Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Барнли ги порази тинејџерите на Венгер со 2:0, во четврт-финалето од Карлинг купот

Англискиот второлигаш Барнли го порази Арсенал со 2:0 во четврт-финалето од Карлинг купот и така ги урна соништата на „Венгеровите деца“ дека оваа сезона можат до трофејот.

Тинејџерите од клупата, кои до вчера беа единствената радост за Венгер сезонава и кои газеа се' пред себе во овој Куп, завчера беа поразени, иако создадоа доста шанси. Капитенот и голман на Барнли Бријан Јенсен беше посебно инспириран.

„Дали оваа екипа ќе добие нова шанса сезонава? Нема“, призна Венгер по натпреварот и додаде: „Имавме шанси, но кога нема да дадеш гол, мора да се прашаш зошто тоа се случува. Можете да го славите нивниот голман и исто така да се сомневата во моите млади напаѓачи. Имавме шест пати еден на еден со голманот и не дадовме гол. Загубивме натпревар кој не смееше да го загубиме“, потенцира Венгер, кој сепак, успеа да извлече и нешто позитивно: „Купот дава можност за едукација на младите играчи. Точно можеш да видиш кои играчи имаат кавлитет да се носат со притисокот, а кои не се' уште на тоа ниво“.

Барнли последен пат играше во полуфиналето на овој Куп во 1983 година и тогаш загуби од Ливерпул 1:3. По победата над Чезли на пенали и сега над Арсенал, овој тим влегува со голем оптимизам во завршницата. „Секоја чест на моите соиграчи. Сите камери беа овде. Веројатно очекуваа изненадување“, изјави јунакот Јенсен.

Вчера во четврт-финалето играа и Ватфорд - Тотенхем и Манчестер јунајтед - Блекбурн.

Валенсија пред банкрот



Угледниот шпански прволигаш е пред финансиски бродолом. Доколку челниците на Валенсија не најдат дури 50 милиони евра до крајот на годинава, клубот ќе банкротира. Единствен спас за Валенсија, пишуваат шпанските медиуми е кредит. „Марка“ објави дека Валенсија, која шест пати беше шампион на Шпанија (последен пат 2004 година) води сериозни преговори со една бакна и дека најверојатно парите ќе ги добие. Инаку, Валенсија моментно гради ултрамодерен стадион со капацитет од 73.000 гледачи, кој би требало да биде готов пред сезоната 2009/2010.

Хунтелар, сепак, во Реал М. за 20 милиони евра



По неколкудневните деманти кои доаѓаа од Ајакс дека трансферот на напаѓачот Клас Јан Хунтелар во Реал М. е новинарска измислица и двата клуба потврдија дека од почетокот на 2009 година репрезентативецот на Холандија ќе биде нов „крал“.

Мадриѓаните за Хунтелар ќе мора да платат 20 милиони евра, но тој износ би можел да скокне до 27 милиони во зависност од успесите на Реал М. сезонава. „Хунтелар е наш играч. Сега ќе следат лекарските прегледи и ако се' биде в ред ќе го потпишеме договорот, кој ќе важи до 2013 година“, стои во соопштението на Реал М.

Инаку, Хунтелар во Ајакс заби 100 гола во 120 настапи, додека во репрезентацијата на 18 меча даде 10 гола.

Касилјас одбил 120 млн. евра од Сити за трансфер и 12 годишно за него



Голманот на Реал М. Икер Касилјас одбил да премине во Манчестер Сити, за што „кралскиот клуб“ би добил 120 милиони евра, а тој лично 12 милиони по сезона, што е двојно повеќе отколку што сега добива. Тоа го потврди неговиот менаџер Луис Гарсија Абад. „Да, точно е дека толку пари беа понудени. Но ќе ви кажам дека сега понудата е зголемена на 150 милиони за трансферот и 13 милиони годишно за него“, посочи Абад.


Статијата е прочитана 356 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Индијана ги сопре Лејкерси
Поевтинија влезниците во Охрид
Глигоров- Машки против Хрватска
Стартен пораз на ЕП што можеше да се избегне
Сензационален бод на Белорусија против Шведска
Се' тече, се' се менува, само ние тапкаме во место
Менаџерите во војна за Вашингтон