Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Коментар

Се' тече, се' се менува, само ние тапкаме во место

Сашко Ѓ. Димовски

Почетокот на Европското првенство во ракомет за жени кај нас ги оправда медиумските критики за пасивноста, инертноста, незаинтересираноста или незнаењето, како сакате речете, како да го промовираме најголемиот спортски настан во Македонија во последните две децении, но и самата земја. Или, подобро кажано, шампиони сме да прокоцкаме шанса за афирмација, за претставување пред Европа и светот, градиво кое одлично го имаме совладано. Па, така се случи да имаме континентална случка, а да немаме гости. И како по обичај, за проблемот се говори кога ќе настане. Затоа се поставува прашањето зошто тоа не е направено претходно, зошто не се мобилизирани сите сили во државата, до кога ќе импровизираме и до кога ќе размислуваме краткорочно и себично. Џабе е сега да бараме кој со кого нема кохабитација, организаторот со Агенцијата за спорт и млади, со Владата, со министерствата за економија и за надворешни работи и обратно. И едни, и други, и трети, и петти требаше да покажат иницијатива за соработка, желба за организација без пропусти, да се седне на маса, да се разговара, да се согледа фактичката ситуација, да се изготви план и програма и со заеднички сили да се пристапи кон реализација. Хрватите покажаа дека имаат чувство за тоа и тоа префинето. А ние никако да сфатиме дека се' што правиме, правиме првенствено за нас, а потоа за светот. Тој чип во нашиот ментален склоп се чини е незаменлив.

Се' минува во светот, ќе помине и ова првенство кај нас, но ќе останат впечатоците. Пофалби сигурно ќе добиеме, меѓутоа, дел од тапкањата по рамо, на кои е изложен секој домаќин на голем настан, сигурно ќе бидат куртоазни. Наивно е да се помисли дека сите ќе говорат во суперлативи и се' што ќе се каже како оцена ќе биде од срце, чесно, искрено. Додека се тука ќе го зборуваат најдоброто, кога ќе заминат во своите земји ќе биде поинаку. Така е во секојдневјето во човекот. Кога оди на гости се смешка, покажува љубезност, желба за дружење, кога ќе си замине тресе пазуви од домаќинот и озборува.

Мечот меѓу Хрватска и Србија, земји-учеснички кои географски се најблиску до нас, ја покажа нашата индолентност во поглед на промоцијата на ова ЕП во нашата држава и надвор од неа. Не само што немаше гости од тие држави, туку слаба беше посетеноста и од домашните љубители на ракометот. А, на сите ни е добро познато колку спортски фанови имаат и едните и другите во Македонија. Потврда на тоа видовме и во Охрид. Швеѓанките играа со Белорусија, на трибините немаше посетители од Скандинавија кои се вообичаен декор во спортските арени насек��де на Земјината топка и кои секаде ги бодрат своите национални состави во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка. Ама во Охрид тоа не е случај.Слабата посетеност се обиде да ја оправда охридскиот градоначалник Александар Петревски, посочувајќи дека нашиот туристички бисер не е Париз. Да не знае човек дали да се смее или да плаче.


Статијата е прочитана 546 пати.

Испрати коментар

Од: bitolcanec
Датум: 04.12.2008 10:15:31
Pa fala bogu deka nema da ima sk i oh nikogas ne bile jaki rakometni centri. sramota e koga bitola kako naj rakometen grad vo drzavata so najgolemi uspesi vo maskiot rakomet ne dobi da gi ugosti rakometarkite na EP2008. ova e isto ko da prajte ohridski maraton vo debar, ili fudbalot mislam selekcijata da ja prenesime vo S.Turnovo... za drug pat mislam deka Bitola kako najrakometen grad treba da dobie vakvo ucestvo a vladata da ja popraj spor sala vo Bitola ko mozese segde da se gradi mozi i vervam deka i nasata sala da bidi renovirana... Pozz do site ve molam objavete go komentarot...
Од: Vlach
Датум: 04.12.2008 11:00:27
Do bitolcanec: da se renovira sala ne e dovolno za edno prvenstvo? sto imate da im ponudite vo bitola?? nisto! kaj ke gi smestite? prvo i osnovno reprezentaciite i pretstavnicite od ehf, sudiite i drugi oficijalni lica po pravilo od koe nema isklucok se smestuvaat vo razlicni hoteli, bitola toa go nema. a kolku ste rakometen grad se gleda po sostojbite vo pelister vo poslednite godini. porasni malku i sfati deka prvenstvoto ne e plukni - zalepi.
Од: covece
Датум: 04.12.2008 12:43:48
Mnogu dobar komentar, no gabe koga ovie golemive ne gi boli uvo za toa ! Ne e dobro koga vaka samite se kritikuvame, no stvarno ne ne biva!!! A i ovie nasive gi dignaa kartite ko da nie zemame evropski plati pa mozeme da odime na natprevarite za da gi gledame.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Индијана ги сопре Лејкерси
Поевтинија влезниците во Охрид
Глигоров- Машки против Хрватска
Стартен пораз на ЕП што можеше да се избегне
Сензационален бод на Белорусија против Шведска
Менаџерите во војна за Вашингтон
Децата на Арсенал преслушани од второлигашот Барнли