Вајдишова прва тенисерка во второто коло на Вимблдон
Осумнаесеттата носителка Никол Вајдишова од Чешка е првиот играч што се пласира во второто коло во Вимблдон по победата од 6-2, 6-2 над сонародничката Жужана Ондрашкова. Вајдишова, која во минатата година стигна до четврт-финалето, немаше никакви проблеми на теренот број 19 ни со противничката ни со жештината. Нејзина следна ривалка ќе биде Австралијката со вајлд карта Аманда Штосур, која со идентичен резултат славеше над Романката Јоана Ралука Олару.
Кинеската Ји Женг го однесе првиот скалп на носител на третиот Гренд слем турнир во сезоната, изненадувајќи ја 30-рангираната Доминика Цибулкова од Словачка со 6-4, 6-3, а Урсула Радванска од Полска беше подобра од Клара Закопалова од Чешка со 6-1, 6-4. |