Број 2852  вторник, 02 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Еден оди, тројца води

Димитар Чулев

Македонија го засили својот преговарачки тим за уште еден, овој пат, „легален“ преговарач откако шефот на државата и премиерот не можеа да се договорат дали Никола Димитров, именуван и разрешен од Бранко Црвеновски, бил „вистинскиот“ човек кој затаил , а шефот на Кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер, бил суфлер или супервизор на Димитров во многу сериозниот преговарачки процес со Грција за името.

Најдено е соломонско решение, со избор на „третиот човек“ кој исто онолку колку ја збунува македонската јавност, барем двојно ќе ја „шокира“ Грција оставена неподготвена на само едниот адут - Василакис.

Тешко е да се предвиди дали новото кадровско решение извлечено како ковертирано во ликот на македонскиот амбасадор Зоран Јолевски во Вашингтон е вистински лек за одмрзнување на хибернираните грчко-македонски преговори околу името. Вината за умртвените напори за постигање решение со Грција, подеднакво е распоредена на товар на главните играчи во надворешната политика – Кабинетот на претседателот и Кабинетот на премиерот сосе министерствата – и, неизбежен е впечатокот дека поради персоналниот анимозитет на Црвенковски и Груевски, сега сме сведоци на формациско екипирање на преговарачкиот тим во Њујорк според теркот на една наградна игра од времето на пред-транзицискиот период на весникот „Нова Македонија“ наречена „Еден оди, тројца води“.

Имено, третиот во тимот, ако не сака Димитров да остане во него, допрва треба да се одреди. Ред е во преговарачкиот тим да биде вклучен претставник на малцинството кој, според Бадинтер, има право на тоа, а според незадоволството на Албанците од блокираните НАТО и ЕУ интеграции – дури е нужно да се појави во Њујорк.


Статијата е прочитана 1428 пати.

Испрати коментар

Од: Tomce
Датум: 02.12.2008 00:33:01
Neznam zasto Frcko ne go zele.On vednas ke ni skroeshe ime,brzopotezno!!!
Од: metju
Датум: 02.12.2008 00:52:46
spored mene, dimitrov ke ispadne budala ako prifati da bide treta violina i sufler na drvava. tokmu tie go ponizija i dremese kako kutre pred vrata i izigravase protokol samo za na aerodrom. jasno e cim ovoj go bara deka e svesen za vojata nesposobnot ama ubavo izgleda da mu vleze vo biografija. kolku li se srekni grcite so ova resenie samo oni si znaat, pa tokmu ovoj im pomogna da pocnat histerija protiv makedonija koga brilijantno go prekrsti zabarnikon od aerodrom aleksandar makedonski. dve drva e veke drvored
Од: Dimitrovne pagaj tolku nisko
Датум: 02.12.2008 04:34:02
Bruki Makedonijo!!!Epten ponizuavacki. Dimitrov ako ima dostoinstvo treba ODMA da se povlece. Ni slucajno ne smee da dozvoli nekoj da si igra so nego. Koja bruka ke bide koga tamu sega ke se pojavie so uste dvajca pregovaraci a do vcera vazese za epten pametno dete.Ako toa si go dozvoli togas vo zabluda sme bile deka vredel nesto. Abe toa sram i bruka ke bide ne samo za Dimitrov tuku i za cela Makedonija.
Од: Trpe 2
Датум: 02.12.2008 07:38:12
Narodot veli: sto poveke jajca -corbata pogusta.Pa taka premierot moze da dodade uste nekoj,na primer Vlatko i Silvana.A ako treba i Badenter da se pocituva moze da bide angaziran i Amdi Bajram.
Од: meto
Датум: 02.12.2008 08:58:25
Очигледно е дека македонската дипломатија нема правец.На најчувствителното прашање за државата и нацијата,власта се однесува како да се работи за партиски активности па ке го моделира форматот на тројки.Имав и сеуште имам впечаток дека Димитров е успешен дипломат и дека овој процес успешно го водеше во интерес на Македонија.Не му е местото во оваа тројка,освен ако вмровските стеги не го приморуваат на тоа заради бенефитите што ги уживаше неговата фамилија од вмровското владеење.Владата на спротивната страна и испрака „позитивни„сигнали дека Македонија нема дипломатски капацитет да биде рамноправна со еден преговарач,па затоа испрака тројца.Тоа за Ант.Милош.е предзнак дека набргу треба да биде сменет-реконструиран.
Од: gimce tetovo
Датум: 02.12.2008 08:59:16
Sto e pogolem brojot na pregovaracite tolku e pogolem alibito na vlada demek ete se trudat ama ne mozele. Spored site indikacii i spekulacii ova vlada so vakva politika ke ja dokusuri ova drzava najkasno do maj-juni 2009 god. i verovatno nemame da ja docekame viznata liberalizacija na Bocevski
Од: Niko
Датум: 02.12.2008 09:20:13
Jas go podrzuvam Trpe 2 AMDI BAJRAM za pregovarac i site taka slatki cetiri kukli na pregovori . Katastrofa Makedonijo zalna Makedonojo so luge ti nosis.
Од: Резил
Датум: 02.12.2008 09:24:53
Срамота! Зошто се прават вакви паради, кога се знае кој ги носи одлуките? Или му треба само алиби за да ги прикрива своите грески, гафови и глупости! Луѓето што го познаваат новиот преговарач тврдат дека тој, кога работел како туристички водич, не можел да ги научи ни рутите по кои ги водел туристите! Македонија и се е можно?! Важно е дека сепак народот ќе ги плаќа, со свои пари, прошетките на тајфата преговарачи, кои од другата страна ќе го имаат единствениот грчки преговарач Василакис, на кого можат само вода и бурек да му носат!
Од: Saso
Датум: 02.12.2008 09:32:34
Eden odi dvajca vodi e najsoodveten naslov na ubavovo komentarce. Kako sto veli i citatelov podolu - dve drva pravat drvored, ama ja se plasam od gustava suma vo vlasta sto ni ja cementiraat idninata. So tolku drva da ne staneme kako onie izolirani pleminja vo amazonskite prasumi?
Од: gv
Датум: 02.12.2008 09:54:19
Kako tatko na Dimotrov go savetuvam nego privati kako tret pregovarac,bidej'i i ponizija.Toj e odlicen diplomat.Sega od kade izleze Badenter.
Од: ljube
Датум: 02.12.2008 10:40:18
Gospodine Dimitrov,veruvam deka imate i malku dostoinstvo i povlecete se od pregovarackata postava.Pa zarem ne svativte deka vasiot otpoziv od strana na predsedatelot bese samo zastita na vasiot integritet i na vasata licnost.Pa zarem ne vidovte iskazana nedoverba od strana na Grujevski za vaseto vodenje na pregovorite pa postavi spiun za da sledi sto razgovarate vo Njujork.I segasnata vasa pozicija samo e opravduvanje za "nesjaganjeto" so predsedatelot.Samo ste dekor.
Од: Dream tim
Датум: 02.12.2008 10:58:57
Jas predlagam timot da se prosiri za uste eden pregovarac , za da ekipata ima cetvrt za igranje na han. Isto taka za podrska kako protokol majstor i zabavuvac da se pridodae Amdi Bajram, a Vlatko Djorcev da bide referent za odrzuvanje na visokoto patriotsko cuvstvi na timot, a baba Dulicka da se upati kako hostesa za pripremanje na cajce, kave i tavce gravce za decinjata od pregovarackiot tim. Toa e "timot od sonistata" koj nikako ne moze da zagubi od nikoj protivnik. Napred Makedonio vo novi pobedi!!!
Од: Dolno Vodno
Датум: 02.12.2008 12:01:03
Dimitrov "ponizen" ili ne, bi trebrlo da ostane vo timot oti se pak, nekoj trebe da ja spasuva situacijata, ako edniot e nesposoben (kako sto vikate),a drugiot e samo "magnetofonska lenta" koja trebe da registrira. No vo sustina, nikoj od nim "nema peavo" da go koristi svoeto mislenje. Za nim "misli" sosema drugo lice. Poradi toa, onoa mlado momce Milososki, iako so dobro domasno vospitivanje, mora da bide poslusen i da izigruva pion po naredba , so mozen demars,no bez moznost ja sprovede svjata odluka.
Од: VMK
Датум: 02.12.2008 12:08:45
Е,па вака пошто го правевте секогаш Мартин Протоѓер бугарин по прадедото,јас не мислам така,најсоодветна личнот е..ако веке викате дека е така.Се знае БГ не призна под уставното име,без разлика на јазикот и нацијата што не е признава...јазикот и нацијата нормално дека има сличности со БГ,одговарало тоа некому или не...писмото до 1945 г. беше истото,па после се модифицираше од нашите„партизани“...Мартин Протоѓер може најдобро да се договори за името на нашата земја...тој нема лесно да се откаже од Македонија,поради и фактот дека и неговиот дедо,прадедо се бореле за Македонија...па после кажувајте дали да се приклучи кон БГ или САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА...Напреде Протоѓер,не треба други двајца преговорачи..незнам зошто таква бламажа...или нека одат,ама главниот преговарач да биде Протоѓер...Позз.
Од: Gospod
Датум: 02.12.2008 12:09:40
Koga e eden pregovarac prashanjeto e zosto e toj i dali ima kapacitet. Koga se dvajca zosto dvajca ne eden. Sega se trojca i pak ne cini. Niti se terate niti se vodite. Sekogash e samo da se bide na sprotivnata strana a sto ce se sluci potoa? Pa toj e kriv toj gi izbra. Toj se krie pozadi niv. Tie lapaat dnevnici. E narode makedonski uste ednash da vi kazam nit se terate nit se vodite. Samo inaet da se vodi. Karanici karanici karanici . . . . . . . . . .
Од: tomi, gorde, koni,biljana,keti,Moco
Датум: 02.12.2008 13:08:37
A be Trpe 2 . Tocno e toa deka kolku pove}e jajca corbata e pogusta no vo ovoj slucaj treba da se ima jajca.
Од: zelezara
Датум: 02.12.2008 13:26:38
tesko na ovaa drzava ako dojde redot ovie da ja branat

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Поуките од „Змиско око“
Притисокот се претвори во репресија
Владината мерка уште повеќе ќе ги стопи акциите?
Претходен број
Зденко
Во НАТО не се оди само напред туку и назад
Вербатим
В година ниту денар за енергетски проекти
Европското првенство во ракомет за жени може да почне
Мажите и натаму попогодени од сидата
„Операција триумф“ пред големиот скопски концерт
Европска поддршка за штрајкувачите
Предворје за поделба
Бетмен против Либерти Валанс
Нова косметизација на Косово
Русија и Венецуела заедно вежбаат во Карипско Море
Нашиот внатрешен Македонец