Што прават денеска
Љупчо Ѓорѓиевски
режисер
По подолги проби, денеска имаме претпремиерно испитување на пулсот на публиката за претставата „Покојник“ од Нушиќ, што ја подготвивме во Битолскиот народен театар. Претпремиерата е денес од 20 часот, а утре во истото време - официјалната премиера.
Ѓоко Таневски
пејач
Веќе сериозно сме зафатени со подготовката на мојот предевровизиски концерт во Универзална сала во Скопје, што ќе се одржи на 8 мај. Денеска, голем дел од денот ќе минам на проба со музичарите. Паралелно течат и подготовките за настапот во Осло, каде што заминуваме на 12 мај.
Стевче Стојковски
музичар
Работниот дел од денот го посветувам на обврските во Сателитскиот канал на МТВ. Попладне имам проба со мојот ансамбл - се подготвуваме за снимањето в петок на емисијата „По глас и светлина“. Семејните обврски од типот носење деца во градинка и училиште, се подразбираат. |