Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Југот на Киргистан сака реванш

Приврзаниците на соборениот претседател Бакиев организираат заземање на административни згради

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - На Киргистан му се заканува реална опасност да се распадне на северен и на јужен дел. Вчера продолжија судирите меѓу приврзаниците на новата власт и соборениот претседател Курманбек Бакиев. Најжестоки судири имаше во градот Џалал-Абад, на југот на земјата. На улиците беа излезени околу 5.000 луѓе. Се пукаше од двете страни, но нема загинати, а три лица се повредени. Едно момче е повредено, бидејќи се здоби со повеќе удари со палка по главата. Тоа што се случува потсетува на некогашната Револуција на лалињата, која, исто така, почна на југот на Киргистан. Тогаш соборениот претседател на Киргистан, академик Аскар Акаев, кој сега работи како професор на Ломоносов во Москва, тврди дека Револуцијата на лалињата ја финансирале наркобосови, односно оние што заработуваат многу пари од транзитот на наркотици од Авганистан.

Спротивставените страни, главно, меѓусебно се напаѓаат со камења. Приврзаниците на соборениот претседател Бакиев, кој сега се наоѓа во азил во Белорусија, се собраа пред зградата на локалната администрација во Џалал-Абад. Бакиев има најмногу истомисленици во градовите Ош, Џалал-Абад и во Баткен.

Новата власт во Бишкек тврди дека ќе ја изнесе војската на улица ако не се смират приврзаниците на Бакиев. Од друга страна, пак, приврзаниците на Бакиев тврдат дека тој е единствен регуларно избран претседател, па затоа и не ги признаваат оние што дојдоа на власт со пуч. Демонстрантите, исто така, бараат да се вратат на функцијата досегашните губернатори на јужните области, верни на Бакиев. Новата власт тешко ќе ги смири сонародниците на претседателот Бакиев, бидејќи ветија дека нема да ги апсат неговите роднини, но не го испочитуваа тоа. Тие ги оценуваат безредијата на југот на земјата како обид за реванш на поразените приврзаници на Курманбек Бакиев.

Интересно е како приврзаниците на сега веќе поранешниот претседател Бакиев ги освоија административните згради на југот на земјата. Тие во нив влегоа ноќе додека немаше чувари и наутро ја известија администрацијата дека дошло до смена. Засега полицијата, наводно, има команда да не влегува во пожестоки судири со демонстрантите.

По неодамнешните празници Белорусија го повлече својот амбасадор од Киргистан, бидејќи очигледно во Минск проценија дека демонстрантите би можело да влезат во амбасадата и да се пресметаат со дипломатите. Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и натаму смета дека единствен легален претседател на Киргистан е Курманбек Бакиев, а дека новата власт ја сочинуваат пучисти.

Дали Киргистан ќе се подели зависи од тоа колку ќе биде енергична новата власт. Ако тие не бидат во состојба да ја смират масата, туку дојде до крвопролевање, поделбата на земјата ќе биде неизбежна. Војувањето на југот на Киргистан би довело до нови поделби, бидејќи токму во тој дел од Киргистан има традиционални судири меѓу Киргистанците и Узбекистанците.

Киргистан сега е во многу тешка економска ситуација, бидејќи до заминувањето на претседателот Бакиев оваа земја имаше девизни резерви од само дваесетина милиони. Оној што ќе ја најде формулата како да се добие материјална и финансиска помош од странство ќе може да ја смири состојбата и да владее. Сега е прашање колку Москва е подготвена и натаму материјално да и' помага на оваа нестабилна централноазиска република, задолжена до гуша. Освен Русија, Киргистан може да добие помош од Кина или од САД.


#
Статијата е прочитана 388 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Тајландските војници се судрија со црвенокошулашите
Осетија сака да се обедини
Уште еден ден страв во Њујорк
Нафтената дамка ги убива делфините и желките?
Пиратите ослободија хемиски танкер под британско знаме
Ердоган првпат ја посети Грција
Ал Каеда го киднапирала Французинот во Нигер
Социјалните тензии се причина за убиствата во училиштата