И да добиеше покана Македонија да учествува на денешниот министерски состанок, тоа немаше битно да и' го смени статусот. Џорџ Буш цврсто не' поддржа во Букурешт, но тоа не беше доволно за покана
Во Алијансата не сметаат дека ја прекршиле Привремената спогодба. Тие чекаат да се реши спорот за името
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
БРИСЕЛ - Портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи, не знае за разочараноста во Владата поради тоа што нема место за Македонија на заедничката маса во НАТО, заедно со Хрватска и со Албанија.
„Не сум слушнал за тоа. Но, можам да кажам дека и нам ни е жал, бидејќи сега сме во ситуација кога две земји имаат статус на формално поканети, за кои е почнат процесот на прием и седат на НАТО- масата на речиси сите состаноци, а една земја која не е во таа фаза, ни се допаѓало тоа или не. И не ни се допаѓа, но е така. И додека не се реши прашањето за името, не ќе може сите три земји да седат заедно во НАТО. Тогаш, кога спорот ќе се реши, ситуацијата ќе се смени многу бргу“, изјави Апатураи, според кого очигледно станува збор за формална, а не политичка пречка.
Во врска со денешниот министерски состанок на Алијансата, кој е последен пред самитот што ќе се одржи во април и последен со администрацијата на претседателот Џорџ Буш, Апатураи порача да немаме големи очекувања. Според него, само ќе се повтори заклучокот од Букурешт, односно условот што и' е поставен на Македонија ако сака да стане полноправна членка. Апатураи немаше директен одговор на дилемата дали НАТО е засегнат од судскиот процес што го поведе Македонија во Хаг, бидејќи реално Алијансата, исто така, не ја испочитува Привремената спогодба.
Џејмс Апатураи
„Позицијата на НАТО не е сменета. Кога ќе се реши спорот околу името, многу бргу ќе почне процесот на прием, без оглед на активностите што ги преземате надвор, вклучувајќи го и процесот во Меѓународниот суд на правдата“, изјави тој, практично сугерирајќи дека со процесот не се блокираат можностите да се реши спорот околу името со Грција. Но, дали НАТО би одговорил на евентуалната покана на сведоци во Хаг, Апатураи не сакаше да коментира дури ни неофицијално.
Во НАТО очигледно и натаму се создава атмосфера дека блокадата на поканата на Македонија не е нешто што излегува од вообичаеноста и дека Алијансата нема ништо со спорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи е билатерален. „Ова е билатерално, а не НАТО-прашање. Двете страни треба да го решат спорот колку што е можно побрзо“, е пораката што ја упати вчера дипломат од НАТО, пред министерскиот состанок на кој се врши ревизија на ветувањата што им беа дадени на Украина и на Грузија во Букурешт.
Според него, воопшто не може да се каже дека НАТО не ја почитувало Привремената спогодба, за спорот околу приемот во Хаг да се одрази и врз Алијансата. „Не се поставува воопшто прашањето дали НАТО ја почитувало Привремената спогодба. Не гледам како НАТО воопшто е инволвирано во неа. Знаете дека НАТО функционира врз принципот на консензус, а тоа не значи дека не сме ја почитувале Спогодбата“, изјави овој извор.
На забелешката дека и спорот околу Русија и Грузија е билатерално прашање, па НАТО се занимава со тоа и дека истото се однесува и на спорот околу Северен Кипар, кој е билатерален меѓу Турција и Грција, одговорот беше дека трите ситуации се екстремно различни и дека за Македонија било кажано јасно дека ги исполнува условите за членство, очигледно со акцент на грузиската ситуација и ретерирањата во однос на оваа земја. Дека дури и „светите писма“ на НАТО, како годишните национални програми за членство, не се нешто што може да се прескокне кога има друг интерес во Алијансата, се виде од изјавата на овој дипломат дека - имало ваква програма или не за Грузија и Украина, не е важно, бидејќи и без неа двете земји можат да ги остварат реформите што се бараат за членство.
Оградувањето околу процесот во Хаг вчера покажа зошто последните месеци пред Самитот во Букурешт и неколку месеци потоа НАТО- функционерите избегнуваа да го изговорат привременото име БЈРМ и место тоа ни се обраќаат со Скопје, нешто што почнува да се забележува и во ЕУ, иако таму нема итна потреба од ваква дипломатска интервенција.
Колку и да изгледаат рамнодушни официјално, во НАТО не се незасегнати од судската постапка во Хаг, па со избегнување на референцата покажуваат дека за нив на некој начин не е валидна спогодбата за името во ОН. Како и да е, овој состанок тешко дека ќе го посочи правецот во кој ќе се движат одлуките во Алијансата, бидејќи сите ја чекаат новата американска администрација за евентуално да ја сменат политиката кон одредени прашања, па и да го изберат новиот генерален секретар чие име треба да се знае до следниот самит во април.
Иако во НАТО порачуваат дека секоја среда Македонија може да стане членка, ако го реши спорот околу името, засега не е јасно дали треба да го чека наредниот самит за да се официјализира тоа, ако евентуално дојде до пробив во спорот, бидејќи овој декември беше последниот рок да го фати возот со Хрватска и со Албанија. Случувањата околу Украина и Грузија покажуваат дека во НАТО не се оди само напред туку и назад, и дека нема одлука што политичките кујни во Алијансата не можат да ја преформулираат со друга реторика, ако имаат проблем околу неа.
И да добиеше покана Македонија да учествува на овој министерски состанок, тоа немаше битно да и го смени статусот, а со вакви патетични барања Владата само си ја разнишува позицијата, бидејќи ако се знае начинот на кој функционира Алијансата, место за вакви барања нема. Македонија не беше поканувана ниту на еден министерски состанок досега, а пораката од Брисел е дека нема ни да биде поканета додека не стане оперативна поканата за прием.
slobodno kazetemu na smrdesite od nato deka neste poveke zainteresirani za nato i eu. duri togas tie ke ve molat, a ne vie!
Од: Mihajlov
Датум: 02.12.2008 00:54:21
Ne sakam da shiram pesimizam, no ne veruvam deka Makedonija kje opstane kako drzhava i toa najmnogu blagodarenie na Grujo. Kako minijaturna nacija od 1.2 milioni teshko kje opstaneme bez da vlezeme vo EU. Isto ne e jasno dokoga kje bidat i albancite solidarni, koga vekje granichat so dve albanski drzhavi. Nie isto da granicheme so dve makedonski drzhavi sigurno kje sakame da se obedineme i teshko deka nekoj kje ne sprechi vo toa.
Од: koki
Датум: 02.12.2008 01:20:50
Ako nato nemal potreba da ne kani na nivnite sostanoci, togas neka ne ni baraat mladi makedonski vojnicinja da gi prakjame vo afganistan, irak, liban i, bosna ili bilo koe krizno mesto. Trosocite za site nasi vojnici sto se prateni nadvor od nasata zemja i se pod komandata na nato gi plakja Republika Makedonija. Ako Nato saka vojska neka dade oglas za dobrovolci koi sto ke bidat plateni od nato vo visina od 6 - 8000 evra so site dopolnitelni beneficii.
Од: mite
Датум: 02.12.2008 01:34:24
podobro e vaka bez eu i nato.od koga dojde vmro makedonija e 2-ra svajcarija na balkanot.
Од: Branko
Датум: 02.12.2008 01:55:06
Ako imeto e bilateralen problem togas zosto ni se postavuva kako USLOV??? za vlez vo Nato.Izgleda na Alpaturaj nekoi raboti ne mu se jasni ili ne znaat kako da izlazat pa samo ne motaat no na kraj i mozebi imaat pravo koga gledaat kakvi Supelkovci ja vodat republika Makedonija.
Од: Vlado Masalko
Датум: 02.12.2008 02:04:12
A koi se tie pateticni baranja na vladata g-gjo novinarke???Deka nie sme Makedonija???Sram ve bilo i vam i na site takvi kako vas pettokolonashi.Zasto ne kazete deka se pateticni baranja na juznite ni majmunski sosedi.Pisuvate tipicno po direktiva na vasite bosovi!!!A ti Mihajlov porano kukase po blgarite ti brakja tvoi a sega pees nekoja pesimisticka himna.So vakvi lugje nema napred
Од: Dragan
Датум: 02.12.2008 03:34:26
Pateticni ste vie sto pisuvate na steta na svojata drzava, no sreca e sto posle sekoi novi izbori ve ima se pomalku. Sto ce pravite koga vasite finansieri ce gi snema od politickata scena na RM.
Mozebi ce evoluirate vo Magazin za Staromodni.
Од: Makedonsko Narodno Dvizenje/SAD
Датум: 02.12.2008 06:09:27
Kakov bre NATO i EU, kakvi bokali i grninja?
Makedonija neka se svrti kon svojata Dijaspora iskreno i 100% pa da vidis kako ke pocnat da se umilkuvaat NATO'vci. Apaturaj ili koj i da e drug dobro znaat deka NATO e vo Makedonija, site bazi im se na MAKEDONSKA ZEMJA. Borbata se cinie sto ke bide so taa zemja otkako ke se rasadne NATO i EU. E tuka Amerika saka da bide prisutna "solo", a istoto go saka i Rusija. Ne ja zaboravajte Sveta Gora! So mudra politika moze da se bide i sloboden od Grcite,a da ne si "poroben" od NATO i EU. So trpenie napred do pobeda!
Од: do dragan
Датум: 02.12.2008 08:18:32
E moj Dragankolku poveke ve ima vas podrzuvacite na bozemniot portokalov patriot Makedonija sve poveke i poveke tone vo ziva pesok razmisluvaj prijatele so glava kako trgnala rabotava tesko deka ima svetla idnina za nasite pokolenija a ti i nekoi kako tebe prodolzete taka zatoa sto treba da ima i nesto napisano za zabava na pametnite i realnite citateli,na sto lici komentarot ne ni treba NATO netreba EU pa svesni li ste sto zboruvate pa davi kazam edno moe mislenjekoe sto sakam da nee tocno.Ako prodolzime vo ovoj stil Makedonija se deli na uste tri dela pa povtorno nekoj posle sto god. ke pee parceteja deleteja pak ke bide cela.Znam deka ke reces eve uste eden predavanik vo vas stil se razbira no taka e koga namesto so glava te vodat emocii i lazen patriotizam a ova sto go pravi Brisel e samo pocetok na otreznuvanje na tie kako tebe nesaka NATO I EU vo Makedonija nie sakame tamo svatete ednas ako nee taka kazetemu na Gruevski neka neodi vo Brisel neka odi vo Belorusija i Venecuela.
Од: dedo dimo
Датум: 02.12.2008 08:18:45
E sega moj Makedonchinja mozite da svatite kolku Znachi koga ke se potpishish negde morash da izvrshish za toa shto si se potpisal .Izlez ima samo na dva nachina "1"PRESTANETE DA ZBORUVATE ZA IMETO I KAZETEMU NA -EU -deka IMETO NE MOZIME DA GO MENUVAME a ISTO INA UN.PA shto ke bidi vremeto ke pokazi A isto i so EU.Drugari greskata e napravena so prifakanjeto da se zboruva za imeto a znaete koj e prifati pa orema toa nema shto da se lutitena GRUJO.
Од: Goce nikoloski
Датум: 02.12.2008 08:23:58
NATO po se izgleda e skapana institucija i e pred raspajdzanje koga edna posrana grcija i prkosi na SAD koja pak go finansira NATO duri i 90%, takva struktura ne i treba n Republika Makedonija.
Од: Sofre
Датум: 02.12.2008 08:35:22
Dvojni, trojni itn. standardi od strana na licemernite NATO i EU, ima i toa ne e sporno duri veruvam nitu za niv. Ama pusti ater kon grcija, nikako ne im dava da go kazat ona sto realno go mislat. No dobro, i vrapcinjata na grancinjata znaat deka vo NATO i EU ne se misli, tamu se interesuva. Kako i da e, nesto sto poveke mene me navreduva e obrakanjeto kon MAKEDONIJA so Skopje. Sto li pravat nasine diplomati po Briseline, Parizine itn.? Za sto li gi plaka MNR? Pa posle kriv im bil nekoj drug ako se kazneti, a uste poveke ako se otpusteni - togas i EU doaga na pomos, ke se skrsat od kritikuvanje za nepocituvanje na Zakon za rabotni odosni, covekovi prava, nemanje sluh za evropski principi itn. Site diplomati sto se nadvor od MAKEDONIJA, treba da ja stitat sopstvenata zemja, a ne da ja svivaat kicmata i tamu. Luge ke se prekrsime!!!
Од: makedonce
Датум: 02.12.2008 09:11:34
kakvi licnosti od nato so milion lica, imeto nee uslov za vlez vo nato , od rduga strana smenetego imeto i ke ve viknime vo nato, ,jas mislam ne treba ni nato ni eu, nekoj ja spomna dijasporata neka se najde edna vlada da ja ukluci dijasporata koja broi milionoi makedonsci sirum svetot (da gi ostavime oficijalnite podatoci koj se 20 pati pomali od onie realnite) pa makedonija ke bidi i podobra od svajcarija za nekolku godini ..vecna makedonija
Од: Petre
Датум: 02.12.2008 09:40:09
NATO e licemeren..... ako vremenata spogodba NE e validna, jasno e deka taa ne i odgovari na Grcija, t.e. Grcija saka da se trgne od imeto nastavkata Makedonija, a ne go priznava i identitetot i nazivot na jazikot..maskite se spusteni, APLA se izjasnija...im se moze, zatoa sto zad Trojanskiot konj vo Nato i EU stoi za zal i Rusija za koja nie sme na marginite...
..edino koj moze da ni pomogne ako saka e Kina, Indija, Iran i takvi drzavi, no nie veke nagolemo ja pustivme USA koja e vo vnatresno zaloznistvo na grckite lobi grupi i nadvoresna nemok kon Grcija koja permanentno ucenuva so morski bazi za Rusija i stalno drzi vo pripravnost teroristicki antiamerikanski grupi...
Од: ДимоАго
Датум: 02.12.2008 09:42:12
Се согласувам со Коки.Треба да ги повлечеме нашите војници од мисиите на НАТО па ќе видите тогаш како ќе не молат.Вака ем не сме во НАТО ем се жртвуваме за НАТО.Време е како држава да покажеме дека имаме кичма.
Од: stip l
Датум: 02.12.2008 09:50:34
fasisticka alijansa NATO. Na Avganistan i Treba Okupacija.
Од: mene
Датум: 02.12.2008 10:03:08
Ruski raketen stit na Krivolak,toa mu e majkata.Svrtete se malku nakaj Rusija....
Од: flying-monaco
Датум: 02.12.2008 10:04:56
Do koga ke bidis arogantna i negativnao nastrojena kon Makedonija?
Pa vreme e da prekinis, kako utrinski te tolerira vakvi gluposti da izjavuvas?
Ima li nekoj koj ne ja znae vistinata za problemot okolu imeto? Podobro e da se vrabotis vo grcki medii, tamu sigurno ke dobies nagradi...
Од: petar
Датум: 02.12.2008 10:10:43
Nie imame ubava himna zarem ne treba i od nea da naucime nesto. Sonceto izgreva od istok sekoe sonce e novo ako pogledneme i tie od zapad gledaat kon istok pa i NATO gleda kon istok, zar im veruvame na tie sto ne tapkaat po plekite a ne tepkaat po zadnikot zatoa nemojte da gi turkate gajcite so krenata glava poglednete vo pravoslavniot svet da im se zatvori perspektivata za porobuvanje na sekoj sto e fasiticki nastroen a toa e NATO. Zar ne gledate deka Evropa e zavisna od Rusija samo ako se splotime pravoslavno nema naprdok za GAVOLOT.
Од: silvesters
Датум: 02.12.2008 10:45:26
Abe ljuge neli gledate? Pa vie ste em slepci em glupaci. NEMA N A T O bez promena na imeto. Kraj na muabetot.
Од: zelezara
Датум: 02.12.2008 11:28:56
Drzavata bez Nato i EU ne moze da opstoi,ednostavno sama ke istruli od vnatre.Tie sto vikaat deka ne ni trebaat ovie institucii sigurno nemaat ni gram mozok vprocem isto kako i nivniot vozd
Од: Perdika
Датум: 02.12.2008 11:51:36
Ah bre lugje , za kakva Rusija praite muabet koga tie ja dale naredbata za podelba na Makedonija vo 1913 neli pratite malce sto se slucuva , Ako tolku si ja sakate Rusija idete si tamu i vikajte Mother Rasha for mother land nemojte tuka demagogii trebalo so Stalin so Putin drn drn ....
Од: Nikola - Germanija
Датум: 02.12.2008 12:21:26
Vie mozete samo da podnesete molba za clenstvo vo Afrikanskata unija,bidejki samo vo tie zemii se ubivat policajci od koli vo dvizenje kako vo klasicnite gangsterskite filmovi od 30tite godini na minatiot vek.Za uzurpitanjeto na kejot na vardar nikoj ne se osekja odgovoren za kontramerki,pa od tamu MK ne go ispolnuva uslovot za ukinuvanje na vizite,kade e propisano da ne se zagrozeni javnata bezbednost (ubivanje policajci sega i na pocetokot na godinata) i redot (kejot na vardar).Vo afrikanskata unija barme ke bevte ceneti kako "razviena zemja";-))))So pocit
Од: devicanecot
Датум: 02.12.2008 15:08:08
A koga im trebase da ja bombardiraat SRJ, placea. Ako taka i ni treba. Kako sigurno ako ne sme vo Nato nema idnina. Na\alost na NATO, a nasa radost ima i toa mnogu podobra idnina. Edino so toa ne se slozuva nasiot Drzavnik, ama neka mu e prosteno
Од: blagoj ungar
Датум: 02.12.2008 17:10:12
Vo Alijansata,so isklucok na USA,Turcija i uste nekolku zemji,OSTANATITE JADAT BUREK.Imeto,odnosno nametnatiot "problem" so soucesnistvo na prviot pretsedatel i negovite pastasi NIKOGAS NEMA DA SE RESI.
Од: kire
Датум: 02.12.2008 17:51:38
edinstveno sto se soglasuvam so g-data od nato e toa sto vo nato se odi i nazad ,toa se gleda a i tie sto ne mozat sega ke vidat deka i NATO odi vo rikverc ,pa togas cumu ni e takov voz sto odi vo rikverv i toa vo ler.........