Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Ви се чини дека работите не одат баш онака како што посакувавте. Нештата се одвиваат во погрешно време, тогаш кога најмалку очекувате. Можни се емотивни вибрации, бидејќи многу често на партнерот му ја префрлате вината за сопствените неуспеси.



БИК

Размислувате за емотивна врска што произлегува исклучиво од физичка привлечност. Кога оваа магија ќе исчезне, нема повеќе да бидете заедно. Оние што се во стабилна врска или брак очекуваат некакво признание, работен просперитет или мноштво љубов.



БЛИЗНАЦИ

Се обидувате некого да измамите или друг ќе се обиде да ве измами. Во астрологијата тешко се забележува страната на која сте свртени. Можни се и здравствени проблеми, несоница, недостаток на издржливост, правејќи ве асоцијални. Свртете се кон духовната компонента на своето битие.



РАК

Меланхолични сте со зголемена емоционалност. Бидејќи околината прави да се чувствувате несигурно, дистанцирате и не се впуштајте во туѓи проблеми. Ќе ве израдува вест од далечна личност на која интензивно мислите. Телепатски комуницирате на иста бранова должина.



ЛАВ

Закрепнување од успешната работна обврска. Собирате сили за нови изненадувања, кои се потешки и од претходните. Бидејќи сте свесни за целта, со желба за успех, тргнете во акција. Успехот нема да изостане. Повеќето припадници на овој знак одлично ги завршуваат започнатите проекти.



ДЕВИЦА

Пријатно се чувствувате, најмногу благодарение на успешно реализирање на бизнис-проектот за кој долго време стрпливо чекавте. Ве очекува напредок во работата со која се занимавате, а ќе имате значителни резултати поврзани со договори. Не се откажувајте од нив, дури и да се брачни.



ТЕРЕЗИЈА

Ќе имате успех во работата само доколку ве поддржуваат постари, поискусни и доверливи личности. Иако чувствувате ограничување во таквите соработки, паметни сте и свесни дека тие се неопходни. Можни се здравствени проблеми на некој од домашните.



СКОРПИЈА

Во прв план се вашата социјална природа и желбата за комуникација. Одлично се чувствувате, бидејќи сте среќни во сите сегменти од животот. Удобни се разговорите со Јарците, забележувате дека се динамични и ведри како вас. Очекувајте пријатно изненадување од партнерот.



СТРЕЛЕЦ

Ќе ви годи уметничката атмосфера и спонтаноста. Чувствувате потреба за релаксирање и уживање, но притоа никој критички да не ве перцепира и да дава непотребни совети. Затоа, најдете си некое друштво во кое ќе се чувствувате пријатно и ќе можете да бидете свои.



ЈАРЕЦ

Ве возбудуваат ексцентрични нешта и настани. Впечатокот ќе биде целосен доколку ви се придружи некој а Терезија. Што се наоѓа во таквите личности што толку паѓате на нивниот шарм? Веројатно еднаквата желба за слобода и меѓусебното почитување. Идеален пар, зар не?



ВОДОЛИЈА

Рак кој своевремено сте го заборавиле повторно се појавува, а со тоа ве потсетува дека не е целосно избришан од вашето срце. Потребна му е вашата помош и совет повеќе. Бидејќи сте прилично слаби на финансиски план, денот е како создаден за уметност и духовни нешта.



РИБИ

Здравствената ситуација не е на задоволително ниво. Препорачливо е да не донесувате тешки одлуки и повлекувате бизнис потези, туку, смирете се и поминете пасивен ден. Можеби мала прошетка во друштво на Стрелец или Лав ќе биде вистинскиот потег.
















#
Најди! во Утрински