениот арсенал.На изрешетано возило а нема оштетување?? Народот требеда се информира за да не се јавуваат шпекулации. Молам да не информираат, сакам да знам...
Од: lala
Датум: 13.05.2010 15:09:15
Da imashe oruzje vo voziloto i racni bombi bi eksplodirale no toa ushte ednash potez na vladata da se prikazhe deka se borat so terosistite. Sramota e toa nishto ne eksplodirale e 4 rica ubieni . Potez na vlada da go izbegnat ushte ednash priem na Europa i Nato. Imeto treba da go reshi najpervin e na da ubije albanci,saka sam nemiri izlega vladata se plasham da ne bide kasno.

Најди! во Утрински
На прво место
Кога власта ја бојкотира власта