Државата вежба фискална дисциплина, блокирајќи фирми и фалејќи се дека го прави тоа за доброто на вработените, а никаде не спомнува дека на дел од тие фирми токму таа им е најголем должник. Во услови кога кризата ги десеткуваше фирмите и нивното работење, не е на место потенцирањето дека со блокирање на фирмите се покажува нивниот еднаков третман пред власта и законот, а токму поради побарувањата што тие фирми ги имаат од Владата, не се во можност навреме да ги исплаќаат бруто-платите. Рака на срце, никој не го оправдува замижувањето пред некои пропусти на фирмите, како и неисплаќањето плати на вработените, но за да се суди мора да се согледа целата слика, која упатува дека Владата е неправедна, барем кон фирмите на кои таа треба да им го полни буџетот.
Со блокирање на компаниите на кои Владата им е должник, таа само ги втурнува во финансиска бездна од која тие се' потешко ќе се извлекуваат. Имено, за да се одблокираат, фирмите се снаоѓаат како што знаат и умеат, па немајќи континуиран прилив на приходи, а за да обезбедат исплата на плати на вработените, префрлаат од шупливо во празно, зајмувајќи и прераспределувајќи пари од други ставки, со што загазуваат во подлабока загуба. Снаоѓањето за исплата на плати, под закана за казни, може да биде ефикасно еден-два месеца, но што понатаму, кога сите трикови за снаоѓање ќе се потрошат и кога сите сметки ќе се исцедат? Кој тогаш ќе ги спасува овие фирми и нивните вработени?
Очигледно, Владата има механизми како да ги принуди фирмите да си ги плаќаат давачките спрема државата, но такви механизми не поседуваат фирмите за да ја принудат Владата да ги плати своите долгови кон нив! Ако сите мора да ги плаќаат своите сметки, зошто не го прави тоа и власта?
Ова е добро поставено прашање, кое заслужува одговор.
Од: Angel
Датум: 27.11.2009 01:41:53
Koga stanuva zbor za neplakanje danok, vo niedna razviena zemja, nieden novinar ne se osmeluva da kritikuva akcija na UJP protiv neplakacite bez razlika kakva e pricinata. Revenue Agencies se stozerot na sekoja drzava i soniv nikoj ne smee da si igra igracki.... E, zatoa ovie drzavi se razvieni drzavi.
Од: Petre
Датум: 27.11.2009 07:20:28
Taka e, no ova ne od sega. Za vreme na SDSM, drzavata koja e mnozinski sopstvenik vo EMO i OHIS isto taka NE dozvoluvase nikoj da naplati dolg od tie firmi i toa vo kontinuitet trae i ponatamu. ( a ironija e deka deceniski blokiraniot gigantski neplakac Ohis se javuvase i do 2006 kako sponzor na izbori so niza zatkulisni mahinacii...) Garniturata bese spektakularno privedena od strana na Vmro vo 2006 ( mahinacijata so akciite na KB), no nikogas ne se rascisti so deceniskite malverzacii, zatoa sto kaj nas " Vrana vrani oci ne vadi"; doveriteli na OHIS se i stranski firmi koj imaat stari dolgovi na koj tece Kamata. Eden den koga ke dojde da se plati ke izleze " poveke Dara od maslo" t.e. poveke kamata od dolg. Za toa e vinovna psihologijata na nasite politicki partii koj imaat obicaj da gi ostavaat dolgovite na drzavata ( kukavicjite jajca) neplateni, so Mototo ako pak dobijam na izbori togas ke mislam, ako izgubam neka misli toj sto ke dojde.. a OKTA se zaboravi..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.11.2009 08:58:16
Зошто написов оди во корелација со помодрените критики кон буџетот,дали со ова ја покажувате лојалноста кон нив или критики кон поморанџестите по инерција.Ако толку саката да презентирате опозициони ставови барем елементарно да се информирате за висината на долгувањата на владините институции кон приватни лица.Дајте ја сумата а не ,,an blok,, критики, само релевантни показатели треба да содржи написот за да има своја оправданост,инаку се се сведува на опозиционен памфлет.Според опозицијата такви се 1800 фирми што со останатите преку 4000,што со нив,дали и нив ќе им најдете,,ручка,,за неплаќање.
Од: trevor
Датум: 27.11.2009 09:40:18
Bez razlika kolku i da se trudat mladite vmrOVCINJA da ja opravdaat sepak mora da se priznae deka, ako vladata si gi plati site dolgovi sto gi ima togas DRZAVATA KE PROGLASI BANKROT!!!
Од: zoran
Датум: 27.11.2009 10:17:18
Ако државара им должи, а имаат документација нека си тужат и ќе си добијат на суд, а после преку извршители за неколку дена со камата ќе си ги наплатат парите.
Од: terezija
Датум: 27.11.2009 11:23:55
Ako ne Vi e dovolen primerot od V.Ramkovski so "Swedmilk"...Da Ve potsetam:"biznismenot-prerodbenik" se ponudi za SPASITEL na situacijata iako i samiot beshe svesen deka ,istiot TOJ e eden od najgolemite DOLZNICI vo taa mlechna afera...?!A za Vladata i nejzinata ARACHKA(aram)POLITIKA,sho da se dodade a shto odzeme??? Se 'pobudalija' prerodbenicite kako da iznajdat nachin samo da se dopolni budzetot-BEZMILOSNO profuckan na SAMOREKLAMIRANJE i dzidze -midze spomenici i NAJSTUPIDNATA"ANTIKVIZACIJA"...Se' vo stil na "Drzete go lopovot...izvikal VISTINSKIOT aramija..!!!
Од: pravda
Датум: 27.11.2009 11:50:45
Do Feliks: portokaloviot se razbira i vo ekonomija pa mu trebalo podatoci za da utvrdi dali vistina vladata im dolzela na firmite i kolku,vidi cudo a ne pobara od vladata da ti dade podatoci kolku i komu dolzi,pa relevanten faktor koj gi ima tie podatoci e kumot Stavre.Cudni raboti od vladata,za 6 meseci doznaa koja firma ne im placa na rabotnicite a ne znaeea deka Swedmilk ne im placa na stocarite vece cela godina,e portokalu nas juzen vece prezrea vo svoite izjavi a uste malku i ke pomodris od maka,verojatno ke te snajde onaa narodnata"onoj koj na drugiot mu kopa grob samiot vo nego upadja"-relevanten podatok