Број 2868  понеделник, 22 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

„Спортски оскар“ за Вели Мумин

Андон Дончевски ја доби престижната награда „Спортски оскар“ за животно дело

Миодраг Мицковиќ

На пригодната свеченост што се одржа во салата „Борис Трајковски“ во присуство на голем број спортисти и спортски работници, љубители на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт на Македонија и Сојузот на спортските федерации, се одржа избор за најдобрите спортисти, спортски екипи и федерации во годината што изминува на кои им беше доделен „Спортски оскар“ за нивните постигнати резултати.

Во анкетата за избор на најдобрите учествуваа сите новински и телевизиски куќи во Македонија и спортските федерации.

Како што се очекуваше за најдобар спортист на Македонија во 2008 година беше прогласен нашиот најдобар боксер Вели Мумин, освојувач на бронзениот медал на последното Европско првенство во Ливерпул. Негови конкуренти за „Спортскиот оскар“ беа голманот на ракометната репрезентација на Македонија Борко Ристовски и кик-боксерот Иле Ристевски.

„Оскарот“ на Вели Мумин му го предаде претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.

Најдобра спортистка во 2008 година е ракометарката на Кометал и репрезентативка на Македонија Валентина Радуловиќ во конкуренција на Милица Неделковска (кик-бокс) и каратистката Ардита Исени.

Ракометната репрезентација на Македонија, која избори пласман на Светското првенство што ќе се одржи во текот на јануари е најдобрата машка репрезентација која собра повеќе гласови од ватерполо и кошаркарската репрезентација кои исто така имаа големи успеси во 2008 година. Кошаркарите по повеќе години обезбедија пласман на Европското првенство додека ватерполистите го освоија седмото место на Европското првенство во Шпанија.

Освојувајќи го седмото место на последното Европско првенство што се одржа во Охрид и Скопје женската ракометна репрезентација се избори за спортскиот „Оскар“. Нејзините конкуренти беа фудбалската и кошаркарската репрезентација.

Најдобар тренер-селектор е Илија Темелковски, селекторот на машката ракометна репрезентација. За „оскарот“ му конкурираа Ружди Калач, тренерот на Вели Мумин и Јовица Арсиќ, селекторот на кошаркарите.

Беше прогласена и најдобрата спортска федерација. Оваа титула и припадна на Ракометната федерација поради големите успеси: седмото место на женската селекција на Европското првенство и пласманот на ракометарите на светскиот шампионат во Хрватска.

Не беа заборавени и младите спортисти. Најуспешен млад спортист е параглајдеристот Мартин Јовановски, кој победи во конкуренција на Иво Цветковски (карате) и Дино Најдоски (фудбал), додека епитетот на најдобра млада спортистка и припадна на кошаркарката Јелена Антиќ, членка на репрезентацијата на Македонија. Таа доби повеќе гласови од фудбалерката Наташа Андонова и ракометарката Елена Георгиевска.

Многу аплаузи доби прогласувањето на Кире Лазаров, ракометниот репрезентативец за најдобар македонски спортист кој игра во странство. Тој зад себе ги остави Горан Пандев, фудбалерот на римски Лацио и кошаркарот Врбица Стефанов.

Оливера Наковска-Бикова, која го освои петтото место во стрелаштво на Параолимписките игри во Кина е најуспешен спортист -инвалид, најдобар спортски колектив меѓу основните училишта е ОУ „Коле Канински“ од Битола, гимназијата „Јане Сандански“ од Струмица меѓу средните, а Ката тимот најдобар на универзитетите во Македонија.

И на крајот, спортската и фудбалска легенда на Македонија, поранешниот играч на Вардар и неговиот тренер, потоа и селектор на Македонија Андон Дончевски ја доби престижната награда „Спортски оскар“ за животно дело.


Статијата е прочитана 223 пати.

Испрати коментар

Од: драган
Датум: 22.12.2008 00:06:04
Честитки за добитниците, но во некои категории гласачите утнале тешко. Вале Радуловиќ малку одигра за репрезентација повеќе се инаетеше а Исени освои бронза на ЕП во карате. Машката ракометна реперезентација е исто утка. Наспроти ватеполистите кои освија 7-мо место на ЕП и се пласираа на СП, ракометарите се пласира а на СП а во квалификациите за ЕП имаа мизерен и понижувачки настап против Естонија.
Од: ilija
Датум: 22.12.2008 09:19:12
Kakva smeshna manifestacija za sport koj ne postoi,vo drzava koja tone,so znaminja koi ne i pripagjaat,i koi sluzat samo kako orudie za taa drzava pobrzo da potone,za da tie shto sedat vo prvite redovi polesno ja podelat... A laureatite se odnapred poznati,so godini.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Не е се' мазно меѓу Груевски и Ахмети
Соработката со Ашкенази ми отвори нови видици
Претходен број
Зденко
Македонија нема лобист во Брисел
Бунтот во Грција не стивнува
Вербатим
Малите партии во грч пред изборите
Изместени навики
Донатори со туѓи пари
Заглавени во историјата
Во Македонија и понатаму ќе се суди за клевета
Тројца уапсени за нападот на „алфите“ кај ПМФ во Скопје
Карикатура
Сите на работа, пратениците на распуст